Ново

Зоран Спасов Ѕоф ќе ја промовира новата книга Торонто експрес во Literatura.mk Superstore во Ист гејт мол

03.12.2021.
Зоран Спасов Ѕоф ќе ја промовира новата книга Торонто експрес во Literatura.mk Superstore во Ист гејт мол

 

 

Новата книга „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ од Зоран Спасов Ѕоф ќе биде промовирана на седми декември (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата Literatura.mk Superstoreво „Ист гејт мол“. Книгата, како и претходниот хит-роман, „Тито, мојот претпоследен херој“, е во издание на „Попули“, дел од „Арс Ламина – публикации“. „Торонто експрес“ е ново, дополнето издание на популарната книга и литературен првенец на Ѕоф, „Тибам штркот“. Дизајнот на корицата е на стрип-авторот Михајло Димитриевски – Тxе Мичо.

Промоцијата на книгата ќе се одржи неколку дена пред премиерата на новата театарска претстава „Торонто експрес“, во Македонскиот народен театар. Претставата, која е базирана на книгата, е во режија на Јордан Симонов, а главната улога ја толкува Александар Микиќ. Тие работеа и на театарската адаптацијата на текстот, заедно со Благоја Бошковски. Премиерата е закажана за 15 декември, а ден подоцна и на 20 декември се следните изведби.

Во промотивниот период, со секој купен примерок од книгата „Торонто eкспрес“, во книжарниците „Литература.мк“, ќе следува ваучер за влезница за некоја од изведбите на претставата „Торонто експрес“. Ваучерите можат да се заменат за влезници во билетарницата на МНТ.

„Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ е документаристичка стрип-проза; еден вид фотонарација со блиц, зум и слободен кадар и фокус; „водич за идните печалбари и тазе имигранти“, како што вели самиот автор, или литерарен прирачник за заминување, но и за враќање од Канада. Последното (враќањето) е нешто невообичаено за ваков тип „прирачници“, упатства и помош за адаптации во туѓи средини и можеби токму тоа ја долева последната капка во оваа преполна чаша искреност и таа претекува на сите страни. Ова е приказна што брзо и неосетно влегува под кожа: популарна, ефектна, штосна, документарна и есеизирана; приказна што „шверцува“ нашинство и носталгија во далечниот, среден свет каде што објективно тоа не е предвидено. Напишана на скопски сленг, книгава нуди една нова форма на битовост, на модерно печалбарство, актуализирајќи го вековниот проблем на иселувањето на нашиот народ на еден автентичен, самосвоен и мошне читлив, ведар и духовит начин. Новите „печалбари“ се академски музичари кои разнесуваат пици, машински инженери – „конобари“ по свадби, ортопеди – стручњаци за гипс-картон... Нивните (не)употребливи дипломи чекаат во куферите зафрлени во подрумите на изнајмените станови во Канада. Јазикот, стилот, фактографските пасажи, фокусираните детали, отворениот, духовит и автоироничен поглед на нас самите, секако и илустрациите на Тхе Мичо низ текстот, се чини дека повторно ја нашле формулата за успех и читаност на претходната книга на Ѕоф: „Тито,  мојот претпоследен херој“.

Зоран Спасов Ѕоф е основач на Фондацијата „Македоника“, чија цел е зачувување, негување и промовирање на македонските јазик и култура. Преку Фондацијата, на интернет-страницата www.makedonika.mk има споделено повеќе од 2.000 бесплатни е-книги. Oсновач e на првиот приватен весник во Македонија „Огласник M“, на првиот и единствен таблоид „MExpress“. Бил продуцент на популарното ТВ-шоу „Џандар збира“, а во 1995 година е избран за менаџер на годината во полето на културата. Пишувањето книги е негова голема пасија, а досега, покрај новата „Торонто експрес“, ги има објавено: „Тибам штркот“ (2009), „Некогаш, некаде“ (2012), „Тито, мојот претпоследен херој“ (2020).

Книгата „Торонто експрес (Тибам штркот апдејт)“ веќе е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14766

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
10.
Jun.
Најнови изданија
Ако постои писателка што совршено го доловува чувството на долго лето, солен морски воздух, топли вечери и љубов што доаѓа кога најмалку ја очекувате, тогаш ...
10.
Jun.
Акции
Во пресрет на Светското првенство во фудбал 2026, кое повторно ќе го обедини светот околу најпопуларниот спорт на денешницата, Литература.мк започнува специј...
06.
Jun.
Најнови изданија
„Очилата на Медо“ од прочуениот белгиски автор и илустратор Лео Тимерс е топла и духовита приказна за едно изгубено парче очила и една необична а...
02.
Jun.
Ново
Новиот роман „Срце, љубовникот“ од американската авторка Лили Кинг, позната и по романот „Писатели и љубовници“, излезе од печат во и...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
25.
May.
Ново
„Случајно Ејми“ од Лин Пејнтер, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“, е книга што лесно ќе г...
18.
May.
Ново
Со романот „Заплет“, авторката Џин Ханф Корелиц создава интелигентен и напнат книжевен трилер што ги вовлекува читателите во светот на писателите...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.13 MB