Настани

literatura.mk по вторпат прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards

15.03.2024.
literatura.mk по вторпат прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards
literatura.mk по вторпат прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards

Втора година по ред најголемата онлајн-книжарница www.literatura.mk e прогласена за најдобра е-продавница за култура, настани и едукација на Ecommerce Awards. На свеченоста, која се одржа вчеравечер (14 март), во DoubleTree by Hilton Skopje, беа наградени најдобрите во македонската е-трговија за 2023 година.

Literatura.mk беше номинирана и во категориите Е-трговец со најдобро искуство за е-плаќање, Е-трговец со најдобра грижа за корисници, Е-трговец за најдобро присуство на социјални медиуми, Е-трговец за различни производи и Е-трговец на годината.

На изборот беа доделени 39 награди. Во категориите каде што имало повеќе од 30 кандидати се доделија три награди, а во тие со помалку пријавени имаше еден победник. За најдобрите одлучи гласањето на публиката и стручно жири.

На е-продавницата literatura.mk се застапени повеќе од 15.000 производи од 70 издавачки куќи, како и од 80 гифт-брендови, како подароци, дизајнерски додатоци за домот и канцеларијата, играчки, едукативни, арт и колекционерски производи и училишна опрема.

Онлајн-книжарницата literatura.mk е едно од осумте продажни сервиси на „Литература.мк“, покрај книжарниците, кои се лоцирани на најфреквентните места во Скопје, Битола и Струмица. На сајтот се застапени изданија од сите книжевни жанрови, белетристика, домашни и светски класици, стручна литература, изданија за деца, лектири, дидактички материјали, гифт-програма и друго.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.16 MB