Вести

Го одбележуваме роденденот на Франц Кафка со сликовницата „Девојчето и куклата што патува“

03.07.2025.
Го одбележуваме роденденот на Франц Кафка со сликовницата „Девојчето и куклата што патува“
Го одбележуваме роденденот на Франц Кафка со сликовницата „Девојчето и куклата што патува“

Славниот писател Франц Кафка е роден на денешен ден – 3 јули 1883 година, во Прага, а починал на 3 јуни 1924 година. Најголемиот дел од неговите дела се објавени по неговата смрт. Неговите најпознати дела се романите „Процес“, „Замок“ и „Америка“, како и новелата „Преобразба“.

Познатата анегдота за Кафка и девојчето кое тагува по изгубената кукла е инспирација за сликовницата „Девојчето и куклата што патува“ од Александар Русјаков. Книгата, во издание на „Либи“, дел од „Арс Ламина – публикации“, беше објавена минатата година, по повод одбележувањето на стогодишнината од смртта на Кафка.

Иако вистинитоста на анегдотата никогаш не е потврдена, а постојат и различни толкувања за околностите под кои настанала, нејзиното постојано споменување ја направи неодминлив дел од биографијата на Кафка.

Приказната во сликовницата се држи до контурите на општоприфатената верзија, но преку автентичниот писателски израз на Русјаков – полн со лиричност и нежност – станува уникатно авторско дело, кое веруваме дека ќе стане ново омилено семејно четиво.

„Девојчето и куклата што патува“ внимателно и метафорично зборува за минливоста на животот, прифаќањето на загубата, за созревањето... а пред сè – за љубовта, која е отпорна на ефемерноста и која секогаш опстојува и се враќа, на поинаков начин.

Според некои сведочења, анегдотата ја оживеала последната партнерка на Кафка – Дора Дијамант – и се случила во 1923 година, една година пред неговата смрт. Таа го претставува Кафка како човек каков што не сме го запознале преку неговите дела – полн со нежност и сочувствителност.

Анегдотата за изгубената кукла сведочи за моќта на раскажувањето – приказната можеби не ја враќа куклата, но ја враќа надежта. Таа е пример за метафикција: раскажување за самото раскажување и неговото значење во човечкото искуство.

Книгата е достапна и во специјално, лимитирано издание – во форма на плик со восочен печат. Во пликот, покрај сликовницата, има и шест разгледници од местата каде што патува куклата. Со ова се потсетуваме на една речиси заборавена, но убава практика – праќањето писма и разгледници за време на патувањата. Ова издание ја доби втората награда за најкреативно издание, од страна на Македонската асоцијација на издавачи, на Саемот на книгата 2025.

Книгата е достапна во Литература.мк како и онлајн на: www.literatura.mk.

Поврзани производи

Sačuvano u omiljne
Motivišuće
Kreativno
Prilagođeno uzrastu
Цена 250 МКД
4,05 EUR

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

26.
Apr.
Вести
Енергична и ведра, со постојана насмевка и исклучително топол и пријателски пристап, популарната американска авторка на психолошки трилери Сара Пеканен, во с...
22.
Apr.
Вести
На денешната прес-конференција, што се одржа во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, се обратија Бранка Бугариска, директорка на издаваш...
18.
Apr.
Вести
Во емотивна атмосфера, исполнета со многу сеќавања, анегдоти и голема почит, вчеравечер (17 април) во преполната книжарница „Литература.мк“ во &b...
13.
Mar.
Вести
Романот „Три Марии“ од Оливера Ќорвезироска, во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина - публикации“ е добитник на н...
24.
Feb.
Вести
Осмиот конкурс за наградата „Пегаз“ за најдобар необјавен роман во 2026 година е отворен и трае до 1 јуни 2026 година. Добитникот на наградата, в...
22.
Feb.
Вести
Инспирирана од музиката на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт, авторката и музиколог Тина Иванова ја креирала приказната за сликовницата „М...
19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 11.11 MB