Блог

Монодрамата „Сите најубави нешта“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

12.04.2025.
Монодрамата „Сите најубави нешта“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“
Монодрамата „Сите најубави нешта“ во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

На 11 април, во петок навечер, просторот на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ пулсираше со емоции, смеа и тишина полна со значење. Во интимна атмосфера, пред публика која внимателно го следеше секој збор и движење, актерот Игор Ангелов настапи со монодрамата „Сите најубави нешта“, во режија на Дејан Пројковски.

Монодрамата „Сите најубави нешта“ од еден од најактуелните современи британски автори, Данкан Мекмилан,  претставува ведро и духовито патување низ животните лузни на еден човек, кој правејќи го списокот на сите најубави нешта за кои вреди да се живее, театарскиот простор го претвора во утроба од која се раѓа колективната надеж, простор каде што шлаканиците на животот, колективно се трансформираат во нежно милување и тивок шепот дека не сме сами во она што ни се случува, дека се имаме едни со други.

Запознавајќи ја публиката со неговото милениче, неговата најголема љубов, неговата фамилија, психичките проблеми на својата мајка и траумите кои доаѓаат со тоа, протагонистот го руши четвртиот ѕид на еден досетлив, скокотлив начин и почнува да ги меша реалноста и фикцијата, потенцирајќи дека сѐ убаво и сѐ лошо што ни се случува е природно, ни припаѓа еднакво на сите, суптилно прелевајќи го животот во театар и обратно.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Nov.
Филм
Светот на Хари Потер крие многу тајни, а секоја нова авантура открива уште еден дел од неговата волшебна историја.
07.
Nov.
Настани
Авторизираната биографија на Славе Димитров – „Чија си“ од Максим Ристески ќе биде промовирана на 12 ноември, во 19 часот, во „Литера...
06.
Nov.
Настани
„На местото на настанот“, првата книга на новинарот Александар Видиновски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Nov.
Акции
Со попусти до 90 % на повеќе од 20.000 производи, синџирот книжарници „Литература.мк“ од 3 до 30 ноември ќе ја реализира големата продажна акција...
01.
Nov.
Настани
Првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“, ќе биде промовирана на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, в...
01.
Nov.
Интервјуа
Со прашањето „Колку ме сакаш, мамо?“ започнува нежна приказна за љубовта, која не може да се измери, но може да се препознае во секојдневните мал...
01.
Nov.
Филм
Во романот „Сета светлина што не можеме да ја видиме“, американскиот писател Ентони Дор ги испреплетува судбините на две млади личности во Втора ...
31.
Oct.
Филм
„Тивкиот Американец“ од Греам Грин  е двослоен роман. Може да се чита како романса, но и како политичка драма.
29.
Oct.
Најнови изданија
„Арс Ламина“ ја објави „Букварка“, новата вежбанка наменета за учениците од прво одделение во деветгодишното основно образование.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.17 MB