Вести

„Само еднаш“ од Ребека Серл – Кога би можеле да го промените минатото, што би избрале поинаку?

28.09.2026.
„Само еднаш“ од Ребека Серл –  Кога би можеле да го промените минатото, што би избрале поинаку?
„Само еднаш“ од Ребека Серл –  Кога би можеле да го промените минатото, што би избрале поинаку?

По големиот успех на романите: „За пет години“, „Едно лето во Италија“ и „Рок на траење“, Ребека Серл се враќа со уште една емотивна приказна за љубовта, за семејството, за изборите и за вторите шанси. Нејзиниот нов роман „Само еднаш“, кој излезе од печат на македонски јазик, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ги носи читателите во свет, во кој еднаш во животот можеме да се вратиме назад и да промениме еден единствен момент.

Во семејството Новак жените се раѓаат со необичен дар: само еднаш во животот можат да го вратат времето назад. Лорен уште од својата петнаесетта година знае дека нејзината мајка Марсела го спасила нејзиниот татко од смртоносна сообраќајна несреќа. Но, откако го искористила својот единствен дар, Марсела живее во постојан страв од она што веќе нема да може да го промени. Нејзината мајка Силвија е нејзина целосна спротивност – слободоумна, неконвенционална жена со гламурозно минато. Порасната меѓу овие две силни жени, Лорен целиот живот го поминува во исчекување на сопствената катастрофа.

Кога нејзиниот сопруг прифаќа работа во Њујорк, Лорен се враќа во домот од своето детство на брегот на Малибу. Се надева дека повторно ќе се зближи со своето семејство и ќе ја залечи тивката пукнатина што со години ја оддалечува од мајка ѝ.

Но, не очекува дека ќе се врати и Стоун, момчето од соседството,нејзината прва љубов, што ѝ го скршило срцето.

Додека повторно тоне во старите навики и чувства, Лорен почнува да се прашува дали сите избори што ја довеле до овој миг биле вистинските. И дали еден од нив можеби треба да биде избришан.

„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што сите ја имаме – барем еднаш да можеме да се вратиме назад и да направиме поинаков избор.

Со препознатливата способност на Ребека Серл да спојува романтика, силни семејни односи и елементи на магичното, „Само еднаш“ отвора едно едноставно, но моќно прашање: ако добиете само една шанса да го промените минатото – кој момент би го избрале?


„Само еднаш“ премиерно е достапна во маркетите „Кам“, а наскоро ќе може да се најде и во сите поголеми книжарници низ земјава.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 330 МКД
5,34 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 390 МКД
6,31 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 420 МКД
6,80 EUR
Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 350 МКД
5,66 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 45.92 MB