Градоначалникот на Хипнополис
Бегемот

Градоначалникот на Хипнополис

Шифра на артикл: 063928
ISBN: 9786084869962
Достапно веднаш
0 МКД
500 МКД
500 МКД
8,09 EUR
Заштеда: 0 МКД
Извести ме за попуст
  • NSZ
    *
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
Pomoć
Книгата „Градоначалникот на Хипнополис“ од нашите еминентни книжевни теоретичари и историчари на книжевноста, проф. д-р Лидија Капушевска-Дракулевска и проф. д-р Владимир Мартиновски, опфаќа компаративни студии, есеи и осврти за книжевното дело на еден од најзначајните македонски писатели, Влада Урошевиќ. Во оваа книга, авторите нудат свое автентично читање на прозното и поетското творештво на Урошевиќ преку една двојна перспектива. Имено, текстовите во книгата, од една страна, разјаснуваат некои од клучните аспекти на поетиката на Урошевиќ, а од друга страна, тоа е еден вид теориски дијалог за творештвото на авторот и меѓу Капушевска-Дракулевска и Мартиновски. Во книгата се анализирани и претставени некои од главните творечки преокупации на Влада Урошевиќ: сонот како неисцрпен поттик за создавање и креативно преобликување во литературата, идејата за поезијата како чин на игра и комбинација, опседнатоста со поетската слика и односот на авторот кон модерното сликарство, релациите меѓу творештвото на Урошевиќ и поетиката на надреализмот, автопоетичките согледувања за уметноста и умешноста на пишувањето поезија, жанровските елементи во неговите романи, како и различните теми опфатени во неговите кратки раскази. Станува збор за луцидна, акрибична, теориски внимателно напишана книга, во која освен што мошне прецизно се прикажани различните слоеви од опусот на Влада Урошевиќ, тие се анализирани и толкувани со еден вид поетска страст за неговото творештво. Затоа книгата ги надминува обичните стандарди на теориското истражување и навлегува во сферата на текст што се чита како еден вид „весела теорија“, текст во кој авторите го следат и својот дискурс го сообразуваат на пристапот и дискурсот на авторот за кој пишуваат. Владимир Јанковски
Карактеристика Вредност
Kатегорија Книжевна теорија и критика
Автор Лидија Капушевска-Дракулевска, Владимир Мартиновски
Издавач Бегемот
Јазик Македонски
Повез Мек повез
Година на објавување2024
Број на страници317

Уникатна услуга

Картичка за лојалност
Картичка за лојалност

Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.

 Бесплатна достава
Бесплатна достава

Бесплатна достава за нарачки над 1.500 денари.

Слични производи

Sačuvano u omiljne
Автор : Matthew Cordell
599 МКД
9,69 EUR
Sačuvano u omiljne
Автор : Norbert Wolf
799 МКД
12,93 EUR
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.12 MB