На 14 февруари (среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ на улица „Македонија“, ќе се одржи промоција на романот „Девојката што ја наслика смртта“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.
Настанот ќе се одржи во рамките на „Денови на литературата“, а учесници на промоцијата ќе бидат авторката Андреа Мирческа и уредничката Татјана Димовска-Атанасова.
„Девојката што ја наслика смртта“ е дебитантски роман на Андреа Мирческа. Станува збор за психолошки трилер со примеси на романса, мистерија и драма што според сите книжевни параметри е на ниво на актуелната светска продукција во овој жанр. Овој роман во исто време е и сериозна студија на карактери кои се прецизно, речиси хируршки, диференцирани, со сопствен глас и перспектива на настаните.
Мирческа, како што вели во предговорот на романот истакнатиот писател Венко Андоновски, суверено владее со модалитетите и со скриените мајсторски тајни на нарацијата. Сето тоа создава напнат и непредвидлив роман со кој Мирческа сериозно зачекорува на македонската книжевна сцена.
Најавата за романот може да се погледне на следниот линк:
https://bit.ly/devojkata
Романот ќе може да се купи во поголемите книжарници и да се нарача онлајн на интернет-продавницата www.literatura.mk.
- literatura.mk
- Блог
- Настани
- Промоција на возбудливиот дебитантски трилер „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирчевска
Настани
Промоција на возбудливиот дебитантски трилер „Девојката што ја наслика смртта“ од Андреа Мирчевска
13.02.2024.
Во моментов нема коментари
Слични статии
07.
Nov.
Настани
Авторизираната биографија на Славе Димитров – „Чија си“ од Максим Ристески ќе биде промовирана на 12 ноември, во 19 часот, во „Литера...
06.
Nov.
Настани
„На местото на настанот“, првата книга на новинарот Александар Видиновски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина &ndas...
01.
Nov.
Настани
Првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“, ќе биде промовирана на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, в...
16.
Oct.
Настани
Новата стручна книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана денеска во амфитеатарот на Стоматолошк...
09.
Oct.
Настани
Стручната книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана на 16 октомври (петок), со почеток во 10...
17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...