Картичка за лојалност која овозможува попусти и поволности при купување.
- literatura.mk
- Производи
- Книги
- Литература
- Романи
- Романси
- Кукла (втор дел)
-
NSZ
*
Tel: +389 76 444 490
Понеделник - петок
од 09:00 до 17:00 часот
„Кукла“ е љубовна приказна од крајот на 19 век, каде убаво и детално е насликан животот во Варшава, но е и роман кој гледа напред кон модерните прашања за империјата, револуцијата, антисемитизмот и социјализмот. Пред сè е брилијантен роман на карактери, драматизирајќи спротивставени идеи преку различните убедувања, амбиции, конфузии и фрустрации на обемната и разновидна актерска екипа. Херојот на Прус е Вокуљски, успешен бизнисмен кој копнее по признание од декадентната аристократија на Полска и очајно се вљубува во прекрасната но и ладна Изабела, која е нејзина припадничка. Во богатата актерска екипа е стариот службеник Жецки, носталгичен за револуциите од 1848 година; младиот научник Охоцки, кој сонува за летечки машини; разузданата и манипулативна бароница Кшешовска; ангелската вдовица Ставска; мудрата војвотка и многу други. Секој е ограничен од неговиот или нејзиниот социјален статус во оваа приказна за пари, љубов и класа. „Кукла“ не е само најголемо и највредно литературно дело во полската литература, туку по силата на својата капитална и универзална вредност стана камен-темелник во нејзиниот понатамошен развој. Следбениците на Прус, на чело со Стефан Жеромски, учеа од ова дело. Некои, вклучително и нобеловецот Чеслав Милош, ја сметаа „Кукла“ за најголемиот полски роман. Преведена е на дваесет и осум јазици и е продуцирана во неколку филмски верзии. Со „Кукла“ македонската култура несомнено станува побогата за уште едно врвно дело од светската литературна ризница.
| Карактеристика | Вредност |
|---|---|
| Kатегорија | Романси |
| Автор | Болеслав Прус |
| Издавач | Ѓурѓа |
| Јазик | Македонски |
| Повез | Мек повез |
| Година на објавување | 2024 |
| Број на страници | 524 |
Уникатна услуга
Бесплатна достава за нарачки над 2500 денари.