Ново migrirano

Епистемологија на злото од Димитар Христовски во издание на Арс Ламина

30.11.2022.
Епистемологија на злото од Димитар Христовски во издание на Арс Ламина

Новата книга „Епистемологија на злото“ од Димитар Христовски неодамна излезе од печат во издание на „Арс Ламина“.

Концептуализацијата на невидливиот свет е мотив по кој разумот се истакнува како основен изграден дел на човештвото: способноста и волноста да се спознае, согледа и објасни надворешниот свет, дури и кога е нераспознаен од петте сетила. Со тоа, овој мотив се одликува со двојна функција, бидејќи, покрај надворешниот свет, го отсликува и смисловниот процес кај потчинителот на подвигот – било на индивидуално, културно или универзално ниво.

„Епистемологија на злото“ е семантички поглед во двете насоки: кон когнитивните шеми со кои човекот ја распознава моралната димензија, како и кон моралната реалност (специфично моралниот јазик), чии особини наѕираат под индиректниот јазик во говорното наследство.

Ова научно дело во областа на семантиката ги истражува когнитивните врски помеѓу изворниот домен и доменот мета во три главни домени, преку примероци од развиениот корпус на англискиот јазик и нивните преводни еквиваленти во македонскиот.

Заклучоците на истражувањето даваат нови погледи во врска со јазичната апстрактност, когнитивната компатибилност помеѓу англиската и македонската изразна традиција и концептуалните и метаетичките импликации на индиректните морални изрази, претставени преку хуманистичкиот концептуален модел.

Концептуалниот модел и аналитичкиот метод овозможуваат понатамошни изучувања на невидливиот свет, односно неговата концептуализација во когнитивната реалност на говорното наследство, чиј доказ се наоѓа во неговото оформување, напредок и развој.

Книгата „Епистемологија на злото“ е достапна во поголемите книжарници.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.06 MB