Топ листа

Лектирите се најбараните изданија за деца во Литература.мк во јуни

11.07.2022.
Лектирите се најбараните изданија за деца во Литература.мк во јуни

На почетокот на летниот распуст, во книжарниците „Литература.мк“ најбараните изданија за деца и млади се лектирите и читанките од едицијата „Лесно читливо“, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за поголем дел од листата на лектири за основно образование, одобрени од Министерството за образование и наука: „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен, „Петар Пан“ на Џејмс Метју Бари, „Збунети години“ од Велко Неделковски, „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт, „Силјан штркот“ од Марко К. Цепенков и други. Книгите се изработени според светските стандарди за дислексија, а вклучуваат и речник на помалку познати зборови, како и активности за работа на час.

На врвот на листата се и романите од серијалот „Мачки детективи“, популарните пиши-бриши вежбанки за најмладите – „Животните од Африка“, „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ од Хариет Мункастер, како и четирите сликовници од едицијата „Нови бајки од Македонија“ од Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“...

Во продолжение проследете ја топ 10 листата со најбарани изданија за деца во книжарниците „Литература.мк“ во јуни.

1. „Грдото пајче“ од Ханс Кристијан Андерсен

„Грдото пајче“ е една од најпопуларните и најубавите бајки од данскиот баснописец Ханс Кристијан Андерсен, која со генерации им се раскажува на децата ширум светот. Ова е трогателна приказна за пајчето кое е отфрлено од другите пајчиња и птици затоа што е грдо, па заминува во светот за да најде некој што ќе го сака...

Својата најпознатата бајка Андерсен ја создал во 1843 година. Оттогаш важи за една од најзначајните приказни за деца, со силна порака и поттик за младите читатели. Оваа бајка претставува еден вид на биографска бајка, затоа што и самиот имал многу тежок живот. Книгата, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“ и е направена по стандардите за дислексија. Таа е дел од лектирите за основно образование.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13531

2. „Петар Пан“ од Џејмс Метју Бари

Петар Пан е палаво момче кое одбива да порасне. Барајќи ја својата сенка, тој слетува во домот на Дарлингови. Се спријателува со Венди, Џон и Мајкл и ги учи да летаат (со помош на самовилска прашина). Тој и Ѕвончица ги носат децата во земјата Недојдија, каде што среќаваат Индијанци, изгубени момчиња, пирати и лошиот капетан Кука...

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13540

3. Серијал „Мачки детективи“ од Алесандро Гати и Давиде Моросиното

„Мачки-детективи“ е серијал со детски новели со мошне интересна содржина, создадена за најмладите читатели со цел нивно воведување во книжевниот жанр – мистерија. Напишани во стилот на класичните детективски романи, каде што секогаш се случува некое злосторство и некој мора да го разоткрие виновникот, овие книги се забавно и интригантно четиво за сите што сакаат да ги напрегнат мислите и да учествуваат во истрагата. Дејството е сместено во Париз од почетокот на XX век и токму ова придонесува кон доловување на една особено шармантна атмосфера низ содржината што е мошне привлечно за читателот. Серијата опфаќа шест книги со различен наслов и различни приказни, а како главни ликови се појавуваат членовите на една интересна и шарена дружина мачки. Иако случаите навидум ги решава главниот инспектор Рампие, кој важи за проблематичен човек, немтур, сепак нашите пријатели мачки-детективи се оние што со помош на нивната неверојатна интуиција и умешност успеваат да ја доведат вистинската правдина на виделина.

Книгите од овој серијал се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/ListBooksforCategory.aspx?cat=164&displayName=%D0%9C%D0%B0%D1%87%D0%BA%D0%B8%20%D0%B4%D0%B5%D1%82%D0%B5%D0%BA%D1%82%D0%B8%D0%B2%D0%B8

4. „Збунети години“ од Велко Неделковски, илустрации Здравко Гиров

Борче е осмоодделенец кој постојано ги задева и ги засмева девојчињата во училиштето. Симпатија му е Виолетка и преку Димитар, скромен седмоодделенец и нејзин соученик, ѝ праќа љубовни писма. Во неа е вљубен и Димитар, кој всушност ги пишува писмата во име на Борче. Различни во поглед на социјалниот статус, но и во однос на карактерот, сензибилитетот и физичкиот изглед, овие две момчиња ќе се обидат да го освојат девојчето со плетенки, црвени образи и со симпатична насмевка.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13498

5. „Животните од Африка“

Интерактивната пиши-бриши вежбанка со маркер „Животните од Австралија“ е едно од најбараните изданијата за деца и во јуни.

Лавот си ја бара својата круна, крокодилот го бара патот до брегот, а нежниот носорог си ги бара цвеќињата за да си направи букет... Помогни им да ги пронајдат!

Овие едноставни и забавни активности, подредени според тежината, ќе им помогнат на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку: почетно пишување на разни видови линии; слободно пишување линии; развивање на фините моторички вештини на мускулите на рацете и прстите; можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно. Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.

Изданието е достапно во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14615

6. „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ од Хариет Мункастер

Новата книга од серијалот за малата самовила-вампир од авторката Хариет Мункастер – „Исидора Мун ја запознава Забовилата“ е една од најбараните наслови за деца во јуни. На Исидора ѝ се ниша запче! Вампирите ги врамуваат своите први вампирски запчиња, но самовилите ги оставаат под перница за забовилата. Исидора не може да одлучи што ќе прави со своето запче, до моментот кога една вечер запознава волшебна глувчица по име Миличка. Со помош на Миличка, Исидора ќе создаде нова традиција. Традиција што ќе биде целосно уникатна, исто како неа!

Книгите за Исидора Мун можат да се најдат во книжарниците на „Литература.мк“ или да се нарачаат онлајн на:

https://www.literatura.mk на следниот линк: https://bit.ly/3zDpYBU

7. „Пајажината на Шарлот“ од Елвин Брукс Вајт

Чудесно прасе. Скромно. Блескаво. Ова се зборовите во пајажината на Шарлот, високо во аголот на шталата на Цукерман. Пајажината на Шарлот зборува за нејзините чувства кон прасенцето Вилбур, кое најмногу од сè сака да има пријател. „Пајажината на Шарлот“ зборува и за љубовта кон Вилбур на девојчето Ферн, која му го спасува животот кога се раѓа како кржле во леглото прасиња. Овој роман е нежна приказна за пријателството, љубовта, животот и смртта, кој ќе продолжи да ги освојува срцата на идните генерации деца.

Книгата, која е дел од едицијата „Лесно читливи лектири“, е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13632

 

8. „Силјан штркот“ од Марко К. Цепенков

Во село Мало Коњари имаше еден чоек многу чесен и кроток, на име Божин.

Тој имаше само еден син на име Силјан; имаше Божин и една ќерка.

Силјан беше многу гален и од татка и од мајка, чунки од многу синои Божиноj само Силјан беше останал жив, та од тоа беше гален многу и беше го ожениле уште на шеснаесет години и на седумнаесетте години му се роди на Силјана едно дете машко, му го викаа Велко.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн на:

https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13495

9. „Нови бајки од Македонија“

Четирите бајки „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ се дел од новата едиција „Нови бајки од Македонија“, кои неодамна излегоа од печат во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Бајките што се дел од оваа едиција се напишани од современи млади автори кои имаа можност да ги пријават своите дела на отворениот конкурс што го распишаа Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“. Веднаш по изборот на бајките беше распишан и отворен повик за дизајнери-илустратори кои ги работеа визуелните прикази на бајките, давајќи им целосно свеж и оригинален печат.

Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајанова. Елизабета Баковска е автор на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрацијата е на Катерина Соколова. Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрацијата е на Орце Нинески и „Осаменото дрво“ е од авторката Нина Максимова, а илустрацијата ја изработи Иван Коминовски.

Книгите, кои се објавени под „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се достапни во „Литература.мк“, како и во сите поголеми книжарници низ државата.

https://bit.ly/3tA8jHu

10. „Ха, ха, ха... Да паднеш од смеење!“

Вториот дел од книжињата со најсмешни вицови за деца „Ха, ха, ха... Да паднеш од смеење!“ ќе предизвика искрена смеа (до солзи) и одлично расположение кај младите читатели. Добриот виц има моќ да ги смири подивените, занесените да ги натера да слушаат, а влечковците да побрзаат за да не испуштат здраво смеење. Вицовите можете да ги употребувате за да ги извлечете наутро спанковците да не задоцнат на училиште или за да промените несакана тема, да подобрите нечие расположение, па и да го заокружите денот насмеани. Такви се двете продолженија на „Ха, ха, ха... Да паднеш од смеење!“

Книгите „Ха, ха, ха... Да паднеш од смеење!“ се достапни во сите книжарници на „Литература.мк“ или онлајн на https://www.literatura.mk.

Прв дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=13480

Втор дел: https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14849

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.44 MB