Вести

Три книги на „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година

14.11.2026.
Три книги на „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година
Три книги на „Арс Ламина“ добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година

Три книги објавени од издавачката куќа „Арс Ламина“ се добитници на наградата „13 Ноември“ за 2026 година, што ја доделува Град Скопје. Признанието во областа на публицистиката и стручните книги му е доделено на проф. д-р Огнен Марина за книгата „The Skopje Project“, додека во областа на здравствената заштита е наградена творечката целина составена од книгите „Превентивна стоматологија“ и „Детска стоматологија“, дело на авторски тим од Катедрата за детска и превентивна стоматологија при Стоматолошкиот факултет во Скопје, предводен од проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска.

Наградите беа врачени на свечената церемонија што се одржа вчеравечер (13 ноември) во Националната опера и балет, по повод Денот на ослободувањето на Скопје.
Книгата „The Skopje Project“, објавена на англиски јазик, ја истражува обновата на Скопје по катастрофалниот земјотрес во 1963 година и нејзиното значење за светската архитектура и урбанизам. Изданието произлезе од истоимената меѓународна конференција одржана во 2023 година, по повод 60-годишнината од земјотресот и 110 години од раѓањето на архитектот Кензо Танге. Книгата го претставува Скопје како пример за меѓународна солидарност и визионерски урбан развој.

„Наградата ‘13 Ноември’ ја доживувам не само како признание за мојата научна и професионална работа, туку и како потврда на длабоката лична поврзаност со градот кој суштински го обликувал мојот живот и творештво“, истакна проф. д-р Огнен Марина. Тој посочува дека целта на книгата е повторно да се актуализира исклучителното значење што проектот за обновата на Скопје го имал за развојот на светската архитектура и урбанизам, но и да се поттикне критичко преиспитување на идеите и вредностите врз кои се развивал градот.

Изданијата „Превентивна стоматологија“ и „Детска стоматологија“ се резултат на повеќегодишна научна и стручна работа на авторски тим од Стоматолошкиот факултет при УКИМ, предводен од проф. д-р Елизабета Ѓоргиевска. Тие претставуваат меѓусебно поврзана целина што ја нагласува важноста на грижата за оралното здравје уште од најраната возраст, како основа за здрави навики и подобар квалитет на живот во сите животни периоди. Книгите претставуваат значаен придонес кон современата стоматолошка литература, наменета за студенти, стоматолози и здравствени професионалци. Пораката што ја пренесуваат е јасна: превенцијата е најдобриот третман, а навиките стекнати во детството се темел на здравјето во текот на целиот живот.

Овие признанија се уште една потврда за посветеноста на „Арс Ламина“ на објавувањето квалитетни изданија од областа на науката, културата и образованието. Во 2025 година, наградата му беше доделена на доајенот на македонското спортско новинарство и автор Зоран Михајлов за првата биографија посветена на животот и спортските успеси на Дарко Панчев. Во 2019 година, добитничка на наградата беше фотографката Ерина Богоева за монографијата „Скопје – Архитектурата како фотографска скулптура (1963–1990)“.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.23 MB