Ново migrirano

Кои беа најбарани изданија за деца во Литература.мк во јули?

19.08.2022.
Кои беа најбарани изданија за деца во Литература.мк во јули?

Летниот распуст е идеален период за читање лектири и други книги за кои учениците немаат време во текот на учебната година. Преку страниците на книгите младите читатели заминуваат на авантуристички и незаборавни патувања, запознаваат интересни личности и места, ја развиваат имагинацијата и љубовта кон читањето. Во книжарниците „Литература.мк“ минатиот месец најбарани изданија за деца и млади се лектирите и читанките од едицијата „Лесно читливо“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за поголем дел од листата на лектири за основно образование, одобрени од Министерството за образование и наука: „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен, „Петар Пан“ на Џејмс Метју Бари, „Збунети години“ од Велко Неделковски, „Дневникот на Ана Франк“,  „Басни“ од Езоп, „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт и други. Овие книги се изработени според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час. На топ 10 листата се и популарните пиши-бриши вежбанки за најмладите – „Животните од Австралија“ и  „Животните од Африка“, четирите сликовници од едицијата „Нови бајки од Македонија“ од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“, двата дела од  „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ и креативната папка „Шарени страници“.  Во продолжение проследете ја топ 10 листата со најбарани изданија за деца во книжарниците „Литература.мк“ во јули.

1. „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен

„Грдото пајче“ е една од најпопуларните и најубавите бајки од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која со генерации им се раскажува на децата ширум светот. Ова е трогателна приказна за пајчето кое е отфрлено од другите пајчиња и птици затоа што е грдо, па заминува во светот за да најде некој што ќе го сака… Својата најпознатата бајка Андерсен ја создал во 1843 година. Оттогаш важи за една од најзначајните приказни за деца, со силна порака и поттик за младите читатели. Оваа бајка претставува еден вид на биографска бајка, затоа што и самиот имал многу тежок живот. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“ и е направена по стандардите за дислексија. Таа е дел од лектирите за основно образование.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13531

2. „Петар Пан“ од Џејмс Метју Бари

Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне. Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина). Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука…

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13540

3. „Збунети години“ од Велко Неделковски, илустрации Здравко Гиров

Борче е осмоодделенец кој постојано ги задева и ги засмева девојчињата во училиштето. Симпатија му е Виолетка и преку Димитар, скромен седмоодделенец и нејзин соученик, ѝ праќа љубовни писма. Во неа е вљубен и Димитар, кој всушност ги пишува писмата во име на Борче. Различни во поглед на социјалниот статус, но и во однос на карактерот, сензибилитетот и физичкиот изглед, овие две момчиња ќе се обидат да го освојат девојчето со плетенки, црвени образи и со симпатична насмевка.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13498

4.„Басни“ од Езоп 

Басната е еден вид кратка поучна приказна во која главните ликови најчесто се животните или природните појави. Преку нив се прикажуваат разни меѓучовечки односи, различни судбини на луѓето, се исмеваат нивните слабости или се возвишуваат нивните добрини. Се смета дека првите басни ги создал Езоп пред многу векови. Оваа книга претставува избор од неговите најпопуларни басни.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13569

5. „Дневникот на Ана Франк“

„Дневникот на Ана Франк“ е исповед на едно еврејско девојче за време на Втората светска војна. За својот тринаесетти роденден Ана добива дневник, во кој на 14.6.1942 година ги запишува првите реченици. Но, набрзо семејството мора да избега и да се скрие во тајното засолниште во Амстердам, во кое ќе помине повеќе од две години криејќи се од нацистите. Во засолништето им се придружува и семејството Ван Дан, а подоцна и забарот Дусел. Таа во дневникот ги забележува животот, настаните и проблемите во засолништето, прикажувајќи ги и особините на неговите станари, што доаѓаат до израз при живеење во таквите околности. Ова е потресна приказна за трагично завршеното детство, приказна која низ призмата на невиното еврејско девојче ги отсликува ужасите на нацистичкиот режим за време на Втората светска војна.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13497

6. „Бакнежот на пролетта“ од Елизабета Баковска,  ил. Катерина Соколова 

Во една земја, на крајот од последната улица на едно гратче, во една малечка куќичка под еден рид, живееше едно девојче со баба си. Откако знаеше за себе, девојчето секое утро седеше покрај прозорецот и гледаше надвор. Во дворот пред куќичката сѐ беше бело, а голите гранки на дрвјата на ридот беа клапнати под тежината на снегот, зашто надвор секогаш беше зима... Ова е воведот во приказната во „Бакнежот на пролетта“ од писателката Елизабета Баковска, со илустрации на Катерина Соколова. Ова е една од четирите бајки (заедно со  „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“), кои се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, кои неодамна излегоа од печат во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи млади автори, кои имаа можност да ги пријават своите дела на отворениот конкурс што го распишаа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Веднаш по изборот на бајките беше распишан и отворен повик за дизајнери-илустратори кои ги работеа визуелните прикази на бајките, давајќи им целосно свеж и оригинален печат.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14914

7. „Сончевото момче Ил“ од Катерина Данаилова,  ил. Орце Нинески 

Сликовницата „Сончевото момче Ил“ со текст на Катерина Данаилова и илустрации од  Орце Нинески, е една од четирите бајки кои се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, што неодамна излезе од печат во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Долгобрадиот старец Арно, секое утро низ прозорецот на својата мала колиба ги набљудуваше бескрајните полиња насадени со сончогледи.  Им се восхитуваше на убавината и секогаш помислуваше дека тие се златен килим кој природата го ткаеше со семките што тој секоја пролет како сончева прашина ги расфрлаше со помош на ветерот.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14917

8. „Животните од Африка“ и „Животните од Австралија“

Интерактивните пиши-бриши вежбанки со маркер „Животните од Австралија“ и „Животните од Африка“ и минатиот месец се меѓу омилените изданијата за деца. Овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданијата се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на: https://bit.ly/3wZeHH4

9.  „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Вториот дел од книжињата со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ ќе предизвика искрена смеа (до солзи) и одлично расположение кај младите читатели. Добриот виц има моќ да ги смири подивените, занесените да ги натера да слушаат, а влечковците да побрзаат за да не испуштат здраво смеење. Вицовите можете да ги употребувате за да ги извлечете наутро спанковците да не задоцнат на училиште или за да промените несакана тема, да подобрите нечие расположение, па и да го заокружите денот насмеани. Такви се двете продолженија на „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“

Книгите „Ха, ха, ха… Да паднеш од смеење!“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на https://www.literatura.mk.

Прв дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13480

Втор дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14849

10. „Шарени страници“

 Папката со активности – „Шарени страници“ се состои од повеќе разновидни содржини, кои на вашето дете ќе му овозможат да ја зголеми својата концентрација, да ги подобри своите логички вештини и да ја развие својата креативност. Замислени како активности што се прават во тишина, овие шарени страници се практични при патување, на одмор или во кој било миг од денот кога детето сака мирна и индивидуална игра. Во оваа едиција се и „Сечи-лепи 1и 2“ и „Оригами“.

„Шарени страници“ и преостанатите изданија од оваа едиција се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на https://www.literatura.mk.

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13333

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.12 MB