Настани

„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

13.05.2024.
„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“
„Браво сине“ и „Арс Ламина“ со збирка од 24 „Нови бајки од Македонија“

Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ „Нови бајки од Македонија“ е збирка од 24 современи авторски бајки, чиј авторски израз се темели на традицијата за раскажување, а стилот и визуелниот изглед на бајките им се приближува на младите читатели, со што се придонесува за создавање на читачки навики кај оваа публика.

„Покажавме дека имаме голем и свеж креативен капацитет кај младите кои бараат шанса да ги покажат своите потенцијали. Многу сме горди што успеавме да создадеме платформа што овозможи тие да се изразат креативно, а како резултат на тоа се создадоа нови дела што станаа за кратко време едни од најпродаваните и најнаградуваните книги од Македонија. Денес велиме добредојде на уште едно издание што произлегува од оваа креативна платформа. ’Браво сине‘ продолжува да гради можности за младите креативци и да реализира проекти од национален интерес“, истакна Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“

На промоцијата на збирката „Нови бајки од Македонија“, која се одржа во книжарницата на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обрати и Бранка Бугариска, директорка за издаваштво на „Арс Ламина“. „Во време на дигитализација е вистински предизвик да создадете книга што и со својата содржина и со својот изглед ќе биде допадлива за читателите. Имаме квалитетни автори и илустратори за да создадеме изданија во согласност со афинитетите на современата публика. Преку оваа соработка создадовме значајни дела што поставија нов стандард и ја збогатија современата македонска литература за деца. Нашата соработка продолжува и уверени сме дека ќе придонесеме за збогатување на македонската култура и издаваштво.“

Збирката „Нови Бајки од Македонија“ ја уреди Оливера Ќорвезироска, уредник во „Арс Ламина“, а илустрациите се на Орце Нинески.

„Браво сине!“, во партнерство со издавачката куќа „Арс Ламина“, реализираше значајни проекти од национална важност. На почетокот, со проектот „Бајки од Македонија“, македонското народно творештво се приближи до најмладите и доби нов современ лик, а потоа следуваа и проектите „Басни од Македонија“, „Бајки од Македонија за цела година“, „Мистериозното јајце“, „Современи бајки од Македонија“ и збирката „Детелинки-белинки“. Нивната главна цел беше да се поттикне креативниот потенцијал на младите илустратори и автори од Македонија. Досега, на јавните конкурси на Движењето „Браво сине!“ се пријавиле над сто талентирани дизајнери-илустратори од земјава, а 313 автори доставиле 442 текста за новите едиции на „Современи бајки од Македонија“. Вкупно се издадени 80 бајки од Македонија, како и четири басни од Македонија.

За исклучителниот успех на проектот говори и податокот дека едицијата „Бајки од Македонија за цела година“ е вброена помеѓу 200 најдобри книги за деца и млади во светот што се дел од годишното издание на најпрестижниот каталог на литература за деца и младинци во светот – „Вајт рејвенс“ (The White Ravens), кој е дел од најголемите светски саеми за книги што се одржуваат во Франкфурт и во Болоња. Дел од книгите во споменатите едиции се преведени на седум јазици и на Брајовата азбука, а добитници се и на светски награди и признанија.

Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво сине!“ го носи името на еден од основоположниците на современата македонска креативна и маркетинг-индустрија – Иво Лауренчиќ, кој во текот на целиот свој работен век им даваше несебична поддршка на младите и ги поттикнуваше да го изразат својот креативен потенцијал.

Книгата ќе биде достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн преку https://www.literatura.mk/slikovnici/57312-novi-bajki-od-makedonija

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 990 МКД
16,02 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

17.
Jun.
Настани
Новата поетска збирка на Зоран Анчевски, „Длабок простор“, беше промовирана вчеравечер (16 јуни), во книжарницата „Литература.мк“ во ...
10.
Jun.
Настани
Култниот струшки писател и сликар Димитрие Дурацовски понекогаш се враќа во Скопје — понекогаш, кога објавува нова книга. Се врати и вчеравечер (9...
03.
Jun.
Настани
Најновиот роман „Понекогаш се враќаат“ од истакнатиот македонски писател Димитрие Дурацовски ќе биде промовиран на 9 јуни (вторник), со почеток в...
22.
May.
Настани
На 28 мај (четврток), со почеток во 11 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ ќе се одржи литературно-музичкиот хепенинг „Ч...
22.
May.
Настани
Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година и промоцијата на победничкиот роман „Чудна случка во гратчето ...
21.
Feb.
Настани
Книгата С(обувки) која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше промовирана вчеравечер (20 февруари) во &...
20.
Feb.
Настани
Книгата „Сам во рој“ во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, и влезе во потесниот избор за наг...
06.
Feb.
Настани
Со свечениот настан „Во литературен филм“, настап на триото Trinity Strings и квиз за филмските адаптации на книгите, вчеравечер во „Литера...
21.
Nov.
Настани
Во чест на Светскиот ден на детето (20 ноември), во присуство на многу дечиња и нивните родители, вчеравечер во книжарницата „Литература.мк“ во &...
13.
Nov.
Настани
На Светскиот ден на детето, 20 ноември, во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, ќе биде промовирана едицијата ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.63 MB