Вести

Златко Василкоски доби признание од Општина Велес за книгата Мултиверзум за почетници

23.11.2022.
<strong>Златко Василкоски доби признание од Општина Велес за книгата Мултиверзум за почетници</strong>

Авторот на првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик – „Мултиверзум за почетници“, проф. д-р Златко Василкоски, доби признание од Општина Велес, што се доделува по повод 9 ноември – Денот на ослободувањето и Денот на Општината. Благодарницата му е врачена за меѓународна афирмација на Велес и Македонија во областа издаваштво за космологија и астрономија, со ова негово значајно дело.

Василкоски, кој живее и предава на универзитетот во Бостон (САД), роден е од Велес. Тој престојуваше во нашата држава во мај оваа година, кога беше промовирана книгата „Мултиверзум за почетници“, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Во оваа книга од „прва рака“ добиваме одговор за многу интересни прашања: Како математиката нужно води кон противречности? Каде универзумот е „згрутчен“, а каде „мазен“? Што имаат заедничко „Епот за Гилгамеш“ и „Сердарот“ на Григор Прличев? Како го знаеме она што го знаеме за вселената? Како Галилеј се сетил на релативноста векови пред Ајнштајн? Што е вакуумот, според квантната теорија на поле? Каква е врската помеѓу бурекот и Зеноновите парадокси? Зошто фундаменталните природни закони се онакви какви што се? На кој начин берзите потекнуваат од кафеаните? Кои се најновите достигнувања во областа на истражувањето на вселената?

Книгата, покрај тоа што е напишана на разбирлив јазик и неоптоварена со несовршеностите на преводот, е и исклучително актуелна, опфаќајќи и научни сознанија до кои е дојдено во 2021 година.

Василкоски е предавач на најпрестижните универзитети во светот, како Харвард и МИТ, и човек кој е на „ти“ со врвните светски авторитети од областа на природните науки. За фасцинантните вселенски теми авторот е во непосреден контакт со изворите на знаењата со кои може да се пофали современото човештво.

Мартин Карплус, добитник на Нобеловата награда за хемија во 2013 година, за книгата на Златко ќе каже: „Ме воодушеви големата сеопфатност на книгата. Почнувајќи со потеклото на нашиот универзум, проследено со создавање на животот на Земјата, човековата цивилизација, па сè до денешната наука и идејата за мултиверзумот. Уште поважно е што овие идеи се многу јасно изложени, што ги прави достапни за читателите кои имаат само минимално разбирање на денешната физика“.

Книгата е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14846

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
07.
Feb.
Вести
По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стор...
10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.17 MB