Ново migrirano

Од печат излезе второто издание на романот Изгубена надеж од Колин Хувер

28.09.2022.
Од печат излезе второто издание на романот Изгубена надеж од Колин Хувер

По „Исповеди“, „Безнадежно“ и „Без Мерит“ од најпродаваната авторка на „Њујорк тајмс“ ‒ Колин Хувер, деновиве излезе од печат второ издание на романот „Изгубена надеж“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Изгубена надеж“ е дел од популарниот серијал „Безнадежно“ во кој се вклучени и романите: „Безнадежно“, „Мојата Пепелашка“ и „Совршенство“.

Во „Безнадежно“, Скај не остави ниту една тајна неоткопана, ниту едно чувство несподелено и ниту еден спомен заборавен, но минатото на Холдер остана мистерија. Прогонуван од малечкото девојче на кое му дозволи да замине, Холдер сиот свој живот го помина барајќи ја и во обид конечно да се ослободи од разорувачката вина што ја чувствува со години. Но, она што не можеше да го предвиди е дека во моментот кога повторно ќе се поврзат, ќе го преплави уште поголем бран каење...

Понекогаш, во животот, ако сакаме да продолжиме понатаму, прво мораме да копаме длабоко во нашето минато и да направиме промени. Во „Изгубена надеж“, авторката Хувер открива што се случува во главата на Холдер во сите безнадежни моменти – и дали ќе го најде мирот што толку очајно му е потребен.

Покрај книжевните хитови „Исповеди“, серијалот „Безнадежно“ и „Без Мерит“ од Колин Хувер, недамна беше објавен и романот „Лејла“.

Книгите од Колин Хувер се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн, преку https://www.literatura.mk, на следниот линк: https://literatura.mk/ListBooksByAuthor.aspx?aut=7028

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.88 MB