Настани

Промоција на книгата „Трибун, Хронистерик, Номад“ од Александар Прокопиев

22.01.2024.
Промоција на книгата „Трибун, Хронистерик, Номад“ од Александар Прокопиев
Промоција на книгата „Трибун, Хронистерик, Номад“ од Александар Прокопиев

Новата книга „Трибун, Хронистерик, Номад“ од познатиот писател и книжевник Александар Прокопиев ќе биде промовирана на 24 јануари (среда), во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Скопје сити мол“. Книгата ќе ја промовира Оливера Ќорвезироска.

„Трибун, Хронистерик, Номад“ е широка, длабока и пловна есеистичка книга на самиот раб помеѓу критичкиот и прозниот дискурс. Содржи десетина текстови со сроден тоналитет, подредени во три музички именувани циклуси: Praeludium, Scherzo и Lento.

Бележита во домашен, но и во поширок книжевен контекст, „Трибун, Хронистерик, Номад“ се слуша во брзи, бавни, интимни и шегобијни слапови. Почнува, извира со амбициозна авторска класификација, лична номенклатура на книжевните дејци и заложби на трибуни (Гете, Толстој, Иго, Андриќ, Крлежа, Сартр, Конески...), хронистерици (Достоевски, Ниче, Вајлд, Паунд...) и номади (Чехов, Џојс, Виткаци, Шопов...), што се провлекува до крајот на книгата на повеќе нивоа; тече преку крајно интимни свиоци, дури и епистоларии; и истекува, т.е. се влева, во „книгите што ги нема“, во книгите што сме ги подзаборавиле, а се од суштинско значење за домашниот книжевен контекст: првите збирки раскази на Драги Михајловски, Јадранка Владова и Димитрие Дурацовски од доцните осумдесетти години на минатиот век.

„Трибун, Хронистерик, Номад“ е вистинска книжевна музика за овдешното, ондешното и тамошното; за најдалечното и најблиското, за суштинското и заедничкото во личната пишувачка авантура.

Александар Прокопиев (1953, Скопје) досега објавил дваесетина прозни книги – раскази, новели, есеи и еден роман – некои од нив се преведени на светски и балкански јазици. Во 2000 година, Енциклопедија Британика ја истакна неговата книга хибридна проза „Антиупатства за лична употреба“ меѓу најинтересните годишни изданија од Југоисточна Европа, 2011 година за збирката бајки за возрасни „Човечулец“ ја доби угледната меѓународна награда „Балканика“, 2022 година во најновата едиција на обемната, реномирана историја на европските книжевности „Les Lettres Europeenes“, неговата проза се анализира во поглавјето „Тенденции и современи фигури 1989-2021“, споредувајќи ја со нарацијата на инвентивни раскажувачи како Бартелми, Калвино...

На најновата книга есеи „Трибун, Хронистерик, Номад“ ѝ претходеа: „Дали Калимах беше постмодернист?“ (1994), „Патувања на сказната“ (1996), „Постмодерен Вавилон“ (2000), „Борхес и Компјутерот“ (2005), „Измислувајќи ја Европа“ (2014).

Книгата е во издание на Супрема и достапна во сите книжарници на „Литература.мк“ и онлајн преку www.literatura.mk.

 

https://www.literatura.mk/esei/42343-tribun-hronisterik-nomad

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Есеи 061413
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
300 МКД
4,85 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
23.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје...
22.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица &bdquo...
21.
May.
Настани
Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, &bdq...
20.
May.
Настани
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс ...
17.
May.
Настани
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
13.
May.
Настани
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата з...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.89 MB