Настани

Промоција на крими-трилерот „Бахус“ од Сашо Кузмановски во Café Literatura во „Дајмонд мол“

07.02.2024.
Промоција на крими-трилерот „Бахус“ од Сашо Кузмановски во Café Literatura во „Дајмонд мол“
Промоција на крими-трилерот „Бахус“ од Сашо Кузмановски во Café Literatura во „Дајмонд мол“

На 9 февруари (петок), со почеток во 19 часот, во Café Literatura во „Дајмонд мол“, во рамките на „Денови на литературата“, ќе се одржи промоција на романот „Бахус“ од авторот Сашо Кузмановски, издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Романот ќе го промовира уредничката во издавачката куќа „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, низ разговор со авторот.

„Бахус“ е втор, независен дел од предвидената трилогија на Сашо Кузмановски, во која главен лик е полицискиот инспектор Јован Ингилизов-Џовани. Како и во дебитантскиот роман „Афера во музејот на пари“ („Арс Либрис“, 2021), и во „Бахус“ авторот се претставува со своето раскошно познавање од историјата на Македонија, овој пат надградено со исцрпно истражување на обредите и култовите во античкиот град Стоби, поврзани со познатите церемонии „баханалии“ во чест на римскиот бог на виното. „Бахус“ е исклучително интелигентен, аналитичен и реалистичен трилер, поткован со знаења за антиката и за ритуалите што се практикувале, за окултизмот и псевдонауката, кои вкомпонирани во нашиот контекст, прават еден мајсторски и претставителен криминалистички роман, податлив и за екранизација.

Сашо Кузмановски (1979) по професија е дипломиран новинар на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. Првите чекори во медиумите му датираат од 1995 година, кога првпат добива своја авторска радиоемисија во некогашното „Радио Оаза“ во Скопје. По 1996 година продолжува како новинар во радио „Канал 4“, кое неколку месеци подоцна се промовира како прво спортско радио. Покрај новинарската и водителската работа, почнува да се занимава и со спортско репортерство. Во периодот 1998-2008 година активно работи како новинар и во единствениот македонски дневен спортски весник „Македонски спорт“. Од 2001 година е програмски уредник на Спортското радио „90,3 ФМ“, каде што работи и денес.

Романот „Бахус“ ќе може да се купи во поголемите книжарници и да се нарача онлајн на интернет-продавницата www.literatura.mk. 
 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.96 MB