Вести

„Длабок простор“ – ново поетско нурнување во светот на Зоран Анчевски

11.06.2026.
„Длабок простор“ – ново поетско нурнување во светот на Зоран Анчевски
„Длабок простор“ – ново поетско нурнување во светот на Зоран Анчевски

Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“.

Книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе ја промовираат: Лидија Капушевска Дракулевска, Биљана Стојановска и Оливера Ќорвезироска.

„Длабок простор“ е десетта поетска збирка на Зоран Анчевски. Таа продолжува таму каде што завршуваат неговите претходни книги, но истовремено отвора нови патишта и поетски предели во кои песната скршнува и понира, за повторно да се врати уште попрецизна, побогата и подлабока, како што сугерира и самиот наслов.

Згуснатата лирика на Анчевски, препознатлива по својата гномска ориентација и по стремежот кон совршенство на поетскиот израз, во оваа книга е обликувана низ строго осмислен и доследно реализиран концепт. Збирката е составена од пролог – песна исполнета со прашања, пет циклуси и кода, завршна песна што нуди универзален одговор и ја заокружува книгата како своевидна програмска песна за песната, онаква каква што ја подразбира и ја создава Анчевски – еден од најзначајните современи македонски поети.

„Длабок простор“ е втора книга на Анчевски објавена во издание на „Арс Ламина“, по наградуваната поема „Коњски житија“, која во 2023 година ја доби престижната награда „Григор Прличев“.

Зоран Анчевски (1954) е поет, есеист, книжевен преведувач и универзитетски професор. Дипломирал на Филолошкиот факултет во Скопје, каде што подоцна докторирал и работел како професор на Катедрата за англиски јазик и книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Член е на Македонскиот ПЕН центар (бил и негов претседател) и на Друштвото на писателите на Македонија.

Автор е на повеќе значајни поетски книги, меѓу кои се: „Патување низ скршени слики“, „Стратегија на поразот“, „Линија на отпорот“, „Превод на мртвите“, „Див мир“, „Небесна пантомима“, „Збунети компаси“, „Коњски житија“... За своето творештво е добитник на повеќе престижни признанија, меѓу кои и на наградата за поема „Григор Прличев“ и наградата „Ацо Шопов“ на Друштвото на писателите на Македонија за „Коњски житија“. Анчевски е двократен добитник и на наградата „Браќа Миладиновци“ на Струшките вечери на поезијата, за „Небесна пантомима“ и за „Збунети компаси“.

Поетската збирка „Длабок простор“ е достапна во книжарниците на Литература.мк  и онлајн преку www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
28.
Apr.
Вести
По хит-романите за Тито и Сирма, авторот на бестселери Зоран Спасов Ѕоф деновиве ја промовираше својата нова книга – „Гоце Делчев: Љубов и смрт&l...
27.
Apr.
Вести
Во прекрасниот и инспиративен амбиент на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во петокот (24 април) беше промовирана книгат...
26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.1 MB