Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Литература
- Книжевност
- Книжевна теорија и критика
- Кон творештвото на Васил Тоциновски
Шифра на артикл: 068851
Баркод: 9786082533339
Автор:
Васил Дрвошанов
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
Содржината на книгата ја составуваат четиринаесет прилози, текстови и студии и обработуваат еден мал дел од импозантниот опус на Тоциновски. Проектот на Дрвошанов е поделен во три поглавја во кои системно и аналитички се разгледуваат и вреднуваат творечките резултати, естетските вредности од творечката лабораторија на почитуваниот поет, раскажувач, романсиер, автор за деца и млади, книжевен историчар и критичар, антологичар и преведувач.
Во двата текста на првиот циклус „Поетски интерпретации“ е разгледано поетското творештво со насловите „Затворен ковчег“, кој ја означува првата фаза на љубовна и споменична лирска читанка за детството и младоста, и втората фаза на нова поетика и естетика за „Некои златни времиња“ со филозофијата и мудроста на егзистенција на човекот и „векот“ на минливоста, бесмислата, апсурдот и парадоксот во забрзаниот и превртен 21-ви век.
Вториот циклус насловен „Книжевни толкувања“ е посветен на истражувањата и резултатите на Васил Тоциновски за традицијата и резултатите на македонската литература во 19 и 20 век, во кои посебно место и значење имаат дводомните автори кои со сопственото македонствување отвораат или поточно потврдуваат нови вистини за македонскиот идентитет и непокор.
Извонредно педантно и аналитички Васил Дрвошанов во „книжевни и публицистички расветлувања“ пишува за книгата „Коренот“, за монографскиот проект „Расказот на македонскиот 19 век“, додека во научните истражувања од втората половина на 19 век до денеска ги збогатува со нови истражувачки резултати во книгата „Предвесници“.
Како книжевен критичар и есеист е претставен, поточно вреднуван со книгата „Мост од ѕуница“. Македонските автори кои користат туѓојазичен исказ, а единствена и голема љубов им е татковината Македонија, се разгледувани во делата „Лов на елени“, „Златоусно слово“ и „Балкански вознеси“.
Како даровит автор и човек зналец Дрвошанов се потврдува и во завршниот циклус од книгата „Јазични анализи“ со хрватско-македонски паралели во кои се елаборирани книгата „Сушачко попладне“ и „Тело за грев“. Ги одвојуваме изразувањето на крвните сродници по нагорна линија, именувањето роднински односи, хрватските и македонските називи на сродници по брак, хрватски соматизми и нивните еквиваленти во македонскиот јазик.
Станува збор за вредно и ретко научно елаборирање на личноста и делото на Васил Тоциновски, а неговите 396 страници се читаат со интерес и леснотија како чудесна ука и поука. На нив е укажано и во завршните редови на предговорот. „Тоциновски зад себе остави и сѐ уште остава длабоки бразди во науката за книжевност и во уметничката книжевност. Овој труд не само што ги одбележува појавувањата на неговите книги, туку настојува и да ја протолкува стожерната творечка тежест во разгледуваните дела со намера да ги доосветли и да ги приближи до научната и до уметничката јавност за потемелно запознавање со дел од неговото творештво“.
Директно обраќајќи се до читателите запишува: „Вам, ви оставаме аманет самите да просудите за извонредните дела, создавани во творечката работилница на реномираниот творец и зналец проф. д-р Васил Тоциновски, кој го гради македонскиот континуитет и го дополнува македонското творештво со новооткриени дела, автори, културни настани и сл., притоа, ја заокружува нашата сознајба за нас и за нашите книжевни, културни и општествени врски со европските и другите народи, книжевности и култури, оставајќи цивилизациска трага во времето на нашето многувековно достоинствено опстојување на овие п
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Книжевна теорија и критика |
| Автор | Васил Дрвошанов |
| Издавач | Бата Прес |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 2500 денари.
Слични производи
Книжевна теорија и критика
067796
Автор :
Сузана В. Спасовска
Цена
400
МКД
6,47
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Книжевна теорија и критика
099593
Автор :
Алберто Мангел
Цена
550
МКД
8,90
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Книжевна теорија и критика
002143
Автор :
Владимир Мартиновски
Цена
250
МКД
4,05
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Книжевна теорија и критика
099049
Автор :
Татјана Срцева-Павловска
Цена
599
МКД
9,69
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Книжевна теорија и критика
098073
Автор :
Венко Андоновски
Цена
400
МКД
6,47
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Книжевна теорија и критика
097770
Автор :
Весна Томовска
Цена
400
МКД
6,47
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Книжевна теорија и критика
097629
Автор :
Блага Панева
Цена
600
МКД
9,71
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Книжевна теорија и критика
057367
Автор :
Милован Стефановски
Цена
300
МКД
4,85
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Книжевна теорија и критика
057260
Автор :
Јованка Денкова
Цена
360
МКД
5,83
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Книжевна теорија и критика
052812
Автор :
Иван Антоновски
Цена
350
МКД
5,66
EUR
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!