Настани

Прв официјален Pokémon-настан за македонските фанови во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“

15.03.2024.
Прв официјален Pokémon-настан за македонските фанови во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“
Прв официјален Pokémon-настан за македонските фанови во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“

Македонските фанови, конечно, ќе можат да учествуваат на настан инспириран од светот на Pokémon (Покемон)! 

Книжарницата „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ ќе биде домаќин на првиот официјален Pokémon-настан во нашата земја, кој ќе се одржи на 23 март (сабота), со почеток во 18 часот.

На интерактивниот настан, кој „Литература.мк“ го организира во соработка со „Комикс“ и „Пагода“, ќе се одржи размена на карти, турнир со играта Pokemon Go на мобилен, ќе има едукативен и натпреварувачки дел, како и многу изненадувања и подароци. Исто така, ќе има и презентација на брендот за најмладите посетители.

„Литература.мк“, како најголем застапник на производи инспирирани од светот на Pokémon, ќе обезбеди многубројни изненадувања и награди за македонските фанови. Исто така, почнувајќи од 15 март, ќе има 20% попуст за онлајн-нарачките преку https://www.literatura.mk/proizvodi/pokemon на дел од производите на Pokémon.

Pokémon е популарна јапонска франшиза, која се состои од видеоигри, анимирани серии и филмови, размена и игри со карти и друго. Франшизата се одвива во заеднички универзум, во кој луѓето коегзистираат со суштества познати како Pokémon.

Настанот во „Литература.мк суперстор“ е од отворен тип и за фанови од сите генерации, кои може да се вклучат во размената и во игрите.

Gotta Catch 'Em All во Скопје!

Ве очекуваме!

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Nov.
Настани
Авторизираната биографија на Славе Димитров – „Чија си“ од Максим Ристески ќе биде промовирана на 12 ноември, во 19 часот, во „Литера...
06.
Nov.
Настани
„На местото на настанот“, првата книга на новинарот Александар Видиновски, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина &ndas...
01.
Nov.
Настани
Првата книга на новинарот Александар Видиновски, „На местото на настанот“, ќе биде промовирана на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, в...
16.
Oct.
Настани
Новата стручна книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, беше промовирана денеска во амфитеатарот на Стоматолошк...
09.
Oct.
Настани
Стручната книга „Превентивна стоматологија“, во издание на „Арс Ламина“, ќе биде промовирана на 16 октомври (петок), со почеток во 10...
17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.19 MB