Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Публицистика
- Популарна публицистика
- Историја
- Историјата и ние
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
Историјата и ние е книга составена од предавања на познатиот турски историчар и еден од најкомпетентните светски истражувачи на историјата на османлиската држава Илбер Ортајли, во која тој на разни интересни теми се осврнува на односот на поединецот и општеството кон сопственото минато. Иако во најголем дел темите се однесуваат на турскиот човек и на Турција како наследник на Османлиската Империја, речиси сите балкански народи, вклучително и ние, ќе се најдеме под лупата на ова препрочитување на заедничката историја.
Во ова дело Илбер Ортајли го допира и вечниот проблем на односите помеѓу Истокот и Западот, кои се генерално одбележени со конфронтација помеѓу исламот и христијанството, со наследените спорења помеѓу православието и католицизмот, но и со глобалниот судир помеѓу источната и западната цивилизација, чии застапници и огорчени бранители се Османлиската и Римската Империја.
За да ги објасни овие цивилизациски недоразбирања, Ортајли ја расветлува и заблудата околу Крстоносните војни, кои под превезот на ослободување на Христовиот гроб биле насочени против медитеранската култура и медитеранскиот концепт на соживот. Објаснувајќи го овој инсцениран судир помеѓу двете цивилизации, Ортајли ги објаснува и сегашните недоразбирања на релацијата Европска Унија и народите и етникумите од некогашната Османлиска Империја, но и некогашна и сегашна Русија, кои се дефакто физички жители на Европа, но не можат да станат членки на Унијата заради нивните „хипотеки“ од историјата.[:en]Историјата и ние е книга составена од предавања на познатиот турски историчар и еден од најкомпетентните светски истражувачи на историјата на османлиската држава Илбер Ортајли, во која тој на разни интересни теми се осврнува на односот на поединецот и општеството кон сопственото минато. Иако во најголем дел темите се однесуваат на турскиот човек и на Турција како наследник на Османлиската Империја, речиси сите балкански народи, вклучително и ние, ќе се најдеме под лупата на ова препрочитување на заедничката историја.Во ова дело Илбер Ортајли го допира и вечниот проблем на односите помеѓу Истокот и Западот, кои се генерално одбележени со конфронтација помеѓу исламот и христијанството, со наследените спорења помеѓу православието и католицизмот, но и со глобалниот судир помеѓу источната и западната цивилизација, чии застапници и огорчени бранители се Османлиската и Римската Империја.За да ги објасни овие цивилизациски недоразбирања, Ортајли ја расветлува и заблудата околу Крстоносните војни, кои под превезот на ослободување на Христовиот гроб биле насочени против медитеранската култура и медитеранскиот концепт на соживот. Објаснувајќи го овој инсцениран судир помеѓу двете цивилизации, Ортајли ги објаснува и сегашните недоразбирања на релацијата Европска Унија и народите и етникумите од некогашната Османлиска Империја, но и некогашна и сегашна Русија, кои се дефакто физички жители на Европа, но не можат да станат членки на Унијата заради нивните „хипотеки“ од историјата.
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Историја |
| Автор | Илбер Ортајли |
| Издавач | Алманах |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
| Година на објавување | 2018 |
| Број на страници | 246 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 2500 денари.
Слични производи
Историја
058422
Автор :
Кинга Нетман-Мултановска
Цена
800
МКД
12,94
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!