Ново

Онлајн-промоција на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

23.06.2023.
Онлајн-промоција на романот „Приказна за духовите“ од Лаура Фројденталер

Романот „Приказна за духовите“ од австриската писателка Лаура Фројденталер ќе биде претставен со онлајн-промоција на 27 јуни (вторник), во 19 часот, на фејсбук-страницата на „Арс Ламина“. На промоцијата, покрај авторката Фројденталер, ќе зборуваат и уредничката на книгата Бисера Бендевска и Ксенија Чочкова, која го преведе романот од германски јазик.

„Приказна за духовите“, која е добитник на наградата на Европската унија во 2019 година, е еден од романите за кои на конкурс во организација на „Арс Ламина“ се избираше дизајн за корици за новата едиција „Порта Европа“. За победничко решение е избрано она на Лара Маринковиќ.

Лаура Фројденталер е родена во 1984 година во Салцбург. Студира германски јазик и литература, филозофија и родови студии. Живее во Виена. Нејзините раскази „Черепот на Медлин“ се објавени во 2014 година. За романот „Кралицата молчи“ ја добива книжевната награда на градот Бремен во 2018 година, а романот добива препорака за најдобро прозно дебитантско остварување од Германија на фестивалот за дебитантски романи во Шамбери во 2018 година. Следната година, Фројденталер го објавува својот втор роман, „Приказна за духовите“, за кој ја добива Европската награда за литература истата година.

Што ако во вашиот живот одненадеж се отвори празнина? Ова е прашањето што Лаура Фројденталер го поставува во нејзиниот втор роман „Приказна за духовите“.

Главниот лик Ан, средовечна професорка по клавир, одлучува да земе слободна година и да се посвети на свирењето и подготвувањето учебник за нејзината настава. Таа е мажена за Томас, со кого е во брак дваесет години. Токму кога се чини дека непречено ќе може да им се посвети на нештата што ги сака, Ан ја опседнуваат немири. Томас сè почесто е отсутен од домот, веќе извесно време престојуваат во различни соби и сè поретко разговараат. Постепено, слободното време се претвора во тесен затвор за Ан, во кој почнуваат да се вселуваат звуци и привиденија што целосно ја обземаат и ја измачуваат.

Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

08.
Oct.
Најнови изданија
По „Атлас на светот“, „Животни“ и „Моето тело“, популарниот серијал илустрирани книги за деца „Моите патувања&ldquo...
28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.85 MB