Ново

Наскоро: Сликовницата „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков, во чест на Кафка

26.12.2024.
Наскоро: Сликовницата „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков, во чест на Кафка
Наскоро: Сликовницата „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков, во чест на Кафка

Годинава ја заокружуваме на најдобар можен начин: со пригодно одбележување на стогодишнината од смртта на еден од џиновите на светската книжевност и писател кој извршил големо влијание врз поетиката на идните џинови-наследници: Маркес, Кундера, Борхес, Ками, Јонеско, Куци... ненадминливиот Франц Кафка!

Во чест на Кафка, издавачката куќа „Арс Ламина“ под импринтот за детска литература „Либи“, ја реализира сликовницата „Девојчето и куклата што патува“. Станува збор за сликовница-омаж на најпознатата анегдота поврзана со Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла. И покрај тоа што никогаш не е потврдена вистинитоста на случката, и покрај тоа што постојат различни толкувања поврзани со околностите во кои се случила, со постојаното навраќање кон неа, таа стана неодминлив дел од биографијата на Кафка.

Приказната во новата сликовница е дело на Александар Русјаков, за кого ова претставува свечено претставување во светот на литературата за деца на македонски јазик. Русјаков се држи до контурите на општоприфатената приказна, но со својот автентичен писателски израз, полн со лиричност и нежност, создава уникатно авторско дело, кое веруваме дека ќе стане ново омилено семејно четиво.

„Девојчето и куклата што патува“ внимателно и метафорично зборува за минливоста на животот, за прифаќањето на загубата, за созревањето... а пред сè за љубовта, која е отпорна на ефемерноста и која секогаш опстојува и се враќа на поинаков начин. 

Книгата наскоро ќе биде достапна во поголемите книжарници и на www.literatura.mk.   

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.84 MB