Ново

Shelf Help - Нова едиција на „Арс Ламина“ - затоа што неопходната помош доаѓа од полиците

29.11.2024.
Shelf Help - Нова едиција на „Арс Ламина“ - затоа што неопходната помош доаѓа од полиците
Shelf Help - Нова едиција на „Арс Ламина“ - затоа што неопходната помош доаѓа од полиците

„Арс Ламина“ со задоволство ја претставува новата едиција Shelf Help – со куси и практични водичи за самопомош, кои ќе ви помогнат да го подобрите вашиот живот.

Едицијата ги опфаќа најважните теми што го засегаат современиот човек. Книгите се поделени во неколку поткатегории со цел да им понудат на читателите фокусирани и ефективни решенија за секојдневните предизвици: животен стил, ментално здравје, бизнис и лидерство, личен развој, врски, здравје, семејство и родителство, како и филозофија.

Shelf Help вклучува повеќе интернационални наслови, од кои трите први книги веќе се излезени од  печат. Станува збор за:

Светскиот бестселер „Фенг-шуи во вашиот живот“ од Мари Дајмонд – кој е водич во тоа како да го искористите домот за привлекување на животот од вашите соништа.

„Кон повисоко ниво“ од Роб Дајл – што открива како да се фокусирате, да престанете со одложување и да го подобрите вашиот живот.

Водичот со вежби и активности - „Црвена линија“ од Џулијан Тејлор Шор – кој открива како да поставите граници за да ја сочувате вашата енергија и менталното здравје.

Наскоро се очекува да бидат објавени и книгите „Француската уметност на доброто живеење“ од Кети Јандел – Како да ја пронајдете радоста на животот во вашето секојдневие и „100 начини како да го промените вашиот живот“ од Лиз Муди – Како да го подобрите вашето здравје, да ги унапредите вашите врски и да постигнете успех и среќа.

Во иднина едицијата ќе биде дополнета со многу други наслови.

Shelf Help е идеална за сите кои сакаат да направат позитивни промени во својот живот и да се соочат со предизвиците на модерното време, затоа што неопходната помош доаѓа од полиците.

Книгите во издание на „Попули“ и „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
17.
Aug.
Најнови изданија
Ова лето е во знакот на магијата на Исидора Мун! Покрај тоа што годинава се одбележуваат 10 години од објавувањето на првата книга за омилената вампир-самови...
15.
Aug.
Акции
За посреќен и поуспешен почеток на новата учебна година, „Литература.мк“ традиционално ја организира продажната акција „Време е за училиште...
02.
Aug.
Најнови изданија
Оваа година 2 Август го одбележуваме со новата книга за деца „Времеплов: Мисија Илинден“ од Перица Сарџоски, која неодамна излезе од печат во изд...
27.
Jul.
Ново
Новата книга „Уметноста на трошењето пари“ од авторот на светските бестселери: „Психологија на парите“ и „Исто како и секогаш&l...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
21.
Jul.
Најнови изданија
„Мојот таблет – пиши-бриши“, на децата им овозможуваат да пишуваат, да цртаат, да бројат, да бришат и повторно да создаваат – онолку ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.92 MB