Ново

Доделени наградите за најдобрите литературни и ликовни дела на конкурсот „Читањето е супермоќ“ во организација на „Арс Ламина“

19.06.2023.
Доделени наградите за најдобрите литературни и ликовни дела на конкурсот „Читањето е супермоќ“ во организација на „Арс Ламина“

Во разиграна атмосфера, во присуство на многубројни деца и нивните родители, во саботата (17 јуни), во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ во Скопје, беа наградени најдобрите ученици на конкурсот „Читањето е супермоќ“, во организација на издавачката куќа „Арс Ламина“. На завршниот настан на истоимената кампања, за оваа учебна година, настапија талентираните ученици од неколку скопски основни училишта: ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, ОУ „Лазо Ангеловски“, ООУ „Александар Македонски“ и ООУ „Дане Крапчев“ со музичко-танцови и драмски изведби. Присутните се забавуваа и на ексклузивниот настап на детскиот фестивал „Поточиња“. За време на настанот познатата илустраторка на книги за деца, Калиопи Трпчева, нацрта цртежи инспирирани од кампањата „Читањето е супермоќ“, поттикнувајќи ги учениците да ги раскажуваат приказните и преку цртеж.

 

Целите на кампањата „Читањето е супермоќ“, што издавачката куќа „Арс Ламина“ ја спроведува веќе петта година по ред, се поттикнување на читањето и унапредување на читачките вештини, подигнување на јавната свест за значењето на читањето од најмала возраст, негување на мајчиниот јазик, поддршка на децата со тешкотии во читањето и друго.

Оваа година, во соработка со скопските општини, „Арс Ламина“ организира серија едукативни презентации за претставниците на основните училишта (директорите, библиотекарите и наставниците) како поддршка на наставната програма со понуда на конкретни методи, алатки и стратегии за поттикнување на читањето. Во рамките на оваа соработка со општините, „Арс Ламина“ донира вкупно 5.800 книги, односно по сто книги (лектири, лектирни читанки, збирки, вежбанки и нагледни средства) во библиотеките на 58 скопски училишта, кои се вклучија во кампањата.

Во фокусот на настанот беше доделувањето на наградите на литературниот и ликовен конкурс „Читањето е супермоќ“, што беше спроведен во основните училишта во целата држава. На е-адресата на „Арс Ламина“ пристигнаа 150 литературни и 330 ликовни творби од ученици од прво до деветто одделение.

Најпрвин беа доделени признанијата за најуспешните во ликовниот дел, за кои одлучи стручното жири во состав: Калиопи Трпчева (илустраторка и академски сликар), Тони Шулајковски (академски сликар и ликовен педагог), Анета Илиевска (графичка дизајнерка во „Поинтер“) и Ана Несторовска-Саздовска (уредничка на списанијата за ученици „Прв детски клик“ и „Детски клик“).

Во категоријата за ученици од прво до петто одделение беа доделени една прва и по две втори и две трети места:

1 награда: Александра Шуканова, 4-a одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Охрид, ментор Валентина Кузманоска

2 награда: Даниела Воденичарова, 3-б одд., ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес, ментор Мирјана Стојанова

2 награда: Теа Јано, 2-в одд., ООУ „Мире Ацев“, Ѓорче Петров, Скопје, ментор Александра С. Јовановска, Марија Цветановска

3 награда: Аце Тушев, 1-а одд., ООУ „Герас Цунев“, с. Просениково, ментор Јасминка Почевалиева

3 награда: Јана Ефремовска, 5 одд., ОУ „Санде Штерјоски“, Кичево, ментор Цветанка Србиноска

Во категоријата од шесто до деветто одделение наградите ги добија:

1 награда: Андреа Ристовска, 7-1 одд., ПОУ „Александар Здравковски“, општина Јегуновце, Тетово, ментор Татјана Маркоска

2 награда: Теодора Давитковска, 7-5 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово, ментор Далибор Јовановски

3 награда: Мила Јакимовска, 7-5 одд., ООУ „Кочо Рацин“, Куманово, ментор Далибор Јовановски

3 награда: Нела Апостоловска, 9-в одд., ООУ „Магдалена Антова“, Куманово, ментор Симона Димковиќ

3 награда: Александра Томовска, 7-1 одд., ОУ „Кочо Рацин“, Куманово, ментор Далибор Јовановски

Во литературниот дел за најдобрите одлучи стручното жири: Горјан Петревски (писател за деца), Анета Велкоска (библиотекарка, наставничка, писателка), Татјана Димовска-Атанасова (уредничка во „Арс Ламина“) и Марија Богоеска (уредничка на изданија за деца и списанија).

Од прво до петто одделение за најдобри во литературниот дел се прогласени:

1 награда: Катја Вујовиќ, 5-3 одд., ОУ „Лазо Ангеловски“, Скопје, ментор Лидија Божиноска

2 награда: Ведран Веселиновски, 2-б одд., ООУ „Невена Георгиева-Дуња“, Скопје, ментори Вера Крстевска и Зорица Атанасовски

2 награда: Ведрана Тодоровска, 4-б одд., ООУ „Св. Кирил и Методиј“, Велес, ментор Сузана Павловска

3 награда: Никола Донев, 5-2 одд., ООУ „Кузман Шапкарев“, Драчево, ментор Марија Смилева

3 награда: Кристина Тодороска, ООУ „Живко Чинго“, с. Велгошти, Охрид, ментор Никола Дафинчески

3 награда: Кристина Стојческа, 5-3 одд., ООУ „Гоце Делчев“, Тетово, ментор Соња Трифуновска

Од шесто до деветто одделение наградени се учениците:

1 награда: Каја Хоџиќ, 8-а одд., ООУ „Григор Прличев“, Скопје, ментор Татјана Силјаноска-Гочкова

2 награда: Саша Исјановски, 9-а одд., ООУ „Григор Прличев“, Скопје, ментор Eлена Тасевска

2 награда: Бисера Неделкоска, 6-1 одд., ООУ „Вера Јоциќ“, Скопје, ментор Јасминка Трајковиќ

2 награда: Давид Симитчиев, 6-а одд., ООУ „Димче Ангелов Габерот“, Демир Капија, ментор Весна Јовановиќ

3 награда: Луна Тодоровска, 6-1 одд., ООУ „Јоаким Кочовски“, Крива Паланка, менторЛила Тодоровска

3 награда: Силвана Карагошева, 7 одд., ООУ „Кирил и Методиј“, с. Стојаково, Богданци, ментор Тодорка Карамичева

3 награда: Исидора Исјановски, 8-б одд., ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје, ментор Елизабета Теодосиевска

На настанот беа врачени и пофалници за финалистите на конкурсот, дипломи за менторите, како и благодарници за сите што го поддржаа настанот во „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“.

Во продолжение се имињата на сите ученици и нивните ментори кои добија пофалници:

ПОФАЛЕНИ – ЛИКОВЕН ДЕЛ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Мила Маринова, 2-1 одд., ООУ „Св. Климент Охридски“, Битола, ментор Елена Угарчева

Дамјан Димитријовски, 3-6 одд., ООУ „Тодор Ангелевски“, Битола, ментор Гордана Георгиевска

Викторија Антеска, 5 одд., ОУ „Санде Штерјоски“, Кичево, ментор Цветанка Србиноска

Давид Атанасовски, 2-2 одд., ОУ „Коле Канински“, Битола

Јана Митровиќ, 4-1 одд., ООУ „Блаже Конески“, Скопје, ментор Јадранка Клисарова

Јелена Зотовиќ,2-г одд., ООУ „Киро Глигоров“, Скопје, ментори Инека Мостерман и Ирена Миноска

Јован Николов,5-1 одд., ООУ „Васил Главинов“, Велес, ментор Катерина Ѓорѓиева

‪‪‪Љубица Станоева, 2-2 одд., ООУ „Петар Поп Арсов“, Скопје, ментори Зденка Митреска и Катерина Велковска

Мила Богдан, 4-2 одд., ООУ „11 Октомври“, Скопје, ментор Весна Недановска

Мила Ѓорѓиева, 5-2 одд., ОУ „Братство“, Скопје, ментор Вита Трајчевска

ПОФАЛЕНИ – ЛИКОВЕН ДЕЛ ОД ШЕСТО ДО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Марија Димитрова, 9-б одд., ООУ „Димче А. Габерот“, Демир Капија, ментор Валентина Вучиниќ

Анастасија Јовановска, 7-1 одд., ПОУ „Александар Здравковски“, општина Јегуновце, Тетово, ментор Татјана Маркоска

Мелек Адилоска Таири, 7 одд., ООУ „Санде Штерјоски“, Кичево, ментор Наталија Спасеноска

Нина Крстевска, 7-1 одд., ОУ „Кочо Рацин“, Куманово, ментор Далибор Јовановски

Сара Атанасова, 8-б одд., ОУ „Јан Амос Коменски“, Скопје, ментор Викторија Егорова

ПОФАЛЕНИ – ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД ПРВО ДО ПЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Ерда Алили, 4-2 одд., ОУ „Ибрахим Темо“, с. Стримница, општина Желино, Тетово, ментор Живана Ѓорѓевска-Јовановска

Лана Марков, 3-б одд., ОУ „Мирче Ацев“, Ѓорче Петров, Скопје, ментори Маријана А. Маневска и Марија Пацаноска

Лена Вујовиќ, 3-1 одд., ОУ „Лазо Ангеловски“, Скопје, ментори Весна Мирческа и Екатерина Геговска

Михаела Симоноска, 2-г одд., ООУ „Киро Глигоров“, Центар, Скопје, ментори Инека Мостерман и Ирена Миноска

Софија Бабамова, 3-а одд., ОУ „Војдан Чернодрински“, Скопје

ПОФАЛЕНИ – ЛИТЕРАТУРЕН ДЕЛ ОД ШЕСТО ДО ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

Анмша Агушева, 8-3 одд., ООУ „Маршал Тито“, Струмица, мeнтор Марија Челебиева

Ива Тодороска, 7-5 одд., ООУ „Васил Главинов“, Велес, ментор Каролина Попова

Ивана Цветаноска, 8-4 одд., ООУ „Лазо Ангеловски“, Скопје, менторКостадинка Поповска

Лара Станчева,8-а одд., ООУ „Лазо Трповски“, Скопје, ментор Елена Тодоровска

Миа Јаневска, 9-б одд., ООУ „Рајко Жинзифов“, н. Драчево, Скопје, ментор Љуба Мишевска

Неда Јосифоски, 8-б одд., ООУ „Јан Амос Коменски“, Скопје, ментор Елизабета Теодосиевска

Трајче Бансколиев, 9 одд., ООУ „Видое Подгорец“, Колешино, ментор Марија Брндевска

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

03.
Jul.
Вести
Славниот писател Франц Кафка е роден на денешен ден – 3 јули 1883 година, во Прага, а починал на 3 јуни 1924 година.
20.
Jun.
Акции
Под мотото „Читај каде и да си!“, „Литература.мк“ ја започнува летната продажна акција со попусти до 50% на внимателно селектирани из...
19.
Jun.
Ново
Околу седум часот попладне, по надреалистичен спој на жешките сончеви зраци и пороен дожд, Скопје вчера (19 јуни) го пречека омилениот струшки писател и слик...
10.
Jun.
Вести
Романот-басма на писателката Оливера Ќорвезироска, „Три Марии“ (Арс Либрис, дел од Арс Ламина – публикации), е годинашниот добитник на нагр...
05.
Jun.
Најнови изданија
„Околу три по полноќ“ е многу нешта: хибридна проза, експериментален роман, несекојдневен дневник... прегратка меѓу текстуалното и визуелното, ме...
04.
Jun.
Ново
Оливера Ќорвезироска и илустраторката Наталија Лукомска соработуваат на уште едно исклучително издание за деца – новата сликовница „Зорки и Цветк...
02.
Jun.
Акции
Од 1 јуни, Литература.мк ја започна својата голема акција на лектири и читанки во издание на „Арс Ламина“.
24.
May.
Ново
„Тајната книга на Флора Лиа“ од Пати Калахан Хенри — роман кој не води на емотивно патување низ тагата, вината и трагањето по изгубеното.
21.
May.
Акции
Од 21 до 31 мај, Литература.мк ти нуди посебна онлајн акција со до 50% попуст на избрани производи кои се совршени за твојот „момент за себе“.
08.
May.
Ново
Литература.мк ви подготви попуст до 80% на внимателно одбрани наслови што ќе го разубават вашето време.
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.73 MB