Настани

Хари Кацановски: Со романот Анатрос создадов посебен свет во кој ги спојувам науката и уметноста

17.02.2023.
Хари Кацановски: Со романот Анатрос создадов посебен свет во кој ги спојувам науката и уметноста
Хари Кацановски: Со романот Анатрос создадов посебен свет во кој ги спојувам науката и уметноста

Со промоцијата на новиот научно-фантастичен роман на Хари Кацановски, „Анатрос“, вчеравечер, 16 февруари (четврток), во „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ беше заокружена програмата на „Денови на литературата“. Книгата е дел од едицијата „Во еден здив“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Промоторка на книгата беше уредничката Оливера Ќорвезироска.

– Големата жанровска рамка на „Анатрос“ е научната фантастика, иако во овој кус роман се преплетуваат повеќе различни пристапи и понирања и во други раскажувачки формати. Психологијата на ликовите, траумите од растењето, релациите со другите... во книжевното писмо на Кацановски се поставени како наджанровска база, како суштина на постоењето сега, порано или подоцна. Компјутерските игри во иднината можеби ќе имаат влез за стварноста во нив, но она што нема да се промени е човековиот стремеж за излез од болката, страдањето и осаменоста – рече Ќорвезироска.

Идејата за новелата „Анатрос“ се родила пред повеќе години. Приказната почнала во форма на кратки раскази што ги пишувал сам за себе.

– Сакав да создадам свет во кој „обработувам“ разни теми што ме засегаат, но прикажани во уметничка форма, пред сѐ, бидејќи уметноста може да продре во нив на начинот што го преферирав. Вториот важен аспект ми беше естетското доживување на светот што го измислив, а сакав да го пренесам, ако тоа воопшто е возможно, бидејќи секој може да го гледа четивото низ сопствените естетски леќи. Насловот „Анатрос“ ми беше интересен, не поради етимолошкото значење или, пак, симболиката на зборот, туку поради звучната естетика. Секако, тој има значење во контекстот на приказната што се занимава со главниот протагонист Јан. Тој е „сив“ лик, зашто не сакав да натежнувам кон црно-белото морално стилизирање на неговите карактерни особини. Неговите конфликти поврзани со слободната волја, потребата за среќа и мир, како и можноста или неможноста да го контролира надворешниот свет и себеси; се појави што се универзални за човекот без разлика на културата во која живее, а сепак се манифестираат различно во секој културолошки наратив. Другите ликови, наспроти Јан, се стилизирани, а тоа создава контраст што ја покажува неговата одвоеност од надворешниот свет – изјави Кацановски.

„Анатрос“ е во рамките на научната фантастика, за која авторот вели дека одамна му е блиска. Во литературата, филмската уметност и другите уметнички форми, таа имала важен удел во развојот на неговиот светоглед.

– Научната фантастика еклектично ги обработува нештата што лично ме засегаат или ми побудуваат интерес, имено, од филозофијата и науката, до културата и историјата. Сепак, тешко е да го ставам „Анатрос“ во конкретни жанровски рамки, бидејќи содржи елементи од разни жанрови и поджанрови... Се надевам дека многумина ќе пронајдат нешто вредно во романот, на различен начин и поради различни причини. Немав на ум конкретна порака што би можел да ја срочам во кохерентна целина, веројатно поради тоа како го замислував четивото. Може да се каже дека во четивото има разни перспективи, критики и/или дилеми што се отворени за дискусија и разглобување – рече тој.

Ова е прв роман на Кацановски, кој родум е од Скопје, а има дипломирано на Машинскиот и на Фармацевтскиот факултет. За време на студиите и работата како филмски преведувач држи приватни часови по хемија, физика и математика, а професионално пишува и содржини од научен карактер. Негува голем интерес за психологија, филозофија и уметност, сврзани во едно градиво низ медиумот на научната фантастика.

 

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку: https://www.literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14969

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
30.
Oct.
Настани
„Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.21 MB