Музика

Го одбележуваме Светскиот ден на пијаното со книги во ритам на музиката

28.03.2024.
Го одбележуваме Светскиот ден на пијаното со книги во ритам на музиката
Го одбележуваме Светскиот ден на пијаното со книги во ритам на музиката

Светскиот ден на пијаното се одбележува секоја година на 88-от ден во годината, симболично поради бројот на копчињата на овој музичкиот инструмент, кои се 88. Овој ден се слави за да се истакне убавината, разновидноста и културното значење на еден од најомилените инструменти. Овој ден дава можност да се препознае богатото наследство на пијаното и неговата континуирана присутност и актуелност кај сите генерации и различните култури.

Идејата зад прославувањето на Светскиот ден на пијаното е да се прослави пијаното и радоста што ја носи во животите на љубителите на музиката. Светскиот ден на пијаното беше официјално воспоставен во 2015 година. Се одбележува како одраз на можност за промовирање на музичкото образование и пристапност, охрабрувајќи ги луѓето од сите возрасти и потекла да учат и да ја ценат уметноста на свирење пијано.

Пијаното и музиката често се инспирација за книжевноста. Многу познати наслови произлегле од оваа синергија меѓу двете уметности. Разликата меѓу музиката и книгите, како што има кажано познатиот британски книжевник К. С. Луис, „е иста разлика како меѓу пријателството и љубовта. Едното е мирно и лесно те прави среќен, а другото е некакво лудило. Ние го поседуваме едниот, а другиот нè поседува нас“.

Во богатата понуда на изданија на книжарниците „Литература.мк“ се застапени голем број едукативни и стручни публикации, кои навлегуваат во магичниот свет на пијаното, доловувајќи ги сите аспекти на инструментот што ја воодушевува публиката и ги инспирира креативците. Меѓу книгите, што го следат тактот на пијаното се „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ и „Пијанистика 2“ од м-р Дирона Соколовска (изданија на „Арс Ламина“), како и „Пиеси за пијано 1, 2 и 3“ од Снежана Атанасова Чадиковска. Со овие дела го одбележуваме Светскиот ден на пијаното, кој оваа година е на 28 март.

Во продолжение прочитајте повеќе за изданијата посветени на пијаното.

„Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска

Публикацијата „Пијанистика 1: Основи на музичката писменост за пијано“ на м-р Дирона Соколовска претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретација на музичкиот инструмент пијано, наменето пред сè за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование. Книгата преку оригинален метод и интегрирани содржини од сродни подрачја (историја на музиката и теорија на музиката) на корисниците без и со претходно музичко образование ќе им овозможи системско и темелно совладување на вештината за свирење на пијано и запознавање со богат репертоар на национална и светска музичка литература. Во книгата, освен теориските содржини, содржани се и нотни партитури од композиции за свирење на пијано со две раце.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk

https://www.literatura.mk/priracnici/31795-pijanistika-1-osnovi-na-muzickata-pismenost-za-pijano

„Пијанистика 2: Основи на музичката писменост за пијано“ од м-р Дирона Соколовска

Изданието „Пијанистика 2: Основи на музичка писменост за пијано“ претставува учебно помагало за целосно изучување на техниката на интерпретацијата на музичкиот инструмент пијано. Книгата е продолжение на „Пијанистика 1“ и е наменета, пред сè, за возрасни почетници, вклучително и учениците во средните музички училишта кои немаат претходно музичко образование.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk

https://www.literatura.mk/priracnici/44738-pijanistika-2-osnovi-na-muzickata-pismenost-za-pijano

„Пиеси за пијано 1: Барок и класика“

Публикацијата „Пиеси за пијано – барок и класика“, избор и уредување на м-р Снежана Анастасова Чадиковска, е дел од едицијата Compendium Musicum на Музичкиот издавачки центар од Скопје, што има цел да претстави значајни стилски периоди низ нотен запис во македонската јавност. Изданието претставува мал дел од два исклучително значајни периоди во развојот на европската музичко-пијанистичка култура преку нотен запис, со што има цел да ја поддржи наставата по инструментот пијано на музичко-образовните институции, како и да им овозможи олеснет пристап кон вистинските бисери во пијано-литературата дури и на оние што аматерски се занимаваат со пијаното. Оваа книга е прва во низата од три книги за пијаното посветени, освен на барокот и класиката, и на музиката за пијано од времето на романтизмот и на дваесеттиот и дваесет и првиот век.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk

https://www.literatura.mk/muzicka-umetnost/29507-piesi-za-pijano-1-barok-i-klasika

„Пиеси за пијано 2 и 3, романтизам и импресионизам “

„Пиеси за пијано 2 и 3, романтизам и импресионизам“ од Снежана Анастасова Чадиковска и Стојанчо Баковски се дел од едицијата Compendium Musicum на Музичкиот издавачки центар од Скопје. Целта на изданијата е да им овозможат на учениците по пијано на сите степени на образование да се запознаат барем со еден мал дел од музиката на романтизмот и импресионизмот, како и да им послужи на сите оние за кои изведбата на пијано е своевидно духовно задоволство. Постапноста на усложнување на пијанистичката фактура и музичката содржина на делата ги разоткрива можностите на овој зборник во смисла на практичен прирачник во процесот на изучување на инструментот пијано и музиката воопшто. Ценејќи го недостатокот од литература посветена на историјата на музиката кај нас, како и непостоењето на македонски музички речник, кон нотните записи на делата се додадени записи за стиловите, белешки за самите композитори, како и мал толковен речник, што го прави ова издание прво од ваков вид кај нас. Изборот на пиесите и уредувањето го направија м-р Снежана Анастасова Чадиковска и м-р Стојанчо Баковски, а компјутерската нотографија ја изработија Марко Коловски и Јана Бојовиќ.

Изданијата се достапни во книжарниците на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk

https://www.literatura.mk/muzicka-umetnost/18154-piesi-za-pijano-2br-romantizam-i-impresionizam-kn-1

https://www.literatura.mk/muzicka-umetnost/18155-piesi-za-pijano-3br-romantizam-i-impresionizam-kn-1

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
400 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
400 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
590 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
590 МКД
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
590 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.36 MB