Ново migrirano

Урнебесните книги Корнет Лизи во Шаренџам и Бибисек Втори од Велко Неделковски ќе ги насмеат децата до солзи

04.11.2022.
<strong>Урнебесните книги Корнет Лизи во Шаренџам и Бибисек Втори од Велко Неделковски ќе ги насмеат децата до солзи</strong>

Двете урнебесни книги за деца „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“, од реномираниот писател Велко Неделковски, деновиве излегоа од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Двете читанки се дел од едицијата „Лесно читливо“ и се наменети за сите деца кои сакаат да прочитаат книга плус, надвор од задолжителните листи со лектири.

„Корнет Лизи во Шаренџам“ е класично дело од Неделковски, кое ќе ги насмее младите читатели до солзи. Книгата претставува неизоставен дел од секоја детска библиотека. Ова е урнебесна приказна за необичниот патник Корнет Лизи, кој пристигна во кралството Шаренџам, се поклони пред кралот Клатимир Втори Кон Трети и потоа ги поведе него и неговата фантастична свита во низа возбудливи, интересни и многу смешни случувања. Настаните ќе завршат со свадба, но и неоткриена тајна. Корицата на ова издание е илустрирана од Анета Илиевска.

„Бибисек Втори“ е книга исполнета со возбудливи настани, авантури, неизвесност, но пред сѐ хумор и смеа. Ќе нѐ поведе низ бурни мориња, острови со чудни жители и ќе ве запознае со навидум опасни гусари, кои не се желни за злато и скапоцени камења, туку за песни и внимание.

Со ова дело Неделковски ни го открива својот раскошен талент за пишување и го зацврстува својот заслужен статус на еден од најзначајните македонски писатели на детски книги.

Велко Неделковски е македонски раскажувач, романсиер, драмски писател, поет и сценарист. Роден е на 28 октомври 1946 година, во Скопје. Работел во Македонската телевизија како драматург и сценарист. Член е на ДПМ од 1980 година. Добитник е на наградите: на РТВ Скопје за најдобра книга за деца, за најдобра детска книга на Струшките вечери на поезијата во 1986 година, наградата „Феникс“ на Град Скопје (за постигнувања во книжевноста) и на наградата за животно дело од Македонската радио-телевизија. Голем дел од своето литературно творештво им го посвети токму на децата. Важи за мошне плоден автор, чиишто дела од својата содржина и со стилските особености им се мошне блиски на најмладите. Во свето литературно творештво ги негува речиси сите литературни жанрови: расказ, сказна, роман, драмски текстови, поезија. Автор е и на низа сликовници за децата од градинките, како и романот-сликовница во десет книги „Зеленкапа во шумата Еколо“.

Негови литературни дела се збирките раскази: „Леб за тате“, „Како расте Пенчо“, „Срценца од ведро-а“, „Деници“; сказните „Пролетни авантури“, „Шоу под ведро небо“, „Чуденки со Тимитар Итар“, „Смеантури во Намќорец“, „Бибисек од Крампонија“, „Корнет Лизи во Шаренџам“; како и романите: „Симчо“, „Втората смена“, „Збунети години“ (објавена и во „135 тома македонска книжевност“), „Зборофон Тар-11“, „Дежурна приказна“, „Летачкиот човек Пеперут“, „Шармери од осмо“. Автор е и на стихозбирката „Шармантни песни“ и на поемата „Царче-Жарче“.

Има напишано шеесетина радиодрами за најмладите слушатели на Македонското радио (Радио Скопје). Дел од нив се преведени и снимени и во странство. Исто така, Неделковски е творец на триесет играни телевизиски серии за деца: „Саки од Саканија“, „Светот има осум страни“, „Царството на другарството“ и други, но и на сценаријата на три снимени краткометражни филмови. Пишува и за театарската сцена. Изведени се неговите театарски драми за најмладите „Ден за бегство“, „Бибисек од Крампонија“ и драматизацијата на романот на Ференц Молнар, „Децата од улицата Пал“.

Покрај „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“, издавачката куќа „Арс Ламина“ ги има објавено и „Збунети години“, „Шармери од осмо“ и „Симчо“, и романите за возрасни: „И не биди млад мајмун“ и „Песја прељуба“ и првата поетска збирка за возрасни „Тишината на зборот“.

Книгите „Корнет Лизи во Шаренџам“ и „Бибисек Втори“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14963

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14962

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.9 MB