Вести

Сликовницата Девојче и мече од Ване Костуранов излезе на корејски јазик

29.06.2021.
Сликовницата Девојче и мече од Ване Костуранов излезе на корејски јазик

Наградуваната сликовница „Девојче и мече“ од познатиот македонски илустратор и уметник Ване Костуранов деновиве излезе од печат и на корејски јазик. Ова е трет јазик на којшто е печатена книгата. По првичната објава на македонски јазик, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, следуваше српска верзија објавена од „Лагуна“. Во Јужна Кореја ја издава „Јелоустоун паблишинг“ (Yellowstone publishing).

Авторот Костуранов вели дека се радува што „книгата излегуваат од границите и е достапна и за други деца и на други јазици“.

– Деновиве од печат излезе корејското издание на „Девојче и мече“, а секој ден очекувам да ми пристигне копија од книгата и на мојата домашна адреса. Соработката со корејскиот издавач „Јелоустоун паблишинг“ се случи благодарение на мојата агентка, Ана Торма, која живее и работи во Шпанија. Во Јужна Кореја имаше две издавачки куќи што беа заинтересирани за книгата, но на крајот ја избравме оваа млада и независна издавачка куќа. Голема е радоста кога книгите излегуваат од границите и кога стануваат достапни и за други деца и на други јазици. Книгата изгледа прекрасно. Корејското писмо е навистина преубаво, дизајнерски компактно и одлично вклопено со илустрациите. Едвај чекам да ја видам книгата во живо, да ја допрам хартијата, да го видам печатот одблизу – ни изјави Костуранов.

Тој најавува дека во скоро време треба да излезе од печат и германското издание на книгата.

Ване Костуранов на промоцијата на „Девојче и мече“ во книжарницата „Литература.мк“ во 2019г.

„Девојче и мече“ во 2019 година се најде на престижната книжевна листа „Вајт рејвенс“ (The White Ravens). Овој каталог е најважното издание на Интернационалната библиотека за млади во Минхен, кој се издава со цел да ги промовира најдобрите книги за деца и млади од целиот свет. Листата содржи книги што заслужуваат светско внимание поради универзалните теми што ги обработуваат, како и поради нивниот исклучителен уметнички и литературен стил. „Девојче и мече“ е првата книга од Македонија што се нашла на оваа листа.

„Девојче и мече“ е една од трите сликовници за деца и возрасни на Костуранов во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, покрај „Ѕвездено дете“ и „Девојчето и градот“. За време на Саемот на книгата во Скопје во 2019 година, на доделувањето на годинашните награди од Македонската асоцијација на издавачи (МАИ), сликовницата ја освои првата награда за најдобро ликовно-графички уредено издание.

Во книгата, едно девојче и едно мече ни ги отвораат вратите од нивниот свет, кој е исто толку обичен, колку што е необичен. Поминувајќи го сето време заедно, тие откриваат многу нови работи. Откриваат дека колку побрзо го возат велосипедот, толку посилно ветрот им ја дува косата. Се искачуваат на највисоките ридови, обидувајќи се да ги допрат сончевите зраци. Уживаат во есента, играјќи си криенка со сонцето. Сѐ прават заедно, додека еден ден…

Книгата „Девојче и мече“ е достапна во сите книжарници на „Литература.мк“, а може да се нарача и онлајн преку www.literatura.mk.

„Девојче и мече“ во 2019 година се најде на престижната книжевна листа The White Ravens
Во Јужна Кореја сликовницата ја издава Yellowstone publishing.

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
18.
Nov.
Вести
Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес.
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
30.
Oct.
Вести
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафаз...
22.
Oct.
Вести
Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијација...
17.
Oct.
Вести
На денешен ден, 17 октомври 1934 година, во Скопје е роден големиот македонски поет, раскажувач, романописец, книжевен и ликовен критичар, есеист, антологича...
09.
Oct.
Вести
Наградуваната книга „Се викам Храброст“, која е во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, се најде на...
15.
Sep.
Вести
Новата книга „Пробив кон глобална алијанса: Непознатите познати на НАТО“ од Лазар Еленовски, ќе биде промовирана на 18 септември (четврток), во 1...
02.
Sep.
Вести
Ракописот со наслов „Кривата Дијана (роман за верижната вина)“ од Фросина Пармаковска, е добитник на книжевната награда „Пегаз“ за на...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.18 MB