Ново

„Твоите пет следни потези“ - практичен и ефикасен водич за појасно размислување и постигнување на најхрабрите професионални цели

05.03.2024.
„Твоите пет следни потези“ - практичен и ефикасен водич за појасно размислување и постигнување на најхрабрите професионални цели
„Твоите пет следни потези“ - практичен и ефикасен водич за појасно размислување и постигнување на најхрабрите професионални цели

Од креаторот на „Валјутејнмент“ (Valuetainment), број 1 канал на „Јутјуб“ за претприемачи и „еден од највозбудливите мислители“ во бизнисот денес, Патрик Бет-Дејвид, пристигна практичен и ефикасен водич за појасно размислување и постигнување на најхрабрите професионални цели насловен како „Твоите пет следни потези“.

Успешните претприемачи и шаховските велемајстори имаат визија да ги погледнат фигурите пред нив и да ги предвидат своите следни пет потези. Во оваа книга, Патрик Бет-Дејвид „им помага на претприемачите да разберат што точно треба да направат следно“ (Брајан Трејси, автор на „Изеди ја жабата!“) со преведување на оваа вештина во вредна методологија. Без разлика дали се чувствувате како да сте удриле во ѕид, сте го изгубиле жарот за работа или барате иновативни стратегии за да го подигнете вашиот бизнис на следното ниво, „Твоите пет следни потези“ ги има одговорите.

Ќе добиете:

ЈАСНОСТ за тоа што сакате и кој сакате да бидете.

СТРАТЕГИЈА да ви помогне да размислувате во воената соба и просторијата за состаноци.

ТАКТИКИ НА РАСТ за добри и лоши времиња.

ВЕШТИНИ за градење на вистински тим заснован на силни вредности.

УВИД во игрите на моќ и уметноста на создавање на стратешка предност.

Комбинирајќи ги овие принципи и откритија извлечени од подемот на Патрик до успешен извршен директор, „Твоите пет следни потези“ е задолжително четиво за секој сериозен извршен директор, стратег или претприемач.

 

Во продолжение неколку корисни совети од Бет-Дејвид – авторот на видеоканалот со над пет милиони следбеници и околу една милијарда прегледи:

1. Планирањето за вонредни ситуации звучи едноставно, нели? Сепак, тука потфрлаат многу претприемачи. Неретко се пресамоуверени и сигурни дека никој не би можел да ги замени. Многумина се толку егоистични што не можат да замислат некој друг да ја води компанијата. Ако имаш ваков менталитет, ќе те задржи на лидерската позиција, ама ќе те спречи во обидот да го развиеш бизнисот.

2. Друга замка е увереноста дека твоите клучни луѓе никогаш нема да те напуштат. Или, пак, увереноста дека ако си замине некој, некој друг може тукутака да му ја заземе ролјата. Ни едното ни другото не е вистинито; идеално, твоите тековни работници треба да ги обучат потенцијалните замени. Ако не го поттикнеш ова, треба лично да ги бараш потенцијалните замени во соодветните области, во компанијата или надвор од неа.

3. Мудрите компензациски бонуси и патувања се само делумно делотворни; на луѓето, кога ќе им го допреш срцето, за тебе ќе почнат да поместуваат планини. А, за да им го допреш срцето мораш да одвоиш време за да ги разбереш и да им ги сознаеш најдлабоките желби и верувања... На овој начин избегнувам лажни претпоставки за нив и можам да разберам што ги мотивира, какви цели имаат и како сакаат да работат.

4. Луѓето кои кажуваат општи фрази како „сите сакаат да бидат почитувани“ или „валидацијата е важна човечка потреба“ се на вистинскиот пат. Треба да стигнеш на следното ниво преку конкретно одредување како да ги прикажеш почитта и валидацијата. Како извршен директор, знам кому му е потребен разговор лице в лице, а кому јавна пофалба.

5. Луѓето околу тебе се најважните ресурси што ќе ги имаш некогаш.  Ако мислиш дека, како извршен директор, светот се врти околу тебе – те чекаат лоши вести. Без луѓето околу тебе имаш работа, а не бизнис. Мораш вистински да се грижиш за своите луѓе. Не можеш да ги придобиеш со ласкање. Дали некогаш размислуваш за нивните соништа и цели? Ако размислуваш – еден ден ќе станеш одличен извршен директор.

6. Човечкиот капитал претставува продукт број 1. Мораш да знаеш што се случува кога некој поединец не е расположен, кога друг не вложува сè, а трет по малку почнува да заборава. Одведи ги на ручек и прашај ги, „дали сè е во ред? Како е жена ти? Добри се децата?“ Добриот бизнис се потпира на добрите врски.

 

Книгата „Твоите пет следни потези“ е достапна во книжарниците „Литература.мк“ и онлајн на линкот: https://www.literatura.mk/biznis-i-menadzment-publicistika/49404-tvoite-pet-sledni-potezi.

 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Заштеда 20%
490 МКД

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Feb.
Ново
Издавачката куќа „Арс Ламина“, преку својот импринт за детска литература „Либи“, ја објавува првата нема сликовница во Македонија &nd...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
07.
Feb.
Вести
По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стор...
26.
Jan.
Ново
Од авторката на бестселерите на Њујорк тајмс За пет години и Едно лето во Италија пристигнува љубовна приказна што зборува за љубовта и животот на една цела ...
21.
Jan.
Најнови изданија
Од авторката на бестселерот „Раскажувачката“, Џоди Пико, ни пристигнува новиот роман „Посакувам да си тука“. Книгата, која е бестселе...
20.
Jan.
Акции
Литература.мк подготви специјална онлајн понуда со мотивациски наслови што инспирираат, охрабруваат и помагаат во личниот развој.
29.
Dec.
Ново
Нова книга, совршена за овој празничен период - „Повик за будење“ од Бет О’Лири, авторката на светскиот бестселер „Заеднички стан&ldq...
25.
Dec.
Ново
Овој декември, „Арс Ламина“, ви ги носи најновите светски бестселери: романси што ќе го стоплат срцето, трилери што ќе ве држат на работ на седиш...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.08 MB