Настани

Работилница за изработка на кукли со Калиопи Трпчева - инспирирана од сликовницата „Шила“

04.11.2024.
Работилница за изработка на кукли со Калиопи Трпчева - инспирирана од сликовницата „Шила“
Работилница за изработка на кукли со Калиопи Трпчева - инспирирана од сликовницата „Шила“

Сликовницата „Шила“ е инспирација за работилница за деца, која ќе се одржи на 10 ноември (недела), во 12 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на Skopje Design Week 2024. На настанот, кој се реализира во соработка со „Литература.мк“, учесниците ќе изработуваат кукли од  рециклирани материјали: картон, хартија, текстил, копчиња, волница и друго. Работилницата ќе ја води илустраторката на сликовницата, Калиопи Трпчева, која ќе им помогне на децата да ги направат своите уникатни кукли/човечиња и да ги именуваат според своите емоции. 

Книгата „Шила“ од писателката Јана Мишо и илустраторката Калиопи Трпчева е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Станува збор за топла приказна за патот до среќата на едно срамежливо девојче. Шила ги изразува своите емоции преку изработка на кукли. Таа ги прави од ткаенина, со машина за шиење. Преку секоја кукла претставува некоја од своите емоции – убави, но и не толку пријатни. Така настануваат куклите со име: Срам, Храброст, Радост, Болка, Надеж, Љубов… Како што расте Шила, така расте и бројот на куклите што ги шие…

Калиопи Трпчева  е дипломиран сликар со насока моден дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје. По завршување на факултетот има неколку свои и групни изложби. Од 2016 година почнува интензивно да се занимава со дигитална илустрација.

Првата авторска книга „Радосница за креативни родители“ ја објави во 2019 година во издание на „Арс Ламина“. Станува збор за книга за забележување на најубавите моменти на вашето дете, од првиот ден до првиот роденден. Трпчева има илустрирано повеќе книги за деца, лектирни изданија и читанки: „Сказна за рибарот и рипката“, „Сказни за глупавото глувче“, „Што е тоа добро, а што е лошо?“, „Сказни“, „Басни“, „Случајот со смрдливите чорапи“, „Биди среќна ѕвездичка“, „Мојот пријател А“, „Девојчето со двете имиња“, „Сонливата месечина“ и други.

Авторка е на илустрациите за сликовницата „Шила“, која излезе од печат во 2022 година, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“. Има направено илустрации за тетратки за почетно пишување, но и за големиот едукативен проект „Мојата прва библиотека“, со 31 книга за почетно читање. Исто така, изработува илустрации за принтани игри (printgame) на Escape room Geeks. Станува збор за игрите: Circus Medrano, Arie –and the secret of light и Silver Screen Sleuths. Влезот на работилницата чини 100 денари.

„Литература.мк“ се приклучува како поддржувач на ова издание на Skopje Design Week, како една од локациите на одржување на настаните.  Досега, во рамките на оваа соработка се одржа работилница за редизајн на ранец, под менторство на познатата модна креаторка и професорка Лидија Георгиева. Младите креативци редизајнираа ранци, инспирирани од темата на годинашното издание на SDW „Чиста мобилност“ како напреден пристап кон почиста, подобра и поефикасна непосредна околина, земја, континент… Редизајнираните ранци ќе бидат изложени во „Литература.мк суперстор“ во „Дајмонд мол“ за време на ова издание на Skopje Design Week, од 6 до 10 ноември. Изложбата ќе биде од продажен карактер.

Во 13 часот е закажан Next Gen Design opportunities four young designers from Europe со Маја Лалиќ, Гордана Вренцоска, Билјана Прентоска и Александар Велиновски. Од  15 до 18 часот е работилницата How to... со Свереин Филек од Австрија.

Во петок (8 ноември) во 12 часот почнува мастер-клас In Praise od Bastardy со Никола Радељковиќ од Хрватска. Од 13:30 до 15 часот ќе се одржи мастер-класот Hoew to create Design oriented brand? со гостинот Зоран Једрејчиќ.

Во недела (10 ноември) покрај работилницата со Калиопи Трпчева, во „Литература.мк“ ќе се одржи и музички настан со диџеј Дарко Марковски, што ќе почне во 16 часот и со кој ќе биде затворено ова издание на  Skopje Design Week.

Линк до билетите за настаните: Билети за културно уметнички настани | literatura.mk

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

21.
Nov.
Настани
Во присуство на многубројни гости, професори по македонски јазик, книжевници и ученици, вчеравечер (20 ноември), во „Литература.мк“ во „Дај...
01.
Nov.
Настани
По романтичната фаза и популарните романи „Скоро парижанка“ и „Анаис од Монмартр“ и  тин-серијалот „Јас сум Миа“, по...
19.
Oct.
Настани
Со силен аплауз, многу емоции, солзи и смеа, во носталгичен и топол амбиент, вчеравечер (18 октомври) во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол&ld...
14.
Oct.
Настани
Во чест на 90. роденден на големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологичар и преведувач Влада Урошевиќ, н...
09.
Oct.
Настани
Роман-ламја со 100 глави и недобројни опашки (односно значења). Ракопис филмичен како сценарио на Кшиштоф Кишловски. Книга – искривено огледало во кое ...
07.
Sep.
Настани
Првата авторизирана биографија на легендарниот фудбалер Дарко Панчев ќе биде промовирана на 25 септември (среда), во 19 часот,  во „Литература.мк&...
07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 5.9 MB