Акции

Автор во фокус – Класиците на Хемингвеј без кои не може да се замисли домашната библиотека на 30 % попуст

01.10.2025.
Автор во фокус – Класиците на Хемингвеј без кои не може да се замисли домашната библиотека на 30 % попуст
Автор во фокус – Класиците на Хемингвеј без кои не може да се замисли домашната библиотека на 30 % попуст

Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна гозба“ од нобеловецот Ернест Хемингвеј, без кои не може да се замисли домашната библиотека, оваа недела се уште подостапни за сите читатели. Сите што сакаат да ги збогатат своите домашни книжевни катчиња со овие книги, од 1 до 5 октомври може да ги набават со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“. Попустите на овие наслови од едицијата Современи класици во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе бидат достапни во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Со купен сет книги од авторот во фокус следува и подарок – ваучер за кафе во Café Literatura.

Неповторливиот раскажувач, новинар, спортист и боем, добитник на Нобеловата и на Пулицеровата награда за литература, е роден на 21 јули 1899 година во Оук Парк, предградие на Чикаго, како второ од шесте деца на Кларенс Едмондс и Грејс Хол Хемингвеј. Својата писателска кариера ја почнал во „Канзас сити стар“ во 1917 година, весник чиишто стилски упатства трајно влијаеле врз неговото концизно и јасно пишување.

За време на Првата светска војна служел како возач на брза помош за американскиот Црвен крст во Италија и бил сериозно ранет од шрапнел на само 18 години – искуство кое ќе остави силен белег врз неговата литература.

Во 1921 година, Хемингвеј се сели во Париз, каде што станува дел од книжевниот круг на Гертруда Стајн, Ф. Скот Фицџералд, Езра Паунд и Форд Медокс Форд. Неговата прва книга „Три раскази и десет песни“ е објавена во Париз во 1923 година, а по неа следува збирката „Во наше време“ (1925), што го одбележува и неговото американско деби. Со „Сонцето повторно изгрева“ (1926) станува гласот на „изгубената генерација“.

Во триесеттите години живеел во Ки Вест, а подоцна и на Куба, но патувал многу – во Шпанија, Италија и Африка. Неговата љубов кон авантурите довела до сафари-експедиции за лов на голем дивеч во Африка, риболов на Карибите и извештаи од воени зони. Своите искуства ги опишал во „Смрт во попладнето“ (1932) и „Зелените ридови на Африка“ (1935). Подоцна известувал од Шпанската граѓанска војна, што ќе стане основа за „За кого бијат камбаните“ (1939), а бил и сведок на Втората светска војна.

 

Во 1953 година за „Старецот и морето“ ја добива Пулицеровата награда, а веќе следната година – Нобеловата награда за литература, за своето мајсторство во раскажувањето кое силно влијаело врз современата книжевност.

Познат по бурниот приватен живот, Хемингвеј бил во брак четири пати: со Хадли Ричардсон, Полин Фајфер, Марта Гелхорн и Мери Велш. Неговите лични искуства и турбулентни односи често се одразувале во неговото творештво.

Хемингвеј живеел на повеќе места низ светот – Париз, Ки Вест, Куба, а последните години од животот ги поминал во Ајдахо. Во 1954 година преживеал две последователни авионски несреќи во Африка, што значително придонеле за неговото здравствено влошување. Починал на 2 јули 1961 година во Кечум, Ајдахо, оставајќи зад себе огромно книжевно наследство.

Негови значајни дела се и „Брзаци на пролетта“ (1926), „Победникот не зема ништо“ (1933), „Да имаш и да немаш“ (1937), „Петтата колона и првите четириесет и девет раскази“ (1938), „Преку реката и во шумата“ (1950), како и постхумно објавените „Подвижна гозба“ (1964), „Острови во струјата“ (1970), „Опасно лето“ (1985) и „Рајската градина“ (1986).

Покрај „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна гозба“, „Арс Ламина“ го има објавено и романот „Старецот и морето“ како лектирно издание.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 300 МКД
4,85 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 550 МКД
8,90 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

30.
Oct.
Акции
Со попусти до 90 %, „Литература.мк“ во ноември ќе ја реализира најголемата акција Black Friday досега – што ќе трае цел месец, затоа што ед...
22.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 22 до 26 октомври, книгите за Арсен Лупен од Морис Леблан ќе бидат достапни со 30 % попуст во сите кн...
15.
Oct.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, читателите имаат можност да ги откријат делата на еден од најпродаваните современи британски автори на и...
08.
Oct.
Акции
Од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници н...
24.
Sep.
Акции
Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светски...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
10.
Sep.
Акции
Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор в...
03.
Sep.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 3 до 7 септември, книгите од Харлан Кобен – „Бегај“, „Момчето од шумата&ldquo...
27.
Aug.
Акции
Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк.
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.2 MB