Настани

„Видик“ продолжува да отвора нови културни видици

29.05.2024.
„Видик“ продолжува да отвора нови културни видици
„Видик“ продолжува да отвора нови културни видици

Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба на илустрации и друго. По одличниот старт и реализацијата на првите 7 настани на „Видик“, ја завршивме втората недела со еден од најнадежните македонски џез-состави „Мојра“ и настанот „Џез на кирилица“, во чест на Денот на светите Кирил и Методиј (24 мај), во „Литература.мк“, „Дајмонд“.

  

Проектот „Мојра“ е обликоменлива грива од прелевачки набојни нишки и древни нервни завршетоци. Јадрото го вардат Јасна Трпкова и Дарко Јованов, како усвитени нектаро-носители. Нивните изведби пробиваат невидливи портали и дестилираат (о)појни меѓусостојби на: привлечното чудно, сонливото будно и спонтаното судно. Сведоштвата шепотат за хипнотизирачки сонични наметки, кои ја жарат реалноста со магични загатки. Досега имаат издадено два сингла: „Несебна“ и „Арома(н)тична“ и се во процес на снимање на првиот албум.

Оваа недела ја започнавме со фанк-џез фузија со диџеј Џорџ Цветковски. Преку проекција на краток документарен филм за почетоците и развитокот на фанк-музиката и нејзиното влијание,  на 27 мај, се запознавме со најважните настани од втората половина на 20 век. Музичката едукација беше предводена од Џорџ Цветковски, кој во улога на диџеј, ја однесе публиката на звучно патување преку внимателно одбрани винил-плочи. Џорџ е долгогодишен колекционер, аудиофил и диџеј кој својата пасија ја почнува во Скопје во осумдесеттите и продолжува во Америка од почетокот на деведесеттите. Неговата масивна колекција на плочи е фокусирана на фанк и џез-фјужн стиловите на музика што потекнуваат од Америка во шеесеттите и се прошируваат низ целиот свет. Џорџ ќе ни презентира одбран сет плочи за вечерашниот настан што ќе го продолжи мистичното патување низ светот на добриот грув.

 

Во исто, темпо продолжуваме со богатата програма и во следните денови:

 

29 мај (среда) / 18 часот, „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

Настапуваат: Стефан Илиев (труба), Јордан Колевски (труба), Благоја Василевски (хорна), Никола Ристевски (тромбон) и Александар Ниниќ (туба)

„Фамилија Металковци“ е едукативен концерт на музичарите од групата лимени дувачки инструменти во оркестарот на Македонската филхармонија. Преку овој интерактивен проект музичарите ја запознаваат помладата публика со специфичноста и карактерноста на секој од инструментите што припаѓаат на оваа оркестарска група.

 

30 мај (четврток) / 19 часот/ „Литература.мк“, „Скопје сити мол“

Издавачката куќа „Арс Ламина“ го заокружува проектот „Порта Европа“ со завршна изложба насловена „Поглед кон Порта Европа“, што ќе кулминира со финален промотивен настан утре, 30 мај (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Скопје сити мол“. Водителот на настанот ќе се осврне на две и полгодишното посветено работење на развивањето на книжевната едиција „Порта Европа“, што го придружуваа многубројни активности: поддршка на млади и дизајнери во подем преку организирање конкурс за дизајн на корици за шесте книги од едицијата, промовирање на преводната книжевност со високи уметнички вредности приопштена на македонски јазик, едукативни посети за ученици во основното образование со цел запознавање со еколошките практики во печатењето книги, како и запознавање со старите техники за рачна изработка на хартија и рачно печатење книги и сл.

31 мај (петок) / 21 часот / „Литература.мк“, „Дајмонд мол“

Го нарекоа скриен гитарски бисер, а за секој негов концерт секогаш се бара место повеќе. Таков е Мухамед Ибрахими, скромен, но маестрален на сцената. Тој својата гитара (мандолина, саз итн.) ја третира на многу неконвенционален начин, мошне интуитивен и инспиративен. Неговите композиции се автентична мешавина на повеќе музички стилови, како блуз, рок или амбиентален, но длабоко вкоренети во ориенталната (суфи) традиција и балканскиот фолклор. Овие храбри и елегантни комбинации честопати даваат неочекувани резултати среде уникатен и прекрасен звучен пејзаж. Исклучително импресивно за гледање/слушање во живо.

Мухамед Ибрахими го паметиме како гитарист на групата „Бла бла бла“, а многумина го познаваат и како творец кој практикува соработки со различни уметници. За себе вели дека е самоук, дека свири од својата пет година на различни инструменти, но ако треба да избира, би ја одбрал гитарата. Има издадено два албума, „Fly“ во 2014 и „Devotion“ во 2019 година.

 

 

Следната недела на програмата нѐ очекуваат: изложба на илустрации од книгите за деца „Си беше еднаш“, „Рокчето“ и „Нови бајки од Македонија“; интерактивна монодрама „Пингвинот“; патување по железницата на детските чувства со 7 сликовници од Маја Мишевска; и концерт на групата „The Wild Bunch“ (блуз).

 

Следете ги сите настани на социјалните мрежи и придружете ни се на културно патување низ фузијата на литературата, музиката, театарот, сликарството, филмот и дизајнот:

@vidikfestival

@vidikfestival

 

 

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
23.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје...
22.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица &bdquo...
21.
May.
Настани
Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, &bdq...
20.
May.
Настани
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс ...
17.
May.
Настани
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
13.
May.
Настани
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата з...
13.
May.
Настани
„ВИДИК“, во организација на „Литература.мк“, што ќе трае од 16 мај до 16 јуни 2024 година, ќе ги обедини литературата, музиката, теат...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.07 MB