Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Публицистика
- Туризам и патување
- Монографии
- Завет за Македонија
Шифра на артикл: 067590
Баркод: 9786082430973
Автор:
Ставре Џиков
Достапно веднаш
-
NSZ
*
Количина: 1 Kom
2
1
Зачувај во листата на желби
ПОМОШ ПРИ КУПУВАЊЕ
За повеќе информации контактирај нѐ на:
Tel: +389 76 444 490
Работно време:
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
Пиши ни на:
Pomoć
Се соочуваме со автентични сведоштва од прва рака, зашто Џиков бил активен учесник во најважните настани од поновата македонска историја. Богато поткрепени со факти и со фотографии, неговите анализи, колумни и интервјуа (објавени од 2000 до 2014 година, период кога авторот бил на одговорни општествени функции како судија, државен јавен обвинител и адвокат) се возбудливи документи за едно вознемирено, брзо време што сите ние, граѓаните на Р Македонија, го доживеавме врз своите плеќи и души. Низ овој ракопис, обемен „мемоарски запис“, како што го именува авторот, среќаваме низа личности, случувања и ситуации што одиграле значајна улога во пресвртните години по осамостојувањето на државата.- проф. д-р Александар Прокопиев
Еден од тие храбри луѓе, несомнено, е Ставре Џиков. Кога многумина молчеа, кроткиот Ставре беше најгласен. Кога повеќето беа вткаени во масата, Ставре беше авангардата. И кога авангардата стана секојдневје, кога секој се приклучуваше кон неа, Ставре тивко се повлече. Но тој никогаш не ги напушти својата борба и долгот кон татковината, едноставно дејствуваше тивко, без да очекува почести и признанија. Остана да твори, да пркоси и да се соочува со предизвиците. – проф. д-р Никола Жежов, доц. д-р Теон Џинго
Мнозина денес, посебно помладите, не се свесни за тоа под кои услови, во кои околности и притисоци, со кои жртви и придонеси, овој народ воопшто опстојувал и опстоил. Џиков со оваа книга потсетува уште еднаш на сето тоа. Но тој има и една длабока порака: сета таа наша модерна историја да не се заборава. Напротив, да се проучува, да се прошируваат нејзиното знаење и познатост, да се извлекуваат поуки од нашите драми во минатото. Сосе овие драми, внатрешни и надворешни, што ги доживувавме и што сѐ уште ги доживуваме. Бидејќи тоа е сѐ уште историја во тек, недовршена историја, ние и овие генерации пред нас треба да ја довршиме таа историја. – проф. д-р Димитар Мирчев
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Монографии |
| Автор | Ставре Џиков |
| Издавач | Антолог |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
| Број на страници | 240 |
Уникатна услуга
Картичка за лојалност
Бесплатна достава
Бесплатна достава за нарачки над 2000 денари.
Слични производи
Монографии
051711
Автор :
Данило Коцевски
Цена
480
МКД
7,77
EUR
Заштеда
20%
600 МКД
Големина
NSZ
NSZ
Количина: 1
Спореди
(0)
Листата за споредба на производи е празна!