Ново migrirano

Летно освежување со бестселерите од Литература.мк

21.07.2022.
Летно освежување со бестселерите од Литература.мк

Летото е идеално време за одмор, патувања, дружби, но и релаксација со некоја убава книга. Без разлика дали овој одмор ќе го поминете на плажа, на планина, во некоја светска метропола или, пак, ќе се релаксирате во вашето омилено катче во домот, уживањето секогаш е комплетно со добар избор за читање.

Ви претставуваме листа со топ 10 бестселери од „Литература.мк“ со кои можете да се освежите ова лето. Книгите се во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на интернет-страницата https://www.literatura.mk.

Со секој купен бестселер во „Литература.мк“ следува ваучер за освежување во Café Literatura во „Скопје сити мол“ и „Ист гејт“. Со приложување на ваучерот, со секој купен коктел следува уште еден, бидејќи коктелите се повкусни во друштво. Акцијата ќе трае до 31 август.

1. „Малибу во пламен“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Од авторката на бестселерите „Седумте мажи на Евелин Хуго“ и „Дејзи Џонс енд Д сикс“, Тејлор Џенкинс Рејд, неодамна од печат излезе новиот роман „Малибу во пламен“, кој е прогласен за книга на годината според „Гудридс“.

Приказната се случува во Малибу, во август 1983 година. Четворица познати браќа и сестри организираат епска забава за да го прослават крајот на летото. Но, во период од 24 часа нивните животи ќе се сменат засекогаш. Исчекувањето е трескавично. Сите сакаат да бидат во близина на познатите Рива: Нина, талентираната сурферка и супермодел; браќата Џеј и Хад, едниот шампион во сурфање, другиот признат фотограф; и нивната обожавана помала сестра Кит. Заедно, тие се извор на фасцинација во Малибу и во светот – особено како потомци на легендарниот пејач Мик Рива. Единствената личност која не е баш воодушевена од забавата на годината е самата Нина, која никогаш не сакала да биде во центарот на вниманието и која кусо пред тоа е јавно отфрлена од нејзиниот сопруг – професионален тенисер. До полноќ забавата ќе биде надвор од контрола. До утрото, куќата на Рива ќе исчезне во пламен. Но, пред таа прва искра во раните утрински часови, на сите страни ќе тече алкохол, ќе ечи музика и љубов, а тајните што ги обликувале генерациите од ова семејство ќе испливаат на површина.

Книгата „Малибу во пламен“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку http://www.litearatura.mk.

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14924

2. „Невидливиот живот на Ади Лару“ од В. Е. Шваб

„Невидливиот живот на Ади Лару“ е историско-фантастичен роман, горко-слатка љубовна приказна, но и омаж на уметноста и на уметничката инспирација. Приказната почнува во Франција во 1714 година. Ади Лару сака само едно: да се ослободи од оковите на животот во провинција за да може сама да господари со својата судбина. Во момент на очај таа се спогодува со ѓаволот, кој за возврат ѝ ветува слобода и вечна младост. Но, цената за тоа е висока; секого кого ќе го сретне, набргу ја заборава. И така младата жена почнува патување низ вековите што ја носи на различни места од европската историја, спознавајќи ја притоа тенката граница меѓу осаменоста и малодушноста. Ади Лару се обидува да остави трага во времето и просторот, во историјата на уметноста: таа е позната муза на старите мајстори, безимена убавица во песните на големите поети. Триста години подоцна, Ади во една книжарница во Њујорк запознава момче кое ќе ја запамети...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14870

3. „Хамнет“ од Меги О’Ферел

Импресивното дело на Меги О’Ферел е меѓу најфалените романи напишани на англиски јазик последниве години, светски бестселер и добитник на престижни награди, меѓу кои „Воменс прајз“ и „Бритиш бук авордс“. Двајца исклучителни луѓе. Љубов што ги спојува. Загуба што им се заканува да ги уништи. Еден летен ден во 1596 година во Стратфорд, единаесетгодишното девојче Џудит одненадеж ќе го кутне силна грозница. Хамнет, нејзиниот брат близнак, е во панична потрага по помош. Но, нема никој дома. Мајката Агнес се наоѓа на имот оддалечен речиси два километра, каде што одгледува лековити билки и пчели. Таткото работи во Лондон. Ниту еден од нив не насетува дека едното дете ќе им умре. Романот Хамнет е силна приказна за бракот и семејството кои се опустошени од тага и загуба, но и нежен, незаборавен портрет на момче чиј живот е заборавен, а чие име ја носи една од најпознатите драми на сите времиња.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14826

4. „Писатели и љубовници“ од Лили Кинг

„Писатели и љубовници“ ја следи Кејси – паметна и ранлива протагонистка – во последните денови од младоста, период кога секој сегмент од нејзиниот живот е во криза. Напишан со хумор, срце и интелигенција, карактеристични за стилот на Лили Кинг, овој исклучителен роман го истражува застрашувачкиот и возбудлив скок помеѓу крајот на една фаза од животот и почетокот на друга.

Скршена поради ненадејната смрт на нејзината мајка и уништена по последната љубовна врска, Кејси Пибоди, летото 1997 година, стигнува во Масачусетс без никаков план. Нејзиното поштенско сандаче е преполно со покани за свадби и последни известувања од наплатувачи на долгови. Поранешното чудо од дете за голф, сега работи како келнерка во ресторан на плоштадот „Харвард“ и живее во изнајмена мувлосана соба во која работи на својот роман што го пишува шест години. На 31 година, Кејси сè уште се држи за нешто од кое се откажале речиси сите нејзини пријатели: посветеноста да има креативен живот. Кога во исто време ќе се вљуби во двајца сосем различни мажи, нејзиниот свет се крши на уште поситни парчиња. Кејси се бори да ги исполни нејзините креативни амбиции и да балансира меѓу спротивставените барања на животот и уметноста, на начини што ја туркаат до работ.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14828

5. „Последната од девојките Месечини“ од Барбара Дејвис

Лизи Месечина никогаш не ја сакала фармата на девојките Месечини. Пред осум години, таа ја напуштила земјата за која се грижеле девет генерации надарени исцелителки, решена да се дистанцира од гласиштата за чудното наследство на нејзината фамилија. Но, кога ќе почине нејзината сакана баба Алтеа, Лизи мора да се врати и да се соочи со трагедијата што виси над исушените полиња со лаванда: нерешените убиства на две млади девојчиња и грубите обвинувања што ја следеле Алтеа до нејзиниот гроб. Лизи не сака ништо друго освен да ја продаде фармата и да се врати на својот живот во Њујорк, сè додека не го открие дневникот што Алтеа го оставила за неа – Книгата на спомените што треба да ѝ помогне на Лизи да ги прифати своите специјални дарби. Кога повторно ќе се поврзе со Ендру Грејсон, еден од ретките во градот кој верувал во невиноста на Алтеа, таа решава да го исчисти името на нејзината баба.

За да го стори тоа, таа треба да реши дали може да го прифати нејзиното наследство и дали ќе ги следи стапките на сите девојки Месечини пред неа.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14752

6. „Неописливи нешта“ од Џес Лаури

Инспирирано од вистинска застрашувачка приказна од родниот град на авторката во заедница каде што ништо не е тивко – или безбедно – како што изгледа. Животот на Кеси Мекдауел во Минесота, во осумдесеттите години на 20 век, изгледа совршено исполнет. Живее на фарма, го сака училиштето и е вљубена во најфиното момче во одделението. Да, тука се и чудните забави на нејзините родители и нивната парада од девијантни гости, но таа е навикната на нив. Сè се менува кога некој ќе дојде на лов во Лилидејл. Едно по едно, исчезнуваат локални момчиња. Едно по едно, тие се враќаат променети – насилни, нерасположени и повлечени. Она што им се случило станува предмет на шокантни гласишта. Обвинувањата кој би можел да биде виновен растат толку диво, што на површина почнуваат да излегуваат опасни тајни од градот. И сестрата на Кеси поминува низ процесот на мрачни промени. Доколку сака да преживее, Кеси мора да го најде нејзиниот пат во светот на возрасните каде што секој грев е оправдан, а само вистината непростлива.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14751

7. „Семејство“ од Луиз Џенсен

Лора е скршена по ненадејната смрт на нејзиниот сопруг. Борејќи се да се справи емоционално и финансиски, Лора е благодарна кога локална заедница, „Оук лиф органикс“, ѝ нудат дом нејзе и на нејзината 17-годишна ќерка Тили. Но, додека Лора и Тили се адаптираат на животот со нивното ново „семејство“, почнуваат да се случуваат опасни работи. Кога еден од заедницата умира под сомнителни околности, Лора сака да замине, но Тили, привлечена од харизматичниот лидер, Алекс, одбива да си оди. Очајно барајќи начин да ја спаси својата ќерка, Лора открива застрашувачка тајна, но Алекс и неговото семејство не се единствените што кријат нешто. Како што Лора копа во нивното минато, така тие копаат во нејзиното и таа ја открива застрашувачката причина поради која ги поканиле неа и Тили и зошто никогаш нема да им дозволат да заминат...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14827

8. „Дејзи Џонс енд Д сикс“ од Тејлор Џенкинс Рејд

Сите ги знаат „Дејзи Џонс енд Д сикс“: албумот „Аурора“ на овој бенд ја дефинираше ерата на рокенролот во доцните седумдесетти и цела генерација девојчиња сакаа да бидат како Дејзи кога ќе пораснат. Но, никој не ја знае причината за распаѓањето на групата, една вечер по нивниот последен концерт на стадионот во Чикаго, на 12 јули 1979 година... сè досега. Дејзи е девојка на прагот на полнолетството во Лос Анџелес во доцните шеесетти години од минатиот век, која се прикрадува во клубовите на Сансет Стрип, спиејќи со рок-ѕвезди и која сонува да пее во „Виски а гоу-гоу“. Сексот и дрогата се возбудливи, но рокенролот е она што таа го сака најмногу. Кога ќе наполни дваесет години, нејзиниот глас ќе биде забележан, а нејзината зашеметувачка убавина ги предизвикува луѓето да прават луди работи. Паралелно ја следиме приказната за „Д сикс“, бенд предводен од меланхоличниот Били Дун. Вечерта пред нивната прва турнеја, неговата девојка дознава дека е бремена. Под притисок на претстојните татковство и слава, Били за време на турнејата комплетно откачува. Патиштата на Дејзи и Били ќе се вкрстат кога продуцентот сфаќа дека клучот на успехот е во нивното спојување. Она што следува понатаму станува легенда...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13701

9. „Задоцнетиот живот на Ејми Бајлер“ од Кели Хармс

Преоптоварена и потценета, на самохраната мајка Ејми Бајлер ѝ треба пауза. Па, кога ќе се појави нејзиниот сопруг што ја напуштил и со чувство на вина ќе се понуди да се погрижи за децата во текот на летото, таа ја прифаќа неговата понуда и од руралната Пенсилванија заминува за Њујорк. Вообичаено приземна и со добри манири, Ејми конечно се отпушта во градот што никогаш не спие. Таа открива живот исполнет со култура, софистицираност и со мала поддршка од пријателите – со неколку состаноци на слепо. Кога еден човек ќе предизвика срцето на Ејми забрзано да чука, таа ризикува комплетно да се изгуби во непланираното бегство. Како што летото се движи кон крајот, Ејми сфаќа дека треба да донесе невозможна одлука: да остане во ова возбудливо ново поглавје од нејзиниот живот или да се врати на животот што го оставила зад себе.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14487

10. „Каде што шумата се среќава со ѕвездите“ од Гленди Вандера

По губењето на мајката и борбата со ракот на дојка, Џоана Тил продолжува со истражување на птичјите живеалишта во Илиноис што ги почнала во текот на дипломските студии. Решителна во намерата да докаже дека неволите не ја скршиле, работи од утро до мрак. Нејзината осаменичка рутина е прекината кога пред вратата на нејзината колиба ќе се појави босоного дете, целото со модринки. Девојчето, кое се претставува како Урса, тврди дека е пратена од ѕвездите да посведочи за пет чуда. Џо, загрижена за детето, ѝ дозволува да остане со неа – барем додека не ја открие вистината за нејзиното минато.

За да ја реши мистеријата со заскитаното девојче, Џо бара помош од својот повлечен сосед Габриел Неш. Оваа необична тројка ќе изгради цврста емоционална врска, но како што се ближи крајот на летото, така сите нивни болни тајни излегуваат на површина, а нивните судбини се препуштени на ѕвездите.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14394

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.14 MB