Настани

Движењето за креативност Иво Лауренчиќ и Арс Ламина на Меѓународниот ден на детето ги промовираа авторите и илустраторите на Новите бајки од Македонија

01.06.2022.
Движењето за креативност Иво Лауренчиќ и Арс Ламина на Меѓународниот ден на детето ги промовираа авторите и илустраторите на Новите бајки од Македонија
Движењето за креативност Иво Лауренчиќ и Арс Ламина на Меѓународниот ден на детето ги промовираа авторите и илустраторите на Новите бајки од Македонија

На одбележувањето на Меѓународниот ден на детето – 1 јуни, беше промовирана едицијата „Нови бајки од Македонија“, со што се збогати македонската литература за деца. На настанот беа промовирани и авторите на бајките, како и илустраторите кои работеа на визуализација и „оживување“ на ликовите. Четирите бајки од едицијата „Нови бајки од Македонија“ – „Бакнежот на пролетта“, „Перуника“, „Сончевото момче Ил“ и „Осаменото дрво“ се во издание на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и издавачката куќа „Арс Ламина“.

Бајката „Перуника“ ја напиша авторот Сибо, а илустрацијата ја изработи Јована Велинова-Трајанова, Елизабета Баковска е автор на бајката „Бакнежот на пролетта“, а илустрацијата е на Катерина Соколова. Бајката за „Сончевото момче Ил“ е дело на авторката Катерина Данаилова, а илустрацијата е на Орце Нинески, додека „Осаменото дрво“ е од авторката Нина Максимова, а илустрацијата ја изработи Иван Коминовски.

За дел од авторите на бајките и нивните илустрации ова е прва можност да ја искажат својата креативност, создавајќи нова автентична литература за деца со современ израз што и визуелно, преку оригинална илустрација, ги раскажува авантурите на главните ликови.

Да се создаде бајка по класичниот урнек, но со современи елементи, со што ќе им се доближи на современите читатели, беше предизвик за авторите кои сакаат да истражуваат во својот процес на создавање. И авторите чии дела се по првпат објавени и оние што веќе издале свои творби укажуваат на важноста од постоење на вакви можности, преку кои авторите ќе можат да работат и да го развиваат својот креативен потенцијал.

Авторите на четирите бајки од едицијата „Нови бајки од Македонија“ беа избрани на јавен конкурс во силна конкуренција од 316 автори со 442 дела. И на конкурсот за илустратори исто така имаше голем интерес, пристигнаа 96 апликации од 61 автор.

На промоцијата на Ангелка Пеева Лауренчиќ, член на Управниот одбор на Движењето за поддршка на креативноста Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“, поздравувајќи ги авторите и илустраторите, ја истакна важноста на овој проект и подвлече дека и понатаму ќе се работи на отворање нови можности за создавање дела што ќе останат како културно наследство за идните поколенија, но и развој и поттик на креативниот потенцијал.

Бранка Бугариска, директор на издаваштво во издавачката куќа „Арс Ламина“, изрази задоволство што вредностите на овој проект се веќе препознаени и љубителите на овој вид литература уживаат во волшебните светови на оваа едиција.

Ова не е прв заеднички проект на Движењето за креативност Иво Лауренчиќ – „Браво Сине!“ и „Арс Ламина“. Во изминатиот период, преку заедничката соработка, беа реализирани проектите „Бајки од Македонија за цела година“ и „Басни од Македонија“, кои постигнаа голем успех. Дел од нив се преведени на седум јазици, на Брајовото писмо, наградувани во светот и дома и се меѓу најпродаваните книги за деца кај нас.

„Бакнежот на пролетта“ од Елизабета Баковска, илустрации: Катерина Соколова е достапна за нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14914

„Перуника“ од Сибо, илустрации: Јована Велинова-Трајанова е достапна за нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14916

„Сончевото момче Ил“ од Катерина Данаилова, илустрации: Орце Нинески е достапна за нарачка на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14917

„Осаменото дрво“ од Нина Максимова, илустрации: Иван Коминовски е достапна за нарачка на следниот линк:
https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14915

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

07.
Jun.
Настани
Поминаа вкупно 15 настани, а нѐ очекуваат уште 5 да го заокружиме првото издание на фестивалот.
31.
May.
Настани
Со завршна изложба со симболичен наслов „Поглед кон Порта Европа“, во рамките на програмата на фестивалот за литература и општа култура „Ви...
29.
May.
Настани
Во првите две фестивалски недели на „Видик“ се одржаа промоции на книги за возрасни и за деца, музички настапи, театарска изведба, изложба н...
24.
May.
Настани
Популарниот битолски стендап-комичар Марјан Георгиевски, вчеравечер, во „Литература.мк“, „Дајмонд мол“, во рамките на новиот фес...
23.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (22 мај), во „Литература.мк“ во „Скопје...
22.
May.
Настани
Во рамките на новиот фестивал за литература и општа култура – „Видик“, вчеравечер (21 мај), во „Литература.мк“, на улица &bdquo...
21.
May.
Настани
Во рамките на првото издание на новиот фестивал за литература и општа култура, „Видик“, вчеравечер (20 мај), во „Литература.мк“, &bdq...
20.
May.
Настани
Промоцијата ќе се одржи во рамките на првото издание на „Видик“ – новиот фестивал за литература и општа култура. Ова издание на „Арс ...
17.
May.
Настани
Скопје доби нова културна инфузија – новиот фестивал за литература и општа култура „Видик“!
13.
May.
Настани
Волшебниот свет на бајките е побогат за уште едно издание. Денеска, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ се промовираше книгата з...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.08 MB