Ново migrirano

Давор Панчевски: Чест ми е што го презентирав готвачот Најдоброто од македонската кујна пред дипломатите

23.07.2022.
Давор Панчевски: Чест ми е што го презентирав готвачот Најдоброто од македонската кујна пред дипломатите

Со подготовка на мекици и презентација на избор од традиционалните специјалитети, младиот готвач Давор Панчевски, познат како Dave’s kitchen, ја промовира својата книга „Најдоброто од македонската кујна“ пред првата дама г-ѓата Елизабета Ѓоргиевска и претставниците од дипломатскиот кор.

Настанот почна со презентација во живо – како се прават мекици. Панчевски го објасни процесот на подготовка на ова традиционално македонски јадење, објасни кога најчесто се пржат мекици и како обично се консумираат. Во продолжение, заедно со првата дама, направија коктел со домашен ликер од вишна.

Дипломатите имаа можност да се запознаат со содржината на книгата и со работата на Давор, како и со традиционалните специјалитети што тој ги подготви за оваа пригода: погача, вртена погача со спанаќ, банички (со сирење и праз), проја со сирење, ѓомлезе, пиперки со урда, летна манџа (со пиперки и домати), милиброд, коцки со мак, мафини со вишна, путер колачи, ванилици, пиварки, бомбици со јаболка и слатко од вишни.

– Ми претставува голема чест што имав можност да ја презентирам книгата „Најдоброто од македонската кујна“ и нашите традиционални рецепти пред претставниците од дипломатскиот кор. Почнав да готвам одамна, за да ги зачувам моите омилени рецепти, но оваа активност брзо се претвори во нешто што стана голем дел од мојот живот. Повеќето од моите рецепти се инспирирани од готвењето на баба ми и мајка ми и се направени со многу љубов и посветеност. Македонија изобилува со овошје и зеленчук кои се полни со вкус, па затоа ми е многу лесно да создадам вкусни, брзи оброци што не одземаат премногу време, но предизвикуваат насмевка на лицата на моите најблиски. Интересното за нашата храна е тоа што секој рецепт има своја приказна, различни начини на правење во зависност од регионот во кој е направена и лесно можете да видите колку малите разлики во готвењето го прават секое јадење посебно и автентично на свој начин – рече Давор, кој е домашен готвач и креатор на популарниот бренд за храна, Dave’s Kitchen.

Готвачот „Dave’s kitchen: Најдоброто од македонската кујна“ од Давор Панчевски, кој е во издание на „Арс Ламина“, излезе од печат во 2019 година, на македонски и на англиски јазик. Богато илустрираната книга содржи 125 едноставни и вкусни традиционални рецепти, на кои ќе се потсетат постарите генерации, а помладите ќе имаат можност да ги научат.

Низ страниците на овој готвач ќе најдете вкусни појадоци за секое семејство, богати десерти што ги одбележуваат сите родендени, празници и слави, јадења за заедничките неделни ручеци, зимници и разни прилози што се неизоставен дел од македонската кујна.

Целта на ова издание е да ги оживее рецептите што потекнуваат од ова поднебје, а кои се повеќе или помалку заборавени, претставени во модерно издание.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13486

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.08 MB