Настани

Почна со работа најголемата е-книжарница www.literatura.mk

13.07.2023.
Почна со работа најголемата е-книжарница www.literatura.mk
Почна со работа најголемата е-книжарница www.literatura.mk

Под слоганот „враќање кон иднината“, вчеравечер (12 јули), со коктел-забава на терасата на книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“, беше означен почетокот на работата на најголемата е-книжарница во нашата земја www.literatura.mk.

На новиот сајт, кој е повеќе од книжарница, понудени се повеќе од 6.500 книги од 50 издавачки куќи и над 15.000 производи од 60 брендови. Покрај книгите, застапени се подароци, дизајнерски додатоци за домот и канцеларијата, играчки, едукативни, арт и колекционерски производи и школска опрема.

– На овој промотивен настан се враќаме кон иднината! Всушност, приказната на „Литература.мк“ почна со онлајн-книжарницата пред 12 години, на која можеа да се нарачаат книги и едукативни и стручни изданија. Пред седум години, од интернет „Литература.мк“ се пресели на улицата „Македонија“, бр. 21 (спроти спомен-куќата на Мајка Тереза). Така, симболично, токму од првата физичка книжарница почнува и новата приказна на најголемата е-книжарница. Лансирањето на новата www.literatura.mk е остварување на долгогодишен сон, на чија реализација работеше вредниот тим на веб-шопот. Им честитам за трудот и посакувам успешен почеток – изјави Дарко Фиданоски, коосновач на „Литература.мк“.

„Литература.мк“ е веќе добро препознатлив синџир книжарници: на улицата „Македонија“, „Веро центар“ и ТЦ „Буњаковец“ во Скопје, на Широк сокак во Битола и во центарот на Струмица, како и „Литература.мк суперстор“ во „Ист гејт мол“ и „Скопје сити мол“.

Во промотивниот период, со регистрација може да се добие 20 отсто попуст за секоја нарачка, на кој било производ. Промотивниот код може да се искористи до 20.07.2023 година.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6 MB