Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Литература
- Книжевност
- Македонска книжевност
- Речиси мајка
-
NSZ
*
Tel: +389 76 444 490
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Опис Дополнителни информации Коментари Младиот брачен пар Дина и Матеј го очекуваат првото дете и тоа ги прави неизмерно среќни. Среќата нараснува кога за првпат ќе ја видат и допрат ќерката. За три дена ќе бидат пуштени од болница и Дина конечно ќе почувствува што значи да се биде мајка. Дали е сè така едноставно или идиличната слика може да биде уништена со само еден погрешен потег? Што се случува со бракот и со семејството кога се ставени пред голем предизвик? Дали цврстата градба на овие заедници може да го издржи и најтешкиот товар? Психолошки трилер којшто отвора низа теми за загубата, психичкото здравје и за опстанувањето во неиздржливите моменти. Инспирирано од вистински настан што авторката лично го доживеала. Оваа приказна може да се случи секаде и во секое време, за жал, за некои настани, факторите место и време не играат никаква улога
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Македонска книжевност |
| Автор | Мери Арсова |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
| Број на страници | 290 |
Уникатна услуга
Бесплатна достава за нарачки над 2500 денари.