Ново

„Квантна надмоќ“ од Мичио Каку открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè

30.07.2024.
„Квантна надмоќ“ од  Мичио Каку открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè
„Квантна надмоќ“ од  Мичио Каку открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè

Интернационалниот бестселер што открива како револуцијата кај квантните компјутери ќе смени сè, „Квантна надмоќ“ од д-р Мичио Каку излезе од печат на македонски јазик.

Ова е второ дело на Каку, по популарната книга „Иднината на умот“, што е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Нема ниту еден проблем со кој се соочува човештвото што не може да биде адресиран од квантните компјутери. Со својата карактеристична јасност и ентузијазам, д-р Мичио Каку, кој го поминал целиот свој професионален живот работeјќи на квантната теорија, ја раскажува оваа интересна и возбудлива научна приказна за трката за освојување на иднината на човештвото.

Сензационалниот успех на микрочипот можеби конечно стигнува до својот крај. Како што транзисторите стануваат сè помали, достигнувајќи ја големината на атомите, феноменалниот раст на компјутерската моќ неизбежно колабира. Но, оваа промена го навестува раѓањето на револуционерен нов тип компјутер што пресметува директно врз поединечните атоми.

Квантните компјутери ветуваат невидени придобивки во компјутерската моќ, овозможувајќи напредоци што би можеле да ги променат сите аспекти на нашиот секојдневен живот. Додека медиумите главно се фокусираат на нивниот изненадувачки потенцијал да ги пробијат сите познати методи на енкрипција, веќе почна трката да се искористи нивната неверојатна моќ за револуционизирање на индустријата. Производителите на автомобили, медицинските истражувачи и консултантските фирми – сите се обложуваат на квантната компјутерска технологија за дизајнирање на поефикасни возила, создавање нови животоспасувачки лекови и оптимизација на бизнисите. Но, ова е само почетокот. Квантната компјутерска технологија може да се користи за дешифрирање на сложените хемиски процеси потребни за производство на евтини ѓубрива и ослободување на втора Зелена револуција; создавање супербатерија што ќе ја овозможи соларната ера; или дизајнирање на нуклеарни фузиски реактори за производство на чиста, безбедна и обновлива енергија. Може дури и да ги открие неверојатно тешките процеси на „свиткување“ на протеините што се наоѓаат во срцевината на досега неизлечливите болести, како Алцхајмеровата болест, АЛС и Паркинсоновата болест. Квантните компјутери веќе се користат за да помогнат во решавањето на најголемата мистерија во науката – потеклото на универзумот.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 550 МКД
8,90 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
03.
Sep.
Ново
Новата сликовница „Белче“ од македонската авторка Милена Лунеска излезе од печат во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина &ndas...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
24.
Aug.
Најнови изданија
„Колку ме сакаш, мамо?“ е нова сликовница од авторката Илина Качинске, со илустрации на Рената Јосифовска, во издание на „Либи“
21.
Aug.
Ново
Романот „Гоце Делчев“ од македонскиот писател Ванчо Николески, кој е задолжителна лектира за учениците од 5. одделение, излезе од печат.
20.
Aug.
Ново
Најпознатата македонска бајка за Силјан Штркот, која претходно беше објавена како дел од изданието „Бајки од Македонија за цела година“, отсега е...
19.
Aug.
Најнови изданија
„Природа“ и „Фарма“, кои се во продукција на „Скрипти“,  им овозможуваат на децата низ игра и низ забава да откриваа...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
18.
Aug.
Ново
Од печат излезе „Приказната за Доктор Дулитл“ од Хју Лофтинг, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации&ldquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 6.96 MB