Акции

Автор во фокус – Артур Конан Дојл: Елементарно, Шерлок!

08.10.2025.
Автор во фокус – Артур Конан Дојл: Елементарно, Шерлок!
Автор во фокус – Артур Конан Дојл: Елементарно, Шерлок!

„Елементарно, драг мој Вотсоне!“ – иако оваа фраза никогаш не е запишана во книгите на Артур Конан Дојл, таа е симбол на најславниот детектив во книжевноста – Шерлок Холмс. Создаден во 1887 година, Холмс со својот остар ум, логика и уникатен карактер веќе повеќе од еден век ја плени публиката и инспирира стотици филмови, серии и адаптации.

Сега имате можност повторно да се нурнете во светот на мистериите на Холмс, бидејќи од 8 до 12 октомври делата на Артур Конан Дојл се достапни со 30 % попуст во рамките на акцијата „Автор во фокус“, која важи во сите книжарници на Литература.мк и онлајн на www.literatura.mk.

Станува збор за книгите: „Авантурите на Шерлок Холмс“, „Баскервилскиот пес“, „Студија во скарлетна боја“, „Пред да падне завесата“, „Мемоарите на Шерлок Холмс“, „Знакот на четворката“, „Враќањето на Шерлок Холмс“, „Архивата на Шерлок Холмс“, „Долината на стравот“ – сите во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Со купен сет од книгите на Конан Дојл добивате и подарок – ваучер за кафе во Café Literatura.

Артур Конан Дојл (22 мај 1859 – 7 јули 1930) е шкотски писател и лекар, најпознат како творец на најславниот детектив во литературата – Шерлок Холмс. Покрај детективските приказни, Дојл пишувал историски романи, научна фантастика, поезија и драми, но светската слава ја стекнал токму преку случаите на Холмс. Од 1876 до 1881 година, додека студирал медицина на Универзитетот во Единбург, почнал со пишување раскази. Првиот расказ го објавил на 20-годишна возраст во весникот „Чемберс Единбург журналс“. Работел како лекар на брод што се движел до западна Африка. Во 1882 година отворил мала амбуланта со неговиот партнер и пријател Џорџ Бад, но соработката се покажала неуспешна и набрзо се прекинала. Затоа, Конан Дојл решил сам да отвори мала клиника во Саутси. Додека работел во својата не толку успешна работа, тој повторно почнал со пишување раскази. Негово прво позначајно дело било „Студија во скарлетна боја“, каде што по првпат се појавува ликот на Шерлок Холмс.

Конан Дојл ја напишал приказната за Холмс кога имал 27 години, и тоа само за три недели. Како инспирација за создавање на ликот на Шерлок му послужил неговиот професор од факултет, Џозеф Бел, кој можел само со еден поглед да им ја дијагностицира болеста на пациентите. Подоцна, кога Радјард Киплинг му честитал на Дојл за успехот на неговиот јунак, го прашал дали се работи за неговиот стар пријател доктор Џо? Големо влијание во креирање на ликот на детективот има и фиктивниот детектив Август Дупин, кој се појавува во две новели на Едгар Алан По. Ракописот „Студија во скарлетна боја“ бил одбиен од многу издавачи, додека на крајот не го прифатила една мала издавачка куќа, која дотогаш објавувала книги за кулинарство и домаќинство. Тиражот не поминал добро, а набрзо паднал и во заборав. Артур Конан Дојл напишал 56 кратки приказни, а објавил шест книги за Шерлок. Конан Дојл толку се заситил од својот јунак, што во „The Final Problem“ го „убил“ Шерлок, но поради огромниот притисок на јавноста морал да го врати во живот. Холмс е книжевниот лик со најмногу филмски адаптации – се појавува во над 230 филмови, од 1900 година па наваму.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
360 МКД
5,83 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

01.
Oct.
Акции
Современите класици „Снеговите на Килиманџаро“, „За кого бијат камбаните“, „Сонцето повторно изгрева“ и „Подвижна г...
24.
Sep.
Акции
Со еден од најпознатите современи светски писатели, Милан Кундера, ја продолжуваме нашата акција „Автор во фокус“, со која ги доближуваме светски...
17.
Sep.
Акции
Оваа неделата фокусот го насочуваме кон кралот на хоророт, Стивен Кинг, кој на 21 септември ќе го прослави својот 78. роденден. 
10.
Sep.
Акции
Во очекување на 15 септември, кога светот одбележува 135 години од раѓањето на Агата Кристи, „Литература.мк“ ја посветува акцијата „Автор в...
03.
Sep.
Акции
Во рамките на акцијата „Автор во фокус“, од 3 до 7 септември, книгите од Харлан Кобен – „Бегај“, „Момчето од шумата&ldquo...
27.
Aug.
Акции
Една од најпопуларните и најчитани писателки на современа романса – Колин Хувер, е авторка во фокус од 27 до 31 август во Литература.мк.
20.
Aug.
Акции
Луси Фоли веќе е добро познато име во книжевните кругови, постигнувајќи светски успех со своите крими-трилери „Списокот со гости“, „На лов&...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ подготви специјална понуда со попусти до 65 %, како и подароци за купени...
30.
Jul.
Акции
Од 30 јули до 3 август, насловите од славната американска писателка Тејлор Џенкинс Рид се достапни со 30 % попуст, во сите книжарници на Литература.мк и онла...
27.
Mar.
Акции
По повод Светскиот ден на литературата за деца, кој се одбележува на 2 април, „Литература.мк“ ја најавува специјалната акција „Повеќе магич...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.93 MB