За малите читатели

Магијата на приказните: Велигденска работилница со бувчињата од градинката Весели цветови

12.04.2023.
Магијата на приказните: Велигденска работилница со бувчињата од градинката Весели цветови

Инспирирани од пролетта и од велигденските празници, во веселиот амбиент на објектот „Кокиче“ на градинката ЈДГ „Весели цветови“ од Кисела Вода, денеска (12 април) се одржа креативна работилница. На настанот, кој е во рамките на кампањата „Магијата на приказните“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“, во фокус беа боенките Fingerprint Art. Дечињата од воспитната група „Бувчиња“ (3-4 год.) создадоа своја сликовница, цртајќи пролетни и велигденски илустрации, со отпечатоци од прсти. Уредничката од „Арс Ламина“, Марија Богоеска, им раскажа како настануваат сликовниците. Како од приказна или песна се создаваат книгите за деца. Како се прават илустрациите и како тие ја дополнуваат приказната во сликовниците...

Кампањата „Магијата на приказните“, која почна на втори април, на Светскиот ден на книгите за деца и ќе трае во текот на овој месец, е со цел да се истакне значењето на литературата за деца во растењето и едукацијата на најмладите. Во фокус се сликовници, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, од домашни автори и илустратори, кои со својот квалитет, концепт, визуелна и текстуална содржина ја збогатуваат македонската литература за деца. За време на деновите на литературата за деца се одржуваат повеќе активности, чијашто цел е да им ги доближат сликовниците на сите деца. Досега се одржаа неколку работилници со автори, илустратори и уредници на изданија за деца, наменети за раношколска и предшколска возраст.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.49 MB