Вести

По повод Светскиот ден на детската литература, онлајн-разговор со професорката Весна Мојсова-Чепишевска

31.03.2021.
По повод Светскиот ден на детската литература, онлајн-разговор со професорката Весна Мојсова-Чепишевска

По повод Светскиот ден на литература за деца, на фејсбук-страницата на издавачката куќа „Арс Ламина“, на први април (четврток) во 19 часот ќе се одржи разговор со професорката на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, Весна Мојсова-Чепишевска. Целта на овој разговор е да се направи пресек на состојбата во домашната литература за најмладите и да се разгледаат прашања од типот колку денешните деца се заинтересирани да читаат и како семејството и училиштата можат да помогнат да се стимулираат читачките навики, и тоа во пресрет на овој меѓународен ден што се одбележува на втори април. Разговорот ќе го води уредничката во „Арс Ламина“, Бисера Бендевска, која досега има работено на голем број книги наменети за деца, од македонски и странски автори.

Од десет, па сè до 18 години, Весна Мојсова-Чепишевска е член на Детското драмско студио при Македонската Радио-Телевизија. Неколку години по завршувањето на средното училиште, додека студира, работи како презентер и водител во истата телевизиска куќа. Од 1990 година ја почнува својата универзитетска кариера на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ), каде што предава група предмети од областа на современата македонска литература и култура, a од 2010 година и книжевност за деца. Од 2002 година работи и како лектор по македонска литература и јазик на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура во Охрид. Член е на ДПМ (Друштвото на писателите на Македонија), а од 2018 година и на Претседателството на ова друштво, и на МСК (Македонскиот славистички комитет). Од 2019 година таа е и директор на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ (УКИМ).

Весна Мојсова-Чепишевска има учествувано на многубројни семинари и симпозиуми. Авторка е на околу 350 објавени трудови во домашни и странски книжевни списанија, како и на седум книги. Таа е и приредувач на седум антологии, од кои пет надвор од Македонија.

Светскиот ден на литература за деца се одбележува секоја година на втори април, роденденот на данскиот книжевник и писател на бајки Ханс Кристијан Андерсен. „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малата сирена“, „Снежната кралица“, „Принцезата на зрно грашок“, „Девојчето со кибритчињата“ и „Палешка“ се само дел од неговите најпознати бајки, со универзални пораки, што се раскажуваат и се паметат со генерации. Неговите приказни се читливи, разбирливи и со децении наназад лесно ги пленат децата, но и возрасните.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

28.
Sep.
Вести
„Само еднаш“ е приказна за љубовта што не исчезнува со годините, за семејните врски, за последиците од нашите одлуки и за онаа човечка желба што ...
04.
Sep.
Вести
Третиот конкурс за наградата „Оливера Николова“ за најдобар необјавен роман за деца и млади за 2027 година е во тек и ќе трае заклучно со 31 деке...
04.
Sep.
Вести
Со почетокот на новата учебна година, за првпат во Македонија на учениците им се достапни целосно дигитални учебници за деветто одделение, со интегрирани инт...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Подѕирнати животи“ од Огнена Никуљски е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 20...
18.
Aug.
Вести
Хрватската писателка и колумнистка Ведрана Рудан почина на 76-годишна возраст. Родена е во Опатија на 29 октомври 1949 година. Позната е по својот остар, про...
26.
Jul.
Вести
Скопје живее и преку книжевноста – преку романите, есеите, фотографиите, биографиите и преку приказните што ги чуваат неговите улици, луѓе, маала и спо...
11.
Jun.
Вести
Новата поетска збирка „Длабок простор“ од Зоран Анчевски ќе биде промовирана на 16 јуни (вторник), со почеток во 20 часот, во книжарницата &bdquo...
02.
Jun.
Вести
 Свеченото доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2026 година. Наградата беше врачена на Ванчо Полазаревски за романот &bdqu...
08.
May.
Вести
Денес светот одбележува сто години од раѓањето на Дејвид Атенборо – легендарниот и најпознат британски автор на природонаучни филмови, природонаучник, ...
01.
May.
Вести
Во весела и топла атмосфера, исполнета со детски џагор и насмевки, на 27 април, во рамките на Саемот на книгата, на штандот на „Арс Ламина“, беа ...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 23.92 MB