Вести

„Арс Ламина“ донираше 70 книги за победниците на конкурсите на 58. Детски Рацинови средби во Велес

18.11.2025.
„Арс Ламина“ донираше 70 книги за победниците на конкурсите на 58. Детски Рацинови средби во Велес
„Арс Ламина“ донираше 70 книги за победниците на конкурсите на 58. Детски Рацинови средби во Велес

Издавачката куќа „Арс Ламина“ и оваа година ги поддржа Детските Рацинови средби во Велес. На неодамна одржаното 58. издание на традиционалната манифестација, донираше 70 книги за деца и млади, читанки, лектирни изданија и детски класици, за најуспешните ученици на литературните и ликовните конкурси. Со оваа поддршка, нашата издавачка куќа ја продолжува мисијата да ги поттикне читачките навики кај најмладите и да даде поддршка на културните манифестации во нашата земја.

Детските Рацинови средби, кои се одржуваат во чест на поетот и револуционер Коста Солев Рацин, е најмасовната и најстарата книжевна манифестација за деца и млади во Македонија. Манифестацијата се одржа од 12 до 14 ноември на повеќе локации во Велес, со учество на стотици ученици од целата држава, како и гости од Србија и Хрватска.

На меѓународниот литературен конкурс на тема „Кога денот од стих се раѓа“, на кој беа пратени 1.172 литературни творби од млади автори од Македонија и ученици Македонци кои живеат во над 15 земји од светот, Гран при наградата ја освои Ефимија Новаковска, деветтоодделенка од ООУ „Владо Кантарџиев“ од Гевгелија, под менторство на проф. Елизабета Инадеска-Ефремова.   Специјална награда за поетско остварување кај средношколците доби Костадин Узунов од СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија (ментор: Бисерка Макревска), додека првата награда ја освои Клара Ѓуровска од СУГС Гимназија „Јосип Броз Тито“ – Скопје (ментор: Елена Неделковска).

На ликовниот конкурс на истата тема учествуваа околу 350 основци и средношколци од целата држава. Прва награда освои: Христина Здравковска, ООУ „Блаже Конески“ – Велес
Ментор: Елена Димова Пантелиќ. Кај средношколците прва награда освои: Емили Исакоска, „Јахја Кемал колеџ“ – Гостивар, ментор: Олгица Гаврилоска.

Во рамките на средбите се одржаа многубројни активности: креативни грнчарски и книжевни работилници, средби со писатели, како и традиционална посета на Спомен-куќата на Рацин во стариот дел на Велес. Таму учениците имаа повеќе културни настапи и дружења, запознавајќи се одблизу со неговото творештво. Се одржаа и ораторски и рецитаторски натпревари, како и мултимедијален конкурс, каде што првата награда ја освои наставничката Виолета Трпевска од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драчево.

Организатори на 58. Детски Рацинови средби се МДПС „Премиера“ Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“.

Честитки за сите наградени и за организаторите!

Фотографиите се преземени од: https://www.facebook.com/mdps.premiera

https://www.facebook.com/profile.php?id=100087147086619

Остави коментар

Во моментов нема коментари

Слични статии

19.
Feb.
Вести
Авторот Александар Русјаков вчеравечер (18 февруари) ја заокружи промоцијата на својата нова книга „Егосурфер“, во издание на „Арс Либрис&l...
12.
Feb.
Вести
Инспириран од светот на животните и нивната сеприсутност во светската и домашната литература и уметност, сестраниот уметник и книжевник Владимир Мартиновски ...
09.
Feb.
Вести
Со театарска претстава и музичка изведба на најпознатите композиции на Бетовен, на 7 февруари, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд ...
07.
Feb.
Вести
Во весел и креативен амбиент, исполнет со многу емоции, детски џагор, смеа, боење и дружење, вчеравечер (6 февруари) во „Литература.мк“ во &bdquo...
07.
Feb.
Вести
По повод отворањето на 25. Зимски олимписки игри, кои вчеравечер официјално започнаа во Милано и Кортина, споделуваме извадок од книгата „Спортски стор...
10.
Dec.
Вести
Свечено и во присуство на претставници од книжевниот свет, читатели и медиуми, вчеравечер (9 декември), во книжарницата „Литература.мк“ во &bdquo...
14.
Nov.
Вести
Доајенот на македонското спортско новинарство и автор, Зоран Михајлов, е добитник на престижната награда „13 Ноември“ за првата биографија посвет...
06.
Nov.
Вести
Големото книжевно наследство на Оливера Николова продолжува да живее преку наградата за најдобар необјавен роман за деца и млади, која го носи нејзиното име,...
30.
Oct.
Вести
Свечено доделување на книжевната награда „Оливера Николова“ за 2025 година и промоција на победничкиот роман „Џинџуџе“ од Ермис Лафаз...
22.
Oct.
Вести
Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијација...
array(0) {
}
Memory Consumption is: 8.2 MB