Настани

Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор

09.02.2024.
Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор
Промоција на расказите „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор

Издавачката куќа „Арс Ламина“ ќе ја промовира збирката раскази „Грамадата на пристаништето“ од словенечкиот писател Борис Пахор, во рамките на фестивалот „Денови на литературата“, што се одржува по четврти пат и ќе трае од 6 до 20 февруари. Настанот ќе се одржи на 13 февруари (вторник) во 19 часот, во Café Literatura, во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“.

Во промоцијата на книгата учество ќе земат промоторката Дарка Звонар Предан, публицистка и новинарка од областа на културата во мариборскиот весник „Вечер“, која ревносно го истражува творештвото на Пахор и која е авторка на поговорот во македонското издание на расказите „Грамадата на пристаништето“, преведувачот од словенечки јазик Дарко Спасов и уредничката Бисера Бендевска, во улога на модератор на разговорот.

Збирката „Грамадата на пристаништето“ првпат е објавена во 1972 година во Љубљана и главно била наменета за средношколци и студенти, со многубројни белешки што би им користеле на помладите читатели.

Во збирката се застапени шест раскази: „Грамадата на пристаништето“, „Пеперуга на закачалката“, „Бродолом“, „Цвеќе за лепрозниот“, „Ориент експрес“ и „Непоимливото прашање“. Секој од шесте раскази обработува вистински настани од животот на приморските Словенци по доаѓањето на власт на италијанските фашисти, а кои ги доживеал и самиот Пахор како дете и тинејџер. Низ очите на ликовите го сведочиме палењето на Народниот дом, симболот на градот Трст, асимилацијата на Словенците од страна на црнокошулците, убиството на славниот композитор Лојзе Братуж и бруталните механизми за принуда од страна на фашистите.

 

Борис Пахор (1913 – 2022) е еден од најважните и најпреведуваните словенечки писатели. Неговите дела се преведени на македонски, француски, германски, српски, хрватски, унгарски, англиски, шпански, италијански, каталонски, фински и есперанто. Најпознат е по автобиографскиот роман „Некропола“, за животот во концентрациониот логор Нацвајлер-Штрутхоф. Себеси се декларира како антифашист и сведок на фашистичкото насилство против Словенците во Италија и на страдањето во конц-логорите во Германија за време на Втората светска војна. Пахор е жесток поборник за националноста како примарен општествен идентитет.

 

Книгата „Грамадата на пристаништето“ може да се купи во книжарската мрежа „Литература.мк“ и да се нарача онлајн преку следниот линк https://www.literatura.mk/raskazi/36830-gramadata-na-pristanisteto 

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
30.
Oct.
Настани
„Италијанската литература и култура на барокот, просветителството и неокласицизмот“ во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана...
19.
Sep.
Настани
Црпејќи од своето повеќедецениско искуство во дипломатијата, безбедноста и меѓународните односи, некогашен министер за одбрана, амбасадор на Македонија во Бе...
14.
Sep.
Настани
Во присуство на многубројни мали и големи љубители на книгите, во саботата (13 септември), во Детскиот парк на „Скопје сити мол“ се одржа литерат...
10.
Sep.
Настани
За среќен и успешен почеток на новата учебна година, на 13 септември (сабота), со почеток во 18 часот, Детскиот парк на „Скопје сити мол“ ќе...
14.
Jun.
Настани
Новата книга „Околу три по полноќ“ од Димитрие Дурацовски ќе биде промовирана на 19 јуни (четврток), во 19 часот, во „Литература.мк“ ...
27.
May.
Настани
Литературно-музичкиот хепенинг „Читањето е супермоќ“ ќе се одржи на 1 јуни (недела), со почеток во 11 часот, на првиот кат во „Ист гејт мол...
25.
Mar.
Настани
Второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“ ќе се одржи од 2 до 16 април 2025 година, во организација на „Литератур...
14.
Mar.
Настани
Со дегустација на вкусни и здрави рецепти, во присуство на многубројни гости, вчеравечер (13 март), во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ldqu...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.04 MB