Настани

Марјан Георгиевски: „Железно небо“ е љубовна приказна што преку црн хумор ги открива болните точки на новите генерации

24.05.2024.
Марјан Георгиевски: „Железно небо“ е љубовна приказна што преку црн хумор ги открива болните точки на новите генерации
Марјан Георгиевски: „Железно небо“ е љубовна приказна што преку црн хумор ги открива болните точки на новите генерации

Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“,  ја изведе својата монодрама „Железно небо“. Со оваа изведба беше промовирана и првата книга на Георгиевски, со ист назив, која е во издание на „Арс Ламина“.

Станува збор за современа, „љубовна“ приказна во седум поглавја, кои се всушност седум љубовни парови, седум приказни. Заедничко за сите делови/парови, за љубовните приказни во целиот роман е тоа што сите врски се на распаѓање или одамна распаднати, а мигот во кој се пишува за тоа е случајно инициран од нешто. Секоја приказна има најмалку по две лица, едно е видувањето на едниот партнер, друго е видувањето на другиот партнер. Но, ниту еден лик не е човечки и морално во ред. Сите се престапници, прељубници, сите ликови буквално се негативни речиси на ист начин. Романот функционира како еден вид „никогаш неснимена серија“, како средба со нашите најинтимни слики, звуци, искуства и доживувања.

Разговаравме со Марјан Георгиевски пред вчерашниот настап за неговата трансформација од стендап-комичар во автор на роман и за неговата прва книжевна премиера.

Како се роди твоето прво книжевно дело, а со него и ти како автор?

– Отсекогаш сум приврзан со пишаниот збор. Прекуработата со драмските текстови, како актер, режисер, комичар, повторно и повторно ми се потврдува дека драматургијата на едно дело е предуслов за добар перформанс. Мојата работа (театарот) е уметност што се случува сега и тука. Уметност на мигот. На контактот. Но, имав силна потреба да напишам роман, за да запечатам приказни од нашето време. Сакам да зборувам за темите на мојата генерација. Зашто верувам дека во оваа„дигитализирана“ реалност, книгата, како медиум, ќе гопреживее овој излуден свет посветен на сензационални, драматични и експресни содржини. Книгата е трајно дело што ќе нè надживее сите нас. „Железно небо“ прво беше драмски текст за седум парови кои ги отвораат најгорливите општествени и интимни светови, од кој не бев задоволен. Нешто фалеше. Го избришав драмскиот свет и наново почнав да ја пишувам предлошката за серија со многу краеви осмислена како чин во кој е вклучен и гледачот, но ситуацијата во која се наоѓаме знаеме дека тоа не е можно да го видиме на екраните или на сцените. Затоа, најдобрата форма да ги споделам сите овие наши приказни одлуката беше да бидат склопени во форма на роман, каде што читателот не е ставен во пасивизирана положба на набљудувач во светот што го нуди романот. Неговите одлуки играат главна улога во тоа како ќе завршат приказните, ликовите и нивните судбини. На крајот, „Железно небо“ е роман поделен во седум поглавја/епизоди со четиринаесет можни краеви. Читателот има можност да го креира светот на ликовите, неговите одлуки по која приказна ќе тргне, светот на овие ликови добива различен крај. Исто како во животот, ние одлучуваме како ќе продолжат нашите животи. Секогаш имаме можност за избор.

„Железно небо“ е насловот и на твојата монодрама. Во што се слични, а по што се разликуваат овие два проекта? Дали во некој сегмент се надополнуваат?

– Главната сличност е во тоа што монодрамата е само една приказна за еден пар кој живее на Балканот. Тема на еден балкански пар, кому поради една погрешна одлука му се урива целиот свет што го граделе целиот живот. Низ монодрамата гледаме како се справуваат овие ликови со апсурдните општествени вредности што нивните животи ги туркаат во амбис. Во романот имаме седум парови, со приказни што се поврзани со нашите реални проблеми, балкански до коска. И романот и монодрамата оставаат горчлив вкус во устата. Како го прифативме овој свет како нормален? Како наседнавме на ова што ни го нуди овој крај на цивилизацијата? Нема одговори, има многу неодговорени прашања. Затоа „Железно небо“ не е само роман што го остава читателот комфорен на својата фотелја туку и роман што провоцира, кој лесно воспоставува контакт со „нашиот“ читател. Првиот читател ми го напиша во порака ова: „Болните точки на ова општество, преку црн хумор и драматични пресврти, возбудливо доживување што не те остава рамнодушен“.

Има ли автобиографски елементи во книгата? И да нема, дали се препознаваш во некој од ликовите или во ситуациите?

– Сè што извира од нас потекнува од нашето лично длабоко интимно доживување и нашето опсерваторско око како уметници. Сите неискажани зборови, незадоволство, восхит се преточени во романот. Има лично, има и заедничко во романот. Ова е наше, балканско. Не постои приказна што барем во некој сегмент не сме ја доживеале или сме се плашеле дека ќе ја доживееме. Имаме можност преку приказните да видиме како би завршиле нашите животи. Колку се важни нашите одлуки? Каков живот живееме?

Колку ти како автор навиваш за позитивен исход на сите љубовни драми во книгата?

– Љубовта секогаш ќе победи. Тоа е силата што нè држи овде на Земјата. А љубовта е грижата. Колку се грижиме за другите во овој суетен и нарцисоиден свет живееме?

Каде што има љубов има и драма, а каде што има драма често има и хумор, млак и црн. Дали книгата има комични ситуации и материјал за стендап-комедија?

– Хуморот излегува од аголот од кој ѕиркаме. Кога оваа книга би ја читал некој што не би ги разбирал овие „наши“ теми би се смеел, би му изгледале апсурдни. Сите овие теми сум ги опсервирал како теми за стендап-материјали.

Оваа книга е посветена на твојата генерација, на проблемите што ги засегаат денешните млади. На кои теми, пред сè, алудираш?

– Ако пробам да сумирам која е главната тема на овој роман, тоа е колку љубовта може да се избори во ова време на ничкосани вредности, колку имаме можност да сонуваме во ова време на брза потрошувачка и отуѓени поединци? Ние заборавиме на контактот, на она што е човекот/социјалнотобитие. Зависиме од другите, од врските што ги создаваме. Не сме сами, нашите одлуки прават системски промени. Но, над сето тоа љубовта е таа што ни ја дава смислата.

Колку често љубовта и врската меѓу партнерите е тема за твоите авторски дела, стендап-настапи и слично?

– Љубовта е главната тема не само во романот туку и во стендап-материјалите, но љубовта сместена во општествениот контекст во кој сме сместени. Културолошкиот контекст и трансгенерациските пораки што ги добиваме се последица на тоа како љубовта ја третираме денес.

Какви е реакцијата на публиката? Дали тоа те поттикнува да работиш на нешто ново?

– За мене, книгата е нов медиум на изразување. Фасциниран сум како луѓето го доживуваат тоа што „Железно небо“ е идентификацијата што ја прават луѓето, пораките што ги откриваат, прашањата што си ги одговараат, отвораат во мене простор за нов мотив за нови приказни, нови теми. Периодов пишувам нешто, што не знам каква форма ќе добие на крајот. Тоа е одговорноста за тоа како на нашите деца да им го претставиме светот во којшто ќе живеат тие. Какви деца ќе израснеме, со кои вредности? Што е вредно денес?

 

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку следниот линк:.

https://www.literatura.mk/makedonska-knizevnost/50080-zelezno-nebo

Повеќе за програмата на фестивалот „Видик“ и продажба на влезниците за театарските и музичките настани, проверете на следниот линк:

https://www.literatura.mk/vidik

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
23.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје...
22.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица &bdquo...
21.
May.
Настани
Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, &bdq...
20.
May.
Настани
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс ...
17.
May.
Настани
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
13.
May.
Настани
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата з...
13.
May.
Настани
„ВИДИК“, во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, теат...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 10.97 MB