Ново

Новогодишни смарт пакетчиња за забавни и интерактивни празници

07.12.2023.
Новогодишни смарт пакетчиња за забавни и интерактивни празници
Новогодишни смарт пакетчиња за забавни и интерактивни празници

Разиграјте ги претпразничните моменти на своите најмили и подарете новогодишни смарт пакетчиња исполнети со новогодишни книги и сликовници, боенки, изданија со загатки, едукативно-забавни игри, боички, разделници, честитки и многу други производи специјално избрани за соодветната возраст. Пакетчињата се со уникатно и трајно новогодишно книжно пакување.

Новогодишните пакетчиња во понудата на „Арс Ламина“, а достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, се наменети за деца на возраст до пет години, како и за деца над пет години. 

Новогодишните смарт пакетчиња за децата до пет години содржат боенка со налепници, новогодишен разделник, боички, честитка, бројалка и азбучна лента, балони, како и сликовниците „Мојата прва книга со зборови“ или „Бои, мои, твои“ и „Бајки од Македонија“ или „Басни од Македонија“. Во збогатената верзија на пакетчето за деца до пет години застапени се и сликовниците „Беатрикс Потер“, „Бајки од Македонија“, „Снешко Смешко“, боенката „Зошто доцни Дедо Мраз“, како и друштвена игра.

Во новогодишните смарт пакетчиња за деца над пет години застапени се книга од едицијата „Детски роман“, сликовницата со активности „Дедо Мраз кај Матеј и Луна“, боенката „Winter Tales“, новогодишните боенки „Дина и Додо“, висинометар и балони. Во дополнетата верзија, меѓу другото, има книга од едицијата „Детски роман“, книгата „Вистинска приказна за две соседни кралства“, сликовницата „Двајца Дедо Мразовци“ и друштвена игра, наменета за деца над пет години.

Пакетчињата се достапни и за онлајн-нарачки преку следниот линк: https://www.literatura.mk/novogodisni-paketcinja.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
27.
Jul.
Ново
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.06 MB