Ново

„Само ова лето“- за исцелувачката моќ на љубовта

16.10.2024.
„Само ова лето“- за исцелувачката моќ на љубовта
„Само ова лето“- за исцелувачката моќ на љубовта

„Кога зема најголем залет судбината спроти човекот - кога тој е сам или кога има за што да се бори?

„Само ова лето“ од Аби Хименез има сѐ што ѝ е потребно на една романса за да не биде жанровски потценета - зрелоста на драма и ковалентните карактери на ликовите. Ова е роман за сите што сакаат да го продолжат летото, но во никој случај не е само роман кој хронолошки припаѓа на летото, туку Хименез толку лукаво го оптегнува од есен до есен за периодот кој е најцврсто сврзан за годишниот одмор да потрае. Моќта на летото како единица кога не се менуваат само временските услови, туку и судбините, таа пластична улога за која се асоцирани врелите попладниња и тропските коктели, не е со иста јачина во пријатната Минесота со просечна дневна температура од 25 до 30 Целзиусови степени. Напротив, во Минесота летото е сензационално колку долгоочекувана пролет, со посебен мирис и вкус, со шарм на стара американска убавина и канадско влијание.

Џастин и Ема се наоѓаат на краевите од ист јазол - го носат проклетството да им бидат „стројници“ на луѓетo со кои ќе почнат врска. Откако ќе ги запознаат потенцијалните партнери, истите тие по раскинувањето завршуваат во прегратките на своето „среќно засекогаш“. Немоќни да ја сменат судбината/сугестијата, ја предизвикуваат така што се договараат да одглумат романтична врска во времетраење од четири состаноци, да го следат пресекот од бакнеж во уста и комуницирање преку телефон, кој и за двајцата се покажал како ударен, пред да го скршат проклетството. 

Но, истовремено развиваат чувства што нема потреба да ги глумат во полза на разбивање на малерот. Џастин и Ема имаат повеќе заедничко од едно проклетство - и двајцата потекнуваат од дисфункционални средини со динамични мајки што или се огрешиле пред законот или пред биолошки препишаната улога. Сѐ што планирале за само едно лето се превртува наопаку и нивните светови конечно добиваат смисла. Дали тоа е затишје пред бура? И кога зема најголем залет судбината спроти човекот - кога тој е сам или кога има за што да се бори? Како што наближува четвртиот состанок и двајцата си имаат свои причини зошто се чувствуваат тажни и одеднаш сакаат да го задржат проклетството малку подолго доколку тоа значи дека нема да ја изгубат меѓусебната близина.

Многу емотивен роман, со радиjациона хемија помеѓу ликовите што се чини дека ќе скокне од хартијата, на моменти наивна, сепак неверојатна љубовна приказна каква што и тоа како се случува во реално време, затоа што Џастин и Ема се пар од соседството. Импресионира тоа што на ликовите им е дадена длабочина на трансгенерациски самар, уште едно проклетство за кое не се свесни, а влијае врз секојдневните одлуки и ја контролира нивната анксиозност како со управувач. Кога ќе се земе предвид и семејното центрирање на романот, тогаш сѐ добива смисла, поради што на Хименез не ѝ бил потребен сензационален и вџашувачки заплет. 

За разлика од излитените шаблони по кои се создаваат летните чик-лит романчиња, „Само ова лето“ е  сосем нов жанр настанат од јадрото на веќе постојниот. Пишуван според рецептот на белетристиката, содржи една тајна состојка, а тоа е дефинитивно, блискоста на ликовите до самиот читател. Секој од нас бил Ема ставена пред љубовно распетие, или Џастин кој во еден момент е повозрасен и позрел од сопствениот родител. Интересно е што книгата е трет дел од серијалот на независни романи „Дел од твојот свет” и секој лик од романтична трилогија на Аби Хименез е на ваков или таков начин поврзан со медицината, како што е и Ема која е патувачка медицинска сестра.

Извадоци:

„Ако ова било нејзино детство, Ема никогаш не била дете. Не ни можела да порасне во безгрижен возрасен.“

„Ти не си она што ти се случило. Ти си она што ќе го направиш следно.“

 

Правила на игра

Minnesopoly

Жолта

  1. Бакнувачот во чело те поканува на првиот состанок. За да, оди пет чекори напред. 
  2. Бидејќи секој ден го гледаш постерот од Кралот на тоалетите, заслужи вонреден одмор. Земи 1000 долари заем од Банката. 

Капка: Водопадите те носат понатаму. Одбери каде.

  1. Извози се 65 пати со катамаран заедно со Меди и освои бесплатна кирија за следните шест месеци.

Црвенa

  1. Болницата Роум Нортвестерн те награди со $2000 долари за посветен здравствен работник. Вложи ги во акции.
  2. Мајка ти заминува во затвор. Ти ќе се грижиш за братот и сестрите. Помини преку старт и земи годишна плата од 90 000 долари.
  3. Преуреди ја колибата. Потребни ти се 350 долари. Уплати во банката. 

Портокалова

  1. Пиши му на just_in_267 
  2. Врати ѝ на еmma16_dilemma
  3. Состанок број 1

Розова

  1. и  2. : Избегни го норовирусот, оди на состанок број 3.

Сијалица: Во колибата снема струја. Нека светне љубовта 

3. Состанок број 2

Сина

  1. Помини преку хистеријата на Амбер. Плати данок преку медитации.
  2. Прекрсти го кучето Бред. Како награда за нов кум одлетај до Хаваи.
  3. Состанок број 3

Кафеава

  1. Пополни ја анкетата за состанок и избери си една картичка "шанса"
  2. Испрати го ДНК профилот и дознај кои се твоите роднини. Дај им Шанса

Темно сина

  1. Невреме на езерото Минетонка, ураган Амбер. Засолни се на Старт
  2. Чистење вошки. Обрати се до Роуз Нортвестерн. 

Зелена

      1.Стафи е во твои раце. Извлечи "изненадување" 

      2. Намќориот Неил е твој шеф. Биди внимателна. Врати се во Колорадо

      3. Состанок број 4

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

29.
Nov.
Ново
„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го по...
29.
Nov.
Ново
Понекогаш малите уши на децата не ги собираат големите зборови на возрасните. Всушност, тие не ги разбираат. Со цел да им помогне на децата да ги разберат, а...
22.
Nov.
Акции
Во рамките на големиот шопинг-настан Black Friday (Блек фрајдеј), од денеска (22 ноември), па сѐ до 1 декември, во „Литература.мк“ ќе има сериозн...
21.
Nov.
Ново
„Градоначалник“ е првата книга од новата едиција за деца „Големи зборови за мали уши“, издание на „Либи“, дел од „А...
19.
Nov.
Ново
Подгответе се за нови книжевни патувања со „Арс Ламина“! Откријте кои интернационални книжевни хитови наскоро ќе излезат од печат на македон...
15.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Тоа е приказна што ќе ве натера да плачете, да мразите и да се смеете... книга што никог...
14.
Nov.
Ново
Во публикацијата се  обработува еден од најгорливите проблеми поврзани со изговорот на македонскиот јазик - колоквијалниот изговор во Скопје и неговото ...
12.
Nov.
Ново
Книжевниот класик во македонската литература „Книга на небото“, од еден од најзначајните наши постмодернистички писатели Крсте Чачански, излезе о...
05.
Nov.
Ново
„И јас сум Сирма“ не е роман, туку нешто меѓу сага и еп. Станува збор за збирка приказни што „авторката“ ги има собирано во изминатив...
04.
Nov.
Вести
Една од најплодотворните, најнаградувани и најчитани македонски писателки, која остави траен белег во македонската литература, Оливера Николова, почина на 88...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.81 MB