Вести

Златко Василкоски одржа предавање во Скопје инспирирано од книгата Мултиверзум за почетници

11.05.2023.
Златко Василкоски одржа предавање во Скопје инспирирано од книгата Мултиверзум за почетници

Во преполниот амфитеатар на Факултетот за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ, на 9 мај, проф. д-р Златко Василкоски одржа предавање на тема „Дали живееме во универзум или мултиверзум“. Предавањето беше базирано на неговата книга „Мултиверзум за почетници“, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“.

Организатор на настанот беше Скопското астрономско друштво, здружение на граѓани, љубители на астрономијата, од различна возраст и националност, чии цели и определби се ширење и популаризација на астрономијата како наука и обединување на сите љубители на астрономијата во нивната заедничка потрага по повеќе знаење, дружење и ведро небо.

Во присуство на повеќе од 200 студенти, колеги и пријатели, проф. д-р Златко Василковски во своето излагање даде одговор на најголемите мистерии во науката денес:

Како математиката нужно води кон противречности? Каде универзумот е „згрутчен“, а каде „мазен“? Што имаат заедничко „Епот за Гилгамеш“ и „Сердарот“ на Григор Прличев? Како го знаеме она што го знаеме за вселената? Како Галилеј се сетил на релативноста векови пред Ајнштајн? Што е вакуумот, според квантната теорија на поле? Каква е врската помеѓу бурекот и Зеноновите парадокси? Зошто фундаменталните природни закони се онакви какви што се? На кој начин берзите потекнуваат од кафеаните? Кои се најновите достигнувања во областа на истражувањето на вселената?

Првата популарна книга за космологија, астрономија и космогонија напишана на македонски јазик, „Мултиверзум за почетници“, ја напишал со цел на македонскиот читател да му даде прегледен научен одговор на најголемите неодговорени мистерии во науката денес.

„Сите ние сме заинтересирани за фундаменталните прашања не само во физиката туку и во целата наука. Фактите што можеме да ги прочитаме на интернет сами по себе не значат ништо доколку не се формира правилен начин на размислување и нивно толкување“, истакна проф. д-р Василкоски.

За време на настанот многу љубители на науката си набавија свој примерок од книгата, а читателите кои веќе ја имаат прочитано беа дел од долгата редица присутни кои чекаа потпис од авторот на својот примерок.

Златко Василкоски студирал математика и физика на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје. По дипломирање на Факултетот по физика, ги продолжил студиите во САД, каде што магистрирал и докторирал физика на универзитетот „Тафтс“. На својата докторска теза работел со Дејвид Вијвер (1937 – 2006) и Мартин Карплус (1930) и нивниот модел за механизмот на свиткување на протеините. Придонесот на Карплус кон анализата на комплексните системи како протеините беше една од причините за што тој ја доби Нобеловата награда за хемија во 2013 година. Воедно, тој е и најпознатиот жив хемичар на денешницата.

По докторирањето, Златко Василкоски поминал осум години на постдокторски истражувања на МИТ, „Нортистерн“ и „Харвард“, во областа на компјутерската физика и неврологијата. Исто така, работел една година на одделот за когнитивни и невролошки системи на Бостонскиот универзитет, местото каде што многу од аспектите на вештачките невронски мрежи беа измислени.

Василкоски во моментов ја води групата за вештачка интелигенција во компанијата EBSCO. Во 2012 година тој го разви наставниот план за курс за анализа на податоци со вештачка интелигенција на Бостонскиот универзитет, кој сè уште го предава. Неговата екстензивна настава по математика и физика ги вклучува универзитетите „Тафтс“, МИТ, „Сафолк“ и „Бентли“. Слободното време го поминува во играње шах, скијање и веслање на реката Чарлс во Бостон.

„Мултиверзум за почетници“ е достапна во сите поголеми книжарници, во „Литература.мк“, како и онлајн на следниот линк:

https://literatura.mk/BookDetails.aspx?Pr=14846

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
30.
Oct.
Вести
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафаз...
22.
Oct.
Вести
Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијација...
17.
Oct.
Вести
На денешен ден, 17 октомври 1934 година, во Скопје е роден големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологича...
09.
Oct.
Вести
Наградуваната книга „Се викам Храброст“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на...
15.
Sep.
Вести
Новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски, ќе биде промовирана на 18 септември (четврток), во 1...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Кривата Дијана (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска, е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за на...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.22 MB