Настани

Среќен роденден „Литература.мк“ во Битола

17.11.2023.
Среќен роденден „Литература.мк“ во Битола
Среќен роденден „Литература.мк“ во Битола

На 17 ноември на најфреквентното шеталиште во Битола, Широк Сокак, пред точно 5 години официјално беше отворена новата книжарница на „Литература.мк“.

Почетокот на новата приказна на „Литература.мк“ во градот на конзулите беше одбележан со коктел-забава и концерт на познатата битолска група „Фолтин“. Уште во првите неколку часови, неколку стотици битолчани од сите генерации ја посетија книжарницата, којашто е со модерен, артистички уреден ентериер.

Пет години подоцна книжарницата прерасна во една од најпрепознатливите и најпосетени книжарници во Битола. Во срцето на Битола, од неа пулсира културниот живот на градот. „Литература.мк“ на Широк Сокак, во простор од 20 m2, ги донесе светските книжарски трендови, како и изданијата на најголемите домашни издавачки куќи, задоволувајќи го вкусот и на најпребирливите вљубеници во книгата. Со ова, градот на конзулите доби книжарница по светски терк. Во неа е застапена литература за целото семејство. На полиците на книжарницата може да се најде голем избор од белетристиката, стручната литература, книжевност за деца, учебници и едукативни материјали.

Како веќе препознатливо место за страсните љубители на книгата, вљубеници во пишаниот збор и талкачи низ бескрајниот литературен простор, „Литература.мк“ нуди богата програма, разни случувања и содржини наменети за сите возрасти и за сите вкусови: литературни дружења, гостувања на домашни и на странски автори, креативни средби и едукативни работилници за најмалите читатели.

Синџирот продавници сега има 6 книжарници низ целата земја, а круната ќе биде овогодинешното отворање на суперпродавницата „Литература.мк“ во новиот трговскиот центар „Диамонд мол“, која воедно ќе биде и најголемата книжарница во Македонија. 

 

Роденденот го прославуваме со потсетување на дамнешниот 17-ти ноември и мала галерија од отварањето.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

16.
Nov.
Настани
Во рамките на годинешното издание на Неделата на италијанската кујна, вчеравечер, 15 ноември, во книжарницата „Литература суперстор“ во „Ск...
15.
Nov.
Настани
Денес (15 ноември), во „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“, со почеток во 19 часот, „Амбасада на Република Италија&l...
06.
Nov.
Настани
Минатата недела се одржа промоција на едукативната игра од Христина Стефановска: „Шумската дружина: кога сите сме заедно“. Интерактивната ед...
20.
Oct.
Настани
На 25 октомври, во 20 часот, во „Станица 26“, ќе се случи интергалактичка промоција на новата книга „Цепај сине“ од авторот на бестсе...
03.
Oct.
Настани
Во присуство на многубројна публика во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“, на 29 септември (петок) издавачк...
28.
Sep.
Настани
На 29 септември (петок), во книжарницата „Литература.мк“ во трговскиот центар „Ист гејт“, со почеток во 19 часот, ќе се одржи тројна ...
22.
Sep.
Настани
На 18 и 19 септември, со почеток во 19 часот во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија“ во Скопје, се одржаа книжевни средби...
13.
Sep.
Настани
Настанот со Даница Вукиќевиќ ќе се одржи на 19 септември (вторник) со почеток во 19 ч., во книжарницата „Литература.мк“ на ул. „Македонија&...
11.
Sep.
Настани
Разговорот со Драго Јанчар – што ќе се одржи на 18 септември (понеделник) со почеток во 19 ч., во книжарницата „Литература.мк“ на ул. &bdqu...
13.
Jul.
Настани
На новиот сајт, кој е повеќе од книжарница, понудени се повеќе од 6.500 книги од 50 издавачки куќи и над 15.000 производи од 60 брендови. 
array(0) {
}
Memory Consumption is: 7.59 MB